За само педесетина години, водата во реката Вардар, од подобна за капење, станува загадена до степен кој подразбира избегнување контакт со неа. Загадувачите се индустриите, граѓаните но и градежната структура која не води сметка за природноста на реката. Ако за толку кратко време ја постигнавме оваа деградација, како би изгледала нашата најдолга река за век од сега, ако ништо не промениме? Дали можеме нешто да промениме уште веднаш?
Одговор на овие прашања Дино Чупевски бара при разговор со професорот Светислав Крстиќ од Институтот за Биологија, инженерката и архитектка, Ана Петровска, која ја предводеше работата на Државниот пазарен инспекторат за животна средина и професорката од Архитектонскиот факултет, Дивна Пенчиќ.