„Чиста Македонија“ го извалка спортот

Милорад Стојмановски

Milorad Stojmanovki 200x250Со поддршката на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, спортскиот амбасадор Кире Лазаров покажа слаб дипломатски имунитет кон политиканството.

Демократскиот капацитет на секоја власт може да се мери и по степенот на злоупотреба на спортот, кој по дефиниција треба да е вентил од секојдневните политички игри, како за спортистите, така и за публиката. Од друга страна, политичката реалност е таква што наивно е да се верува дека овој опиум за народот, кој може да се подведе под категоријата „игри“ во познатата максима „леб и игри“, нема да се злоупотребува за остварување на краткорочни, дневнополитички цели на партиите. Но, ако злоупотребата оди дотаму што некои спортисти можат да останат позапаметени по своите политички отколку по спортските настапи, тогаш тоа општество има сериозен дефект.

На еден од собирите на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, манифестацијата на еден поинаков вид патриотизам на спортистите, искажан надвор од спортските терени, стигна дотаму што „родољубието“ стана гротескно. Спортист во фул-опрема од црвеножолти бои, кој се претстави како велосипедски репрезентативец и зборуваше во име на Велосипедската федерација (таа пак не се огради од овој настап), ја искажа својата загриженост за загрозениот идентитет на Македонија. Видеото, постирано на профилот на Радио Слободна Македонија, имаше околу 8.000 посети, бројка што велосипедистот не може ни да ја сонува ако, на пример, постира некој од своите спортски резултати.

Да не се велосипедистите-олимписки кандидати кои повремено добиваат стипендија од Македонскиот олимписки комитет, до јавноста нема ни да допре вест од нивните настапи под македонско знаме. Реформите во спортот во последната декада не му помогнаа на велосипедизмот во Македонија да направи чекор напред, а камоли да се возобнови меѓународната трка „Околу Македонија“. Но, анонимноста не му пречеше на ова изманипуилирано момче да влезе во пропагандната машина на власта. Вистинската заднина зад ова сценарио на организаторот беше велосипедската „акција“ во црвено-жолта боја што следеше потоа низ целата земја.

Ги слушнал ли Лазаров сите слогани од митинзите?

По говорот на велосипедистот, масата громогласно го поздрави ракометарот Кирил Лазаров. Неговиот Фејсбук-статус со поддршка на „заедничка Македонија“ како да беше иницијална каписла за спортистите, кои се придружија во клерикално-естрадно-актерската папазјанија за одбрана на Македонија со знамиња на комбајни и трактори, влезени на скопските улици без потребната дозвола за тоа.

Светиниколецот досега не манифестирал политички амбиции, дури се држел настрана од кампањите во кои неретко биле извалкани многу наши спортски легенди. Можеби и токму поради тоа бил попочитуван од другите. Во последните години Лазаров во Охрид отвори ракометен камп, брендиран со неговото име кој работи од пред две години. Тоа како да ги најавува неговите чекори во блиска иднина, кога ќе престане активно да се заминава со ракометот. Дали овој потег на капитенот е навестување дека сепак решил значајно да го смени курсот на бродот, поттикнат од пост-играчката „кариера по кариерата“ на неговиот не помалку успешен и познат кошаркарски колега Петар Наумоски? Да потсетиме, Пеце беше пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание (иако присуствуваше на само девет од можни 321 седница во неговиот мандат), а сега е претседател на Македонската кошаркарска федерација.

Заслугите на Лазаров за Македонија не се спорни. Титулите со кои е овенчан се ретки за македонски спортски прилики - двократен најдобар стрелец на европската Лига на шампиони, најефикасен ракометар на светско првенство, европски клупски првак како член на славната Барселона, капитен на македонската репрезентација што го освои петтото место на Европското првенство во Србија во 2012 година...

Капитенот е и добро материјално обезбеден, со оглед на стажот што го има во богати клубови од меѓународната сцена, па спортската пензија што ја добива од Агенцијата за млади и спорт (ако ја добива) сигурно не е факторот на поткуп што важи за спортистите со помал габарит од него.

Многумина затоа се прашуваат: зошто му требаше овој излет?, иако за статусот Кире вели дека е напишан „од срце со чиста мисла и слободен ум“. Ги слушнал ли сите пораки на митингот? Допреа ли до него митингашките песни за „клетите Шиптари“? Ги виде ли снимките со нападите врз новинарите? Ќе остане ли спортистот чист штом дал поддршка на собирите на кои се извикува „чиста Македонија“?

cista makedonija go izvalka sportot

Извор: Фејсбук-статус на Кирил Лазаров

Политички некоректна навивачка химна

На ФБ-профилот на Лазаров со речиси 67.000 следбеници уследи лавина реакции. По него, преку социјалните мрежи или директно на митинзите, својата „борба за унитарна Македонија“ ја истакнаа и екс-ракометарите Индира Кастратовиќ и Стевче Алушовски, пливачот Томи Стефановски, кајакарот Атанас Николовски, каратистот Мартин Несторовски, екс-фудбалерите Боби Милевски и Саша Ќириќ...

Спортистите ретко манифестираат висока свест за проценка на политичката тежина на пораките од различен вид. Неретко тие пристигаат и од трибините, но ниеден од нашите спортисти досега не се оградил од политички некоректната навивачка химна „Излези момче“, која со години одекнува од грлата на ребрендираната македонска „фаланга“. Тешко е да се спротивставиш на дел од навивачите што „химната со територијални претензии“ ја третираат како пресвртница во македонскиот спорт, зашто нејзиното појавување се совпадна со успесите на најдобрите кошаркари и ракометари на европските првенства во Литванија и Србија.

Одговорноста на спортските фактори кои остануваат неми во вакви прилики е - никаква. Досега не сум забележал некој да поднесе оставка на функцијата за лоша организација на натпревар, на кој на трибините со вакви песни се разгореле националистички страсти кои пак предизвикале тепачки на навивачките групи. Националистичките скандирања на некои клупски натпревари од страна на навивачите што се под директна контрола на клубовите предизвикаа неколку инциденти што се закануваа да добијат и пошироки размери.

