Бурата Даниел во септември предизвика катастрофа во Грција и Либија, а нас само малку нѐ закачи. На некои места во Грција излеа и до девет пати повеќе дожд отколку што наврнаа во скопско Стајковци во 2016-та. Во Либија загинаа над 10 илјади луѓе. Разговараме со метеорологот и иноватор на системот ЕЛИФ Борис Секирарски и со професорите Иван Блинков од Шумарски факултет и Стевчо Митовски од Градежен факултет дали Македонија е на патот на овие циклони, дали силината на бурата Даниел е инцидент или најава за почести вакви невремиња поради климатските промени и конечно, што ако некогаш нѐ зафати такво нешто?
Фотографија: Дарко Андоновски