fbpx

Дали ни требаат велосипедски автопати?

Одраз

Поткасти

31.05.24

Прегледи
Над 45 илјади километри велосипедски автопати се изградени во земјите од ЕУ. Кај нас уште се гордееме само со најдолгата слична патека - онаа на кејот на Вардар. Велосипедското поврзување меѓу нашите градови може да придонесе за развој на помалите места кои се заобиколени од главните автопати во земјата. Имаме доста рути кои лесно може да се надополнат со „велосипедски автопати“ со што ќе се отвори нова можност за патување и уживање во земјата. Во овој поткаст со велосипедистите и вело-активистите Никола Нешкоски и Дарко Арсовски разговараме на темата, дали во Македонија се потребни вакви велосипедски поврзувања, што опфаќа тааа инфраструктура, каде се најлесно изводливи, кои би биле продибивките од нив и какви се искуствата од возењето по вакви патишта во странство. Слушнете.