Toxic clubbing

Ин медиас рес

12.01.23

Прегледи

Отворањето на двата културни клуба за афирмација на бугарските културни вредности во Р.С Македонија, наречени по двете контроверзни историски личности, Иван Ванчо Михајлов и Цар Борис Трети, отвори сериозни политички, историски но и безбедносни дилеми во нашето општество. Во атмосфера на недоверба и поларизација помеѓу двата народа по бугарското вето, а во светло на работата на Мешовитата историска комисија,  се чини дека отворањето на двата клуба само дополнително ја искомплицира и онака комплексната атмосфера помеѓу двете држави, не оставајќи премногу простор за компромис и добра волја од македонска страна. За историските, политичките на отворањето на бугарските клубови во државава но и за тоа зошто одбраните имиња предизвикуваат толкава контроверзна енергија кај нас зборуваме со политичкиот аналитичар, политиколог и поранешен дипломат Ивица Боцевски од ЦИКП и со проф. д-р Петар Тодоров од Институтот за национална историја при УКИМ.