Што велат Законот за спорт и Резолуцијата на ОН

„Во здруженијата и другите правни лица кои вршат дејност спорт се забранува политичко и верско организирање и дејствување“, дециден е членот 4 од Законот за спорт. Правното лице Велосипедска федерација на Македонија, како и клубовите и федерациите што споменатите (екс)спортисти ги претставуваат (Милевски е младински фудбалски селектор, а Ќириќ спортски директор во Фудбалската федерација на Македонија), не се оградија по овие јавни настапи на своите претставници. Напротив, поголемиот дел од нив беа глорифицирани во провладините медиуми и портали. Оттаму, беше лесно да се заклучи дека тие што треба да го спроведуваат законот всушност беа заедно со споменатите спортисти на „браникот на Македонија“ пред Владата и Собранието. Зашто, колку и иницијативата да се претставуваше како граѓанска, иконографијата на митинзите и повикот до одредена партија да им се придружи јасно говореа на која идеолошка матрица им припаѓаат поддржувачите на Иницијативата.

Во ноември 2014 година, и Обединетите нации донесоа Резолуција, усвоена со консенсус, со која „се поддржува независноста и автономијата на спортот, како и мисијата на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) во водењето на олимпиското движење“. Соочени со се’ почестите политички пораки на спортските терени – од кукасти крстови до расистички напади - ОН реагираа на барањето на претседателот на ИОК, Томас Бах, за потребата од автономија на спортот. Донесената Резолуција, која од ИОК се нарекува камен-меѓник, е во „духот на мирот, заемното разбирање, пријателството, толеранцијата...“, спротивно на пораките што ги слушаме на актуелните собири против „двојазичноста и другите загрози по Македонија“.

Злоупотребата на спортистите како континуитет

Поминаа повеќе од две децении кога на страниците на „Дневник“ ги осудив изјавите на ракометарот на 20. век на Македонија, Пепи Манасков, кој беше злоупотребен во кампањата на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. По осамостојувањето, секоја втора спортска федерација за претседател имаше некој пратеник или министер од владејачката коалиција. Таа своја позиција ја злоупотребуваа, користејќи ги спортските идоли и спортските сали за себепромоција.

Политичката злоупотреба на спортот во самостојна Македонија е речиси континуирана во најразлична форма. На масовните прослави на плоштадот Македонија во Скопје, поттикнати од големи спортски успеси (европската клупска титула на ракометарките на Кометал Ѓорче Петров во 2002 година, нерешениот исход на фудбалските репрезентативци на гости против Англија во 2002 година, четвртото место на „Евробаскетот 2011“ и петтото на ракометарите на ЕП 2012) присуството на десетиците илјади приврзаници беше злоупотребено од политичарите, главно од партиите на власт. Тие си земаа за право да се накитат со успехот на спортските гладијатори, сметајќи дека дел од заслугите им припаѓаат ним, без разлика дали поддршката на славодобитниците била буџетска, материјална, морална или никаква.

Оваа власт ја надгради зависноста на спортистите од партиите со вистинска „доктрина“, проширувајќи го добропознатиот клиентелизам со проекти, како што се спортските стипендии, националните признанија, спортските пензии, спортските академии и слично што ја продлабочуваат буџетската дупка, а ефектите речиси и да ги нема и по една деценија од реформите во спортот.

Лазаров е спортски пензионер број 38 во списокот на Агенцијата за млади и спорт, како и спортски амбасадор во Шпанија („спортско-конзуларното претставништво“ ќе мора да го менува, со оглед на тоа што наесен ќе се пресели во Франција, поточно во клубот Нант). Тој е само еден од многуте на долгиот список на АМС, која со субвенционирањето на спортот и спортистите ги обврзува на подаништво. Речиси нема освоен медал за Македонија кој не бил искористен од директорот на АМС, Марјан Спасески, за прием на славодобитниците. На тие средби, камерите и фотоапаратите како главен во кадарот го имаат директорот наместо спортистот.

Овој факт Лазаров треба да го знае како искусен 37-годишен спортист. Ако не за друго, да се одбрани од злоупотреба. Да се биде капитен на национална репрезентација, според моето поимање на нештата, е исто како да си избран за шеф на државата: од моментот на инаугурацијата во спортска легенда, капитенот на ракометарите е капитен што за своите постапки одговара пред сите граѓани на Република Македонија, навивачи на репрезентацијата или не, сеедно, без разлика на етничката, верската, националната, политичката и друга припадност.

Со поддршката на „заедничка Македонија“ спортскиот амбасадор Лазаров покажа слаб дипломатски имунитет кон политиканството.


Ве молиме прочитајте ги правилата пред да коментирате или превземате
Напомена: Мислењата и ставовите во оваа статија се на авторот и не ги одразува позициите на Институтот за комуникациски студии ниту на донаторот.

Политиката на ЕУ кон Западниот Балкан: несомнена п...
Пасивноста на општеството и „малите Ајхмани“
 

Коментари 3

Анонимен - Ѓорѓи Трипков on Вторник, 28 Март 2017 12:58

Дали спортистите го извалкаа спортот?

Ѓорѓи Трипков


http://respublica.edu.mk/gjorgji-tripkov.jpg

Во државава постои сериозна интерференција на пласирани ставови во јавноста од страна на политичките субјекти, но и од други субјекти во општеството. Во овој напис, сакам да нагласам несогласување со текстот на г-динот Милорад Стојмановски, ,,Чиста Македонија,, го извалка спортот,, објавен на блогот икс@икс, на 17 март 2017 година.

Ако се појде од политичките определби на СДСМ, тогаш ставовите на г-динот Стојмановски се во ред. Без исклучок. Но, ако се појде од ставовите на ВМРО-ДПМНЕ тој е целосно надвор од реалноста. За иницијативата ,,За заедничка Македонија,, спортисите не го извалкаа споротот. Написот и редица други објавени во нашите весници како и изговорените зборови во тв емисиите во последните години долеваат бензин на огнот кој го потпали политката и кој гори се посилно во расцепеното национално ткиво на Македонците. Исклучивоста во застапувањето на политиката на едната или другата партиска опција во јавната сфера води кон изострување на тој тренд. Свесен сум дека поделбите се последица пред се на сериозниот недостиг на политичко знаење и информираност, а потоа и на голите економски интереси на сите учесници во овие расправи. Заради тоа сакам, наспротив се ова, да пласирам некои принципи и ставови кои се битни во другите демократски земји кои обединуваат а не делат, што ни е потребно како насушен леб во овој момент.

