fbpx

Незавршени поглавја – јавна администрација и антикорупција

Ин медиас рес

09.12.22

Прегледи

Јавната администрација и борбата против корупцијата се теми кои се од клучна важност за приближување на Република Северна Македонија кон Европската унија. Сместени во делот на извештаите за напредокот на државата кон ЕУ наречен „фундаменти“, подобрувањата и евентуалните влошувања во овие две подрачја будно се следени од Европската комисија години наназад. Иако се чини дека се вложени огромни средства и политичка енергија на домашните но и странски фактори во последните две декади, резултатите како да изостануваат.

Индексите кои ја мерат корупцијата во државата укажуваат на релативно ограничен напредок во борбата против корупцијата, а јавните перцепции кон јавната администрација не влеваат доверба дека нејзината ефикасност и ефективност видливо се подобрила. За системските проблеми во борбата против корупцијата и во јавната администрација, и за можните решенија во овие две сфери, разговараме со Миша Поповиќ од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ од Скопје и проф. д-р Драган Гоцевски, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“.