Деца со телефони на училиште, деца со телефони по игралишта, деца со телефони во ресторани, деца со телефони дома. Прекумерното користење на смарт телефоните и социјалните мрежи е загрижувачка кога станува збор за најмладите и најранливите. Дали е оваа интензивна врска здрава? Каков ефект имаат смарт телефоните и содржините кои ги нудат врз менталното и физичко здравје на децата? И кој е ефектот врз социјализацијата со врсниците и родителите? Зборувавме со Ана Попризова, училишен психолог и гешталт терапевт, Тиjана Ивановска, лиценциран психолог, гешталт терапевт и основач на „Себесложувалка" и Силвана Левајковска, пензиониран педагог и класен наставник на деца од прво до петто одделение за да стигнеме до с’ржта на темата: Што претставува оваа технологија и кој треба да го регулира одговорното користење?