Ставот на новинарот Стојмановски, дека ,,...злоупотребата на спорот е присутна кај нашите спортисти за да останат позапаметени по своите политички отколку по своите спортски настапи,, според мене не може да издржи објективна критика. Ако се стави на едниот тас од вагата придонесот на споменатите спортисти, а на другиот придонесот на политичарите и дел од научните работници за државата и за обединувањето на граѓаните, тогаш мислам дека и на г-динот Стојмановски му е јасно кој тас превагнува. Затоа ако тие кои имаат поголем придонес нели треба погласно да го изразат својот став, но и да бидат повеќе слушани(ати). Второ, јас не би постапил како споменатиот новинар и не би ги осудувал споменатите спортисти за нивните ставови, бидејки нели во демократијата право е да изразиш став па и несогласување, а не да осудуваш. Ценам дека ова мое укажување не е доволно да се разграничи вистината од нерзбирањето, тогаш вистината треба да биде базирана на еден друг научен контекст, за разлика од присутниот кај нас, кој во основа е квази политички и ненаучен.

Многуте ставови и оценки јавно изречени кај нас, за оваа проблематика значително отстапуваат од знаењето во странство, кое е потврдено во пракса. Затоа немаме единство околу битните столбови на државата, како што се одговорите за тоа градиме ли мутиетничко општество без мултинационалнална држава или пак мултинационална држава без мултиетничко општество, а граѓанското општество не се споменува, од што приозлегува и незнаењето што е национален, а што државен интерес. Според мене, за сите политички партии кај нас, ништо не е свето, се е во игра, само да се дојде на власт. Во тоа редовно предничат националните партии на најголемото малцинство кои ставовите ,,за се е можно,, од референдумот за Илирида, сега ги обединија во Тирана. За разлика од тоа, македонските партии во обединувањето на интересите на Македонскиот народ секогаш беа неуспешни, ниту во тоа ќе успаат во блиска иднина, па така Платформата од Тирана останува камен на нивно сопнување. Околу оваа платформа кај нас има многу недоразбирања и дилеми не само околу двојазичноста, туку и за ширина на употреба на малцинскиот јазик и дали така таа задира или не во унитарниот карактер на Македонија. Скоро се друго во неа е неодржливо ако се имаат предвид светските искуства. Треба СДСМ да си ја оцени прифатливоста на приодот за овој проблем, слично како што требаше да се оценат и решенијата за ова од Мајскиот договор од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Еве ги моите аргументи за тоа.

Во Извештајот на Меѓународната кризна група околу Мајскиот договор, со кој се прошири употребата на албанскиот јазик во однос на одредбите од Рамковниот, беше укажано дека ако се прошири употербата на тој јазик на целата територија на државата значи нејзина федерализација и загрозување на унитарниот карактер. Понатаму во студијата ,,Демократијата и длабоко вкоренетите конфликти,, на Меѓународниот институт за демократија и помош при изборите, од Стокхолм, објавена во 1998 година се вели ,,плуралистичката јазична политика бара грижливо балансирање на државната политика за различните јазици на малцинствата и за заедничкиот државен јазик,,. Ова се два сериозни примера, научно заснивани од кои треба да се подразбере дака барањата за рамноправност на јазиците, се барања за федерализација, а не за унитарна држава. Тоа јас го соопштив во мојот напис ,,Треба ли втор официјален јазик,, во весникот Време на 24 окомври 2007-та година. Понатаму, лажна е дилемата дали македонските партии треба или не да се договорат за своја платформа, наспротив оправдувањето(Милошоски) дека албанските партии треба да имаат платформа во која се концентрирани сите нивни чисто национални барања. Ако појдовната точка за таа дилема е заради тоа што тие биле заедница според Рамката од Охрид, тогаш што се Македонците- минорно малционство или најголема заедница во земјата. Така таа дилема за наша платформа е целосно лажна и во секој поглед неодржлива. Ни треба таква платформа како заедница, во која пред се ќе се утврдат националните и особено државни интереси.

Понатаму наведувам аргументи од видни странски научни работници, не од наши кои априори ќе се отврлат заради сомнеж, со цел да се расчисти оваа дилема околу преговарање за правата меѓу колективитети(заедници). Професорот Келман од американскиот универзитет Харвард, во 2001-та година, го презентираше својот труд ,,Помирување како промена на идентитетот- социјално-психолошки перспективи,, на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим. Во него тој наведува пет принципи за таа цел, како што се заедничко признавање на другата националност како човечки род, потоа развој на заеднички морални принципи за мир, конфронтација со историјата, признавање на одговорноста на едните кон другите и воспоставување на образец на институционални механизми за кооперација. После ова се поствува прашањето кој принцип не е признат со Рамката од Охрид и колку таа не се однесува за Македонскиот народ кој е мнозински. Отаму дали таа рамка селективно е тесна за некого и треба да се преошири само за едниот колективитет. Во политичките настапи на претставниците на СДСМ јас не можев јавно да го видам духот на обостраната одговорност, туку само ветување права, дури можност и за расправа за некаков геноцид над едната страна. А зошто покрај барање за обостраната одговорност, нема механизми за кооперација, нема заеднички принципи за морал. Ќе цитирам уште еден познат професор од универзитетот во Осло, д-р Мона Фиксдејл, која го проучуваше најкрвавиот конфликт во светот, во Руанада, меѓу Тутсите и Худсите. Основата на својата теорија таа ја базира на праведноста, во која обврските мора да им претходат на правата, бидејки тие, а не правата даваат можност за креирање на иднината. Дали за нас од сето ова побитни се одлуките на политичките лидери, на кои ова не им е познато или намерно го запоставуваат!

Финскиот амбасадор во Македонија, пред неколку дена даде една изјава, во која нагласи дека кај нив:,, Швеѓаните во Финска се малцинство од 5,6% и имаат право на својот јазик на цела територија ама тие се декларирани како финци со шведско потекло,,. Прашувам кој албански лидер на партија или обичен граѓанин Албанец од Македонија, после Платфортмата од Тирана би прифатил вакво уставно решение и зошто тоа не е присутно во политката кај нас? Неодамна професорот Фрчковски, на Топ тема најави дека сега читал некоја книга за лојалноста која ќе се решавала подоцна. Да не доцниме после платформата и проширеувањето на правото на користење на јазикот на најголемото малцинство со нов закон? Да не биде тоа барање за деинтегрирање на интересите на таа зедница?

Мојот став е дека при преговарањето за проширување на права или платформи(сакам) треба секогаш да се поаѓа од обврските(треба или мора) на оние кои бараат права, а не од правата без обврски. Поаѓајки од тоа дека кај нас се е спротивно на светското искуство, мислам дека Кирил Лазаров и другите спортисти не треба да се карактеризираат како злоупотребувачи на своите спортски резултати за одбрана на нечија политичка агенда. Напротив! А зошто целосно се занемарува одговорот на барањата на иницијативата која ја поддражаа овие спортисти? Од Руанда ли е сиот тој народ на улиците? Кој се тутсите а кој хутси? Треба ли да се убеди дека е на погрешна страна и зошто? Што од тоа е демократски централизам а што плурална демократија? Кој тука хибернира?


Напомена: сите аргументи и ставови цитирани или споменати во написот можат да се проверат. Во текст, ограничен на 1300 зборови јас се определив да соопштам само општите факти. Односот на едната и другата заедница кон државата не ги коментирав бидејки нашата наука, а пред се МАНУ, во тоа нема никаков придоснес, а е нужно потребен, пред се од државни и политички причини. Определени примери какви што се односот на едните или другите кон фискалните каси и плаќањето на данокот, но и правото на протест и односот на протестаните на едните наспротив другите, се прашања кои бараат проучувања од секој аспект, како економски, така и правен ама и социјален и психолошки иако некои сознанија за тоа се видливи и се последица на исклучивиот пристап во областа на правата без обврски, состојба која требаше да се надимне со Рамката од Охрид.


За авторот:
Ѓорѓи Трипков, магистер по економски науки. Дипломирал и магистрирал на Универзитетот ,,Кирил и Методиј,, од Скопје. Повеќе од 38 години работел во државната администрација. Сега е пензионер, посветен на проблемите околу опстанокот на нашата држава. Има објавено над 25 написи на сајтот МКД.мк и уште токлу во весникот Време околу споменатата проблематика. Погледнал околу 10 гига бајти материјал за споменатиот проблем и уште толку за други проблеми како што се преговарањето, врамувањето и стратешката анализа за комуникации и сл., од сите научни институции во сваетот и од нив има селектирано ставови и оценки врзани со актуелната состојба кај нас.

[b]Дали спортистите го извалкаа спортот? Ѓорѓи Трипков[/b] [img]http://respublica.edu.mk/gjorgji-tripkov.jpg[/img] Во државава постои сериозна интерференција на пласирани ставови во јавноста од страна на политичките субјекти, но и од други субјекти во општеството. Во овој напис, сакам да нагласам несогласување со текстот на г-динот Милорад Стојмановски, ,,Чиста Македонија,, го извалка спортот,, објавен на блогот икс@икс, на 17 март 2017 година. Ако се појде од политичките определби на СДСМ, тогаш ставовите на г-динот Стојмановски се во ред. Без исклучок. Но, ако се појде од ставовите на ВМРО-ДПМНЕ тој е целосно надвор од реалноста. За иницијативата ,,За заедничка Македонија,, спортисите не го извалкаа споротот. Написот и редица други објавени во нашите весници како и изговорените зборови во тв емисиите во последните години долеваат бензин на огнот кој го потпали политката и кој гори се посилно во расцепеното национално ткиво на Македонците. Исклучивоста во застапувањето на политиката на едната или другата партиска опција во јавната сфера води кон изострување на тој тренд. Свесен сум дека поделбите се последица пред се на сериозниот недостиг на политичко знаење и информираност, а потоа и на голите економски интереси на сите учесници во овие расправи. Заради тоа сакам, наспротив се ова, да пласирам некои принципи и ставови кои се битни во другите демократски земји кои обединуваат а не делат, што ни е потребно како насушен леб во овој момент. Ставот на новинарот Стојмановски, дека ,,...злоупотребата на спорот е присутна кај нашите спортисти за да останат позапаметени по своите политички отколку по своите спортски настапи,, според мене не може да издржи објективна критика. Ако се стави на едниот тас од вагата придонесот на споменатите спортисти, а на другиот придонесот на политичарите и дел од научните работници за државата и за обединувањето на граѓаните, тогаш мислам дека и на г-динот Стојмановски му е јасно кој тас превагнува. Затоа ако тие кои имаат поголем придонес нели треба погласно да го изразат својот став, но и да бидат повеќе слушани(ати). Второ, јас не би постапил како споменатиот новинар и не би ги осудувал споменатите спортисти за нивните ставови, бидејки нели во демократијата право е да изразиш став па и несогласување, а не да осудуваш. Ценам дека ова мое укажување не е доволно да се разграничи вистината од нерзбирањето, тогаш вистината треба да биде базирана на еден друг научен контекст, за разлика од присутниот кај нас, кој во основа е квази политички и ненаучен. Многуте ставови и оценки јавно изречени кај нас, за оваа проблематика значително отстапуваат од знаењето во странство, кое е потврдено во пракса. Затоа немаме единство околу битните столбови на државата, како што се одговорите за тоа градиме ли мутиетничко општество без мултинационалнална држава или пак мултинационална држава без мултиетничко општество, а граѓанското општество не се споменува, од што приозлегува и незнаењето што е национален, а што државен интерес. Според мене, за сите политички партии кај нас, ништо не е свето, се е во игра, само да се дојде на власт. Во тоа редовно предничат националните партии на најголемото малцинство кои ставовите ,,за се е можно,, од референдумот за Илирида, сега ги обединија во Тирана. За разлика од тоа, македонските партии во обединувањето на интересите на Македонскиот народ секогаш беа неуспешни, ниту во тоа ќе успаат во блиска иднина, па така Платформата од Тирана останува камен на нивно сопнување. Околу оваа платформа кај нас има многу недоразбирања и дилеми не само околу двојазичноста, туку и за ширина на употреба на малцинскиот јазик и дали така таа задира или не во унитарниот карактер на Македонија. Скоро се друго во неа е неодржливо ако се имаат предвид светските искуства. Треба СДСМ да си ја оцени прифатливоста на приодот за овој проблем, слично како што требаше да се оценат и решенијата за ова од Мајскиот договор од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Еве ги моите аргументи за тоа. Во Извештајот на Меѓународната кризна група околу Мајскиот договор, со кој се прошири употребата на албанскиот јазик во однос на одредбите од Рамковниот, беше укажано дека ако се прошири употербата на тој јазик на целата територија на државата значи нејзина федерализација и загрозување на унитарниот карактер. Понатаму во студијата ,,Демократијата и длабоко вкоренетите конфликти,, на Меѓународниот институт за демократија и помош при изборите, од Стокхолм, објавена во 1998 година се вели ,,плуралистичката јазична политика бара грижливо балансирање на државната политика за различните јазици на малцинствата и за заедничкиот државен јазик,,. Ова се два сериозни примера, научно заснивани од кои треба да се подразбере дака барањата за рамноправност на јазиците, се барања за федерализација, а не за унитарна држава. Тоа јас го соопштив во мојот напис ,,Треба ли втор официјален јазик,, во весникот Време на 24 окомври 2007-та година. Понатаму, лажна е дилемата дали македонските партии треба или не да се договорат за своја платформа, наспротив оправдувањето(Милошоски) дека албанските партии треба да имаат платформа во која се концентрирани сите нивни чисто национални барања. Ако појдовната точка за таа дилема е заради тоа што тие биле заедница според Рамката од Охрид, тогаш што се Македонците- минорно малционство или најголема заедница во земјата. Така таа дилема за наша платформа е целосно лажна и во секој поглед неодржлива. Ни треба таква платформа како заедница, во која пред се ќе се утврдат националните и особено државни интереси. Понатаму наведувам аргументи од видни странски научни работници, не од наши кои априори ќе се отврлат заради сомнеж, со цел да се расчисти оваа дилема околу преговарање за правата меѓу колективитети(заедници). Професорот Келман од американскиот универзитет Харвард, во 2001-та година, го презентираше својот труд ,,Помирување како промена на идентитетот- социјално-психолошки перспективи,, на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим. Во него тој наведува пет принципи за таа цел, како што се заедничко признавање на другата националност како човечки род, потоа развој на заеднички морални принципи за мир, конфронтација со историјата, признавање на одговорноста на едните кон другите и воспоставување на образец на институционални механизми за кооперација. После ова се поствува прашањето кој принцип не е признат со Рамката од Охрид и колку таа не се однесува за Македонскиот народ кој е мнозински. Отаму дали таа рамка селективно е тесна за некого и треба да се преошири само за едниот колективитет. Во политичките настапи на претставниците на СДСМ јас не можев јавно да го видам духот на обостраната одговорност, туку само ветување права, дури можност и за расправа за некаков геноцид над едната страна. А зошто покрај барање за обостраната одговорност, нема механизми за кооперација, нема заеднички принципи за морал. Ќе цитирам уште еден познат професор од универзитетот во Осло, д-р Мона Фиксдејл, која го проучуваше најкрвавиот конфликт во светот, во Руанада, меѓу Тутсите и Худсите. Основата на својата теорија таа ја базира на праведноста, во која обврските мора да им претходат на правата, бидејки тие, а не правата даваат можност за креирање на иднината. Дали за нас од сето ова побитни се одлуките на политичките лидери, на кои ова не им е познато или намерно го запоставуваат! Финскиот амбасадор во Македонија, пред неколку дена даде една изјава, во која нагласи дека кај нив:,, Швеѓаните во Финска се малцинство од 5,6% и имаат право на својот јазик на цела територија ама тие се декларирани како финци со шведско потекло,,. Прашувам кој албански лидер на партија или обичен граѓанин Албанец од Македонија, после Платфортмата од Тирана би прифатил вакво уставно решение и зошто тоа не е присутно во политката кај нас? Неодамна професорот Фрчковски, на Топ тема најави дека сега читал некоја книга за лојалноста која ќе се решавала подоцна. Да не доцниме после платформата и проширеувањето на правото на користење на јазикот на најголемото малцинство со нов закон? Да не биде тоа барање за деинтегрирање на интересите на таа зедница? Мојот став е дека при преговарањето за проширување на права или платформи(сакам) треба секогаш да се поаѓа од обврските(треба или мора) на оние кои бараат права, а не од правата без обврски. Поаѓајки од тоа дека кај нас се е спротивно на светското искуство, мислам дека Кирил Лазаров и другите спортисти не треба да се карактеризираат како злоупотребувачи на своите спортски резултати за одбрана на нечија политичка агенда. Напротив! А зошто целосно се занемарува одговорот на барањата на иницијативата која ја поддражаа овие спортисти? Од Руанда ли е сиот тој народ на улиците? Кој се тутсите а кој хутси? Треба ли да се убеди дека е на погрешна страна и зошто? Што од тоа е демократски централизам а што плурална демократија? Кој тука хибернира? [b]Напомена:[/b] сите аргументи и ставови цитирани или споменати во написот можат да се проверат. Во текст, ограничен на 1300 зборови јас се определив да соопштам само општите факти. Односот на едната и другата заедница кон државата не ги коментирав бидејки нашата наука, а пред се МАНУ, во тоа нема никаков придоснес, а е нужно потребен, пред се од државни и политички причини. Определени примери какви што се односот на едните или другите кон фискалните каси и плаќањето на данокот, но и правото на протест и односот на протестаните на едните наспротив другите, се прашања кои бараат проучувања од секој аспект, како економски, така и правен ама и социјален и психолошки иако некои сознанија за тоа се видливи и се последица на исклучивиот пристап во областа на правата без обврски, состојба која требаше да се надимне со Рамката од Охрид. [b]За авторот:[/b] Ѓорѓи Трипков, магистер по економски науки. Дипломирал и магистрирал на Универзитетот ,,Кирил и Методиј,, од Скопје. Повеќе од 38 години работел во државната администрација. Сега е пензионер, посветен на проблемите околу опстанокот на нашата држава. Има објавено над 25 написи на сајтот МКД.мк и уште токлу во весникот Време околу споменатата проблематика. Погледнал околу 10 гига бајти материјал за споменатиот проблем и уште толку за други проблеми како што се преговарањето, врамувањето и стратешката анализа за комуникации и сл., од сите научни институции во сваетот и од нив има селектирано ставови и оценки врзани со актуелната состојба кај нас.
Анонимен - Милорад Стојмановски on Четврток, 30 Март 2017 14:07

Дали г. Трипков ми го извалка блогот?

Милорад Стојмановски

Ако се појде од политичките определби на ВМРО-ДПМНЕ и на Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија за тоа како Декларацијата или Платформата да се нарекува, тогаш ставовите на г. Трипков се во ред, да почнам во ист стил како магистер Трипков. Тој Декларацијата или Платформата, штом ли ќе е, ја нарекува – Тиранска!
Но, ако се појде од Законот за спорт и Резолуцијата на ОН за автономијата на спортот, тогаш коментарот на г. Трипков на мојот блог е „целосно надвор од реалноста“, повторно да го употребам неговиот вокабулар.
Написот, исто така, не долева бензин на огнот, како што тврди г. Трипков. Огнот го потпалија погрешните потези на политичките елити кои секојдневно бараат начини како да долеат бензин, па не ги заштитија ниту спортистите од митингашкиот пристап за решавање на проблемите. Иако, морам да признам, на протестите на Шарената револуција не забележав од бината да се јавуваат претставници и претседатели не само на Велосипедската, туку и на Боксерската, Џиу-Џица, Таекводно федерацијата.
Г. Трипков полемизира со делот од блогот во кој тврдам дека „...злоупотребата на спорот е присутна кај нашите спортисти за да останат позапаметени по своите политички отколку по своите спортски настапи“. Притоа овој мој став го генерализира, иако во блогот јасно пишува дека се однесува само на настапот на анонимниот велосипедист.
Јас изразив став, никого не осудив, како што ме „осудува“ г. Трипков. Отстапениот простор од 1.300 зборови не ми дозволи поширока елаборација и на „злоупотребата од другата страна“, кога го споменувам примерот со Пепи Манасков (намерно одбран, како пандан на Лазаров, практично нашите двајца „ракометари на векот“), иако Манасков не беше единствениот што беше злоупотребен во 90-тите, кога СДСМ едноумно владееше во Парламентот. Таков обид за балансирање не забележав кај г. Трипков.
За преостанатиот дел од коментарот на г. Трипков немам коментар. Мојот блог не се занимава со двојазичноста и другите аспекти што ги опфаќа во неговиот коментар, кој според обемот е речиси ист колку и блогот. Мислам дека тој дел од неговиот напис треба да полемизира со експертите од таа област на некој друг блог. Јас ниту сум експерт во таа област, ниту пак блогот се однесува на тој дел од протестите на Граѓанската иницијатива.

[b]Дали г. Трипков ми го извалка блогот?[/b] [b]Милорад Стојмановски[/b] Ако се појде од политичките определби на ВМРО-ДПМНЕ и на Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија за тоа како Декларацијата или Платформата да се нарекува, тогаш ставовите на г. Трипков се во ред, да почнам во ист стил како магистер Трипков. Тој Декларацијата или Платформата, штом ли ќе е, ја нарекува – Тиранска! Но, ако се појде од Законот за спорт и Резолуцијата на ОН за автономијата на спортот, тогаш коментарот на г. Трипков на мојот блог е „целосно надвор од реалноста“, повторно да го употребам неговиот вокабулар. Написот, исто така, не долева бензин на огнот, како што тврди г. Трипков. Огнот го потпалија погрешните потези на политичките елити кои секојдневно бараат начини како да долеат бензин, па не ги заштитија ниту спортистите од митингашкиот пристап за решавање на проблемите. Иако, морам да признам, на протестите на Шарената револуција не забележав од бината да се јавуваат претставници и претседатели не само на Велосипедската, туку и на Боксерската, Џиу-Џица, Таекводно федерацијата. Г. Трипков полемизира со делот од блогот во кој тврдам дека „...злоупотребата на спорот е присутна кај нашите спортисти за да останат позапаметени по своите политички отколку по своите спортски настапи“. Притоа овој мој став го генерализира, иако во блогот јасно пишува дека се однесува само на настапот на анонимниот велосипедист. Јас изразив став, никого не осудив, како што ме „осудува“ г. Трипков. Отстапениот простор од 1.300 зборови не ми дозволи поширока елаборација и на „злоупотребата од другата страна“, кога го споменувам примерот со Пепи Манасков (намерно одбран, како пандан на Лазаров, практично нашите двајца „ракометари на векот“), иако Манасков не беше единствениот што беше злоупотребен во 90-тите, кога СДСМ едноумно владееше во Парламентот. Таков обид за балансирање не забележав кај г. Трипков. За преостанатиот дел од коментарот на г. Трипков немам коментар. Мојот блог не се занимава со двојазичноста и другите аспекти што ги опфаќа во неговиот коментар, кој според обемот е речиси ист колку и блогот. Мислам дека тој дел од неговиот напис треба да полемизира со експертите од таа област на некој друг блог. Јас ниту сум експерт во таа област, ниту пак блогот се однесува на тој дел од протестите на Граѓанската иницијатива.
Анонимен - Ѓорги Трипков on Понеделник, 10 Април 2017 23:09

Г-дине Стојмановски, не јас туку Вие си го извалкавте
и продолжувате понатаму да го валкате вашиот блог!

Почитуван Стојмановски тврдите дека ако се појде од ставот на ВМРО и на Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија мојот одговор на твојот блог, дека спортистите не го извалкале спортот би бил вистинит. Жалам што Вие г-дине не го разбирате контекстот за кој нудите оценки и судите за поединци, спортисти и за нивните сојузи. Ова Ваше тврдење ве оддава. Вие сте идеолошки определен, за разлика од мене, па вашите оценки за спортистите се целосно субјективни. Јас она што го искажав во мојата реакција на Вашиот блог беше да Ви укажам дека сте во погрешна насока, а Вие ми ги подметнувате ставовите на ВМРО и Граѓанската иницијатива како основа за тоа дека сум Ви го исвалкал блогот. Мислите ли дека она што јас го изнесов не треба да се однесува за СДСМ, туку смо за ВМРО? За Вас г-дине Тиранската платформа не значи ли основа за уставното преуредување на нашата држава. И си мислите ли дека таа не постои, кога некој неа цело време ја промовираше од Приштина за јазикот, преку Берн за тесната рамка од Охрид, до изјавите на Алсат-М телевизијата за промена на уставот кога ќе дошло време. Еве јас дури ќе си допуштам да претпоставам дека Платформата е само политичка алатка да се смени власта и е лажна(спинувана) конструкција на твојата партија. Но, тогаш за мене останува неодговорено прашањето чија е одговорноста за предвремено и нерационално објавување на бомбите, заради што тие остнаа без ефект да се влијаее на целото избирачко тело. Заради тоа за мене таа конструкција, без докажаната вистина за постоење на криминал беше непотребна и значи замаглување на состојбата преку трупање на проблемите. Отаму ценам дека, заради карактерот на таа операција, ќе беше поцелисходно да се докажеше она што беше содржано во бомбите, онака како што постапија новинарите од весникот ,,Бостон глоуб,, во врска со детската педофилија, во филмот Спотлајт. Тоа СДСМ и неговите новинари не знаеа како да го изведат и сега, и покрај СЈО, се правдаат со разноразни искази, кои за мене во моментот се задоцнети и не треба да се користат како аргументи. Така се направија две грешки од кои втората со Тиранската платформа, според мене е недозволива бидејки го загрозува нашиот идентитет и унитарниот карактер на државата, а е интерес на некого од надвор. Не ме потсетувај дека некој друг од надвор ги има на увид сите текови на парите. Затоа сметам дека со нашата неспособност да си ги решаваме и најбаналните проблеми, на тие од надвор им даваме уште една основа да формиираат оценка дека сме неспособни да имаме своја држава. А нема безплатен ручек туку интетреси. Сметката мора да се плати. Колкава е цената Вие би требало да знаете.

Потоа ме убедувате дека сте тргнале од Законот за спорт и Резолуцијата на ООН за да докажете дека спортистите го извалкале спортот. Однапред знаев дека таму ќе ме насочиш и ќе ја направиш следна сериозна грешка. Јас познавајки го правниот ситем, и дома и во светот, со цел да те извадам од калта во која си влегол со твојот блог, намерно го испуштив од мојот коментар тој твој пристап. Претпоставив знаеш дека над секој закон има друг посилен закон над него(јус когенс или лек специјалис). Ама погрешив- не си го знаел тоа. Во случајот тоа се Уставот на РМ и Повелбата на ООН кои за тебе не се ништо во однос на законот и резолуцијата. Но, за жал Вие тој дух не го разбрате или не сакате да го разберете. А ако се тргне во таа твоја насока, мојот одговор е дека ниту во нашиот Законот за спорт, ниту во Резолуцијата на ООН нема изрична одредба со која на спортистите им се забранува да се занимаваат со политика, слично како што е случајот и со работниците во државната администрација. Надвор од работното време никој неможе никому да му забрани да членува и делува партиски. Според тоа спортистите само во време кога настапуваат со спортски обележја и на спортски натпревари не смеат да застапуваат политички ставови. Заради тоа мислам треба да се согласиш со мене дека случајот со мојот земјак Лазаров и со другите не е таков како што мислиш, па дури и ако се земат во вид само Законот и Резолуцијата како што мислиш. Така твојот заклучок, за валкањето на спортот од страна на спортистите е целосно во аут. Второ, во случајот кога станува збор само за спортските сојузи кои изразуваат поддршка на иницијативата ,,За заедничка Македонија,, мислам дека тие се во право и не го валкаат спортот бидејки тие го бранат унитарниот карактер на државата инаку највисок национален интерес, кој е утврден во нашиот Устав(законот над законите) и со Рамковниот договор, а кој е нападнат со Тиранската платформа, за која твојата партија не сака јавно да се изјасни- ја прифаќа или не иако секому му е јасно дека ја поддржува(погоре споменав факти за тоа). Свесен ли си дека иницијативата ,,За заедничка Македонија,, не е спортска манифестација или натпревар. Така и според овој пристап, сметам не може да се оцени за правно или полтичко издржано твоето тврдење за валкањето на спортот од страна на спортистите и спортските сојузи.
Затоа мислам дека самиот си го извалка блогот и се повеќе тонеш во калта. Поаѓајки од твојата животна определба, ценам дека треба да се свртиш кон истражувачки написи за спорот и така најдобро ќе придонесеш за развој на татковината. На пример, да истражиш и ни соопштиш зошто немаме подобри или барем слични резултати во колективните спортови како на пример Словенија или Хрватска. Не ми го споменувај притоа недоастиг на финасиски средства. Ресусите секогаш биле и ќе бидат ограничени. Никогаш нема да ги имаме толку колку што мислиме дека ни требаат. Секогаш на тој план треба да поаѓаме од тоа со расположливите средства да постигнеме максимални резултати. Тоа кај нас не е случај. Оцени на пример каде е проблемот кај играчите, тренерите или незнам каде. Ете јас и на таа тема се осмелив и напишав дека тука треба многу знаење и транзиција во филозофијата на спорот. Мисијата во спортот не треба да ни биде победата ни значи многу туку дека ни значи се.
После ова, за да не ти оставам сомнеж дека припаѓам на определена политичка опција, ќе споменам дека Македонија досега не изнедри држаник, а за државници да не зборуваме. Јас не очекувам брза промена на овој план, без оглед на тоа кој ќе дојде на власт. Засега не гледам на политичката сцена во земјата организирана, ефикасна и ефективна партија според демократските принципи, а на која Македонија и е пред се и над се. Гледав и сеуште гледам партии кои се спремни да ги вложат во залог и државните интереси само да дојдат на власт заради свои или партиски цели во што се вклопува и партијата на која и припаѓаш. Аргументите за ова моја оценка нема простор тука да се аргументираат.



Г-дине Стојмановски, не јас туку Вие си го извалкавте и продолжувате понатаму да го валкате вашиот блог! Почитуван Стојмановски тврдите дека ако се појде од ставот на ВМРО и на Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија мојот одговор на твојот блог, дека спортистите не го извалкале спортот би бил вистинит. Жалам што Вие г-дине не го разбирате контекстот за кој нудите оценки и судите за поединци, спортисти и за нивните сојузи. Ова Ваше тврдење ве оддава. Вие сте идеолошки определен, за разлика од мене, па вашите оценки за спортистите се целосно субјективни. Јас она што го искажав во мојата реакција на Вашиот блог беше да Ви укажам дека сте во погрешна насока, а Вие ми ги подметнувате ставовите на ВМРО и Граѓанската иницијатива како основа за тоа дека сум Ви го исвалкал блогот. Мислите ли дека она што јас го изнесов не треба да се однесува за СДСМ, туку смо за ВМРО? За Вас г-дине Тиранската платформа не значи ли основа за уставното преуредување на нашата држава. И си мислите ли дека таа не постои, кога некој неа цело време ја промовираше од Приштина за јазикот, преку Берн за тесната рамка од Охрид, до изјавите на Алсат-М телевизијата за промена на уставот кога ќе дошло време. Еве јас дури ќе си допуштам да претпоставам дека Платформата е само политичка алатка да се смени власта и е лажна(спинувана) конструкција на твојата партија. Но, тогаш за мене останува неодговорено прашањето чија е одговорноста за предвремено и нерационално објавување на бомбите, заради што тие остнаа без ефект да се влијаее на целото избирачко тело. Заради тоа за мене таа конструкција, без докажаната вистина за постоење на криминал беше непотребна и значи замаглување на состојбата преку трупање на проблемите. Отаму ценам дека, заради карактерот на таа операција, ќе беше поцелисходно да се докажеше она што беше содржано во бомбите, онака како што постапија новинарите од весникот ,,Бостон глоуб,, во врска со детската педофилија, во филмот Спотлајт. Тоа СДСМ и неговите новинари не знаеа како да го изведат и сега, и покрај СЈО, се правдаат со разноразни искази, кои за мене во моментот се задоцнети и не треба да се користат како аргументи. Така се направија две грешки од кои втората со Тиранската платформа, според мене е недозволива бидејки го загрозува нашиот идентитет и унитарниот карактер на државата, а е интерес на некого од надвор. Не ме потсетувај дека некој друг од надвор ги има на увид сите текови на парите. Затоа сметам дека со нашата неспособност да си ги решаваме и најбаналните проблеми, на тие од надвор им даваме уште една основа да формиираат оценка дека сме неспособни да имаме своја држава. А нема безплатен ручек туку интетреси. Сметката мора да се плати. Колкава е цената Вие би требало да знаете. Потоа ме убедувате дека сте тргнале од Законот за спорт и Резолуцијата на ООН за да докажете дека спортистите го извалкале спортот. Однапред знаев дека таму ќе ме насочиш и ќе ја направиш следна сериозна грешка. Јас познавајки го правниот ситем, и дома и во светот, со цел да те извадам од калта во која си влегол со твојот блог, намерно го испуштив од мојот коментар тој твој пристап. Претпоставив знаеш дека над секој закон има друг посилен закон над него(јус когенс или лек специјалис). Ама погрешив- не си го знаел тоа. Во случајот тоа се Уставот на РМ и Повелбата на ООН кои за тебе не се ништо во однос на законот и резолуцијата. Но, за жал Вие тој дух не го разбрате или не сакате да го разберете. А ако се тргне во таа твоја насока, мојот одговор е дека ниту во нашиот Законот за спорт, ниту во Резолуцијата на ООН нема изрична одредба со која на спортистите им се забранува да се занимаваат со политика, слично како што е случајот и со работниците во државната администрација. Надвор од работното време никој неможе никому да му забрани да членува и делува партиски. Според тоа спортистите само во време кога настапуваат со спортски обележја и на спортски натпревари не смеат да застапуваат политички ставови. Заради тоа мислам треба да се согласиш со мене дека случајот со мојот земјак Лазаров и со другите не е таков како што мислиш, па дури и ако се земат во вид само Законот и Резолуцијата како што мислиш. Така твојот заклучок, за валкањето на спортот од страна на спортистите е целосно во аут. Второ, во случајот кога станува збор само за спортските сојузи кои изразуваат поддршка на иницијативата ,,За заедничка Македонија,, мислам дека тие се во право и не го валкаат спортот бидејки тие го бранат унитарниот карактер на државата инаку највисок национален интерес, кој е утврден во нашиот Устав(законот над законите) и со Рамковниот договор, а кој е нападнат со Тиранската платформа, за која твојата партија не сака јавно да се изјасни- ја прифаќа или не иако секому му е јасно дека ја поддржува(погоре споменав факти за тоа). Свесен ли си дека иницијативата ,,За заедничка Македонија,, не е спортска манифестација или натпревар. Така и според овој пристап, сметам не може да се оцени за правно или полтичко издржано твоето тврдење за валкањето на спортот од страна на спортистите и спортските сојузи. Затоа мислам дека самиот си го извалка блогот и се повеќе тонеш во калта. Поаѓајки од твојата животна определба, ценам дека треба да се свртиш кон истражувачки написи за спорот и така најдобро ќе придонесеш за развој на татковината. На пример, да истражиш и ни соопштиш зошто немаме подобри или барем слични резултати во колективните спортови како на пример Словенија или Хрватска. Не ми го споменувај притоа недоастиг на финасиски средства. Ресусите секогаш биле и ќе бидат ограничени. Никогаш нема да ги имаме толку колку што мислиме дека ни требаат. Секогаш на тој план треба да поаѓаме од тоа со расположливите средства да постигнеме максимални резултати. Тоа кај нас не е случај. Оцени на пример каде е проблемот кај играчите, тренерите или незнам каде. Ете јас и на таа тема се осмелив и напишав дека тука треба многу знаење и транзиција во филозофијата на спорот. Мисијата во спортот не треба да ни биде победата ни значи многу туку дека ни значи се. После ова, за да не ти оставам сомнеж дека припаѓам на определена политичка опција, ќе споменам дека Македонија досега не изнедри држаник, а за државници да не зборуваме. Јас не очекувам брза промена на овој план, без оглед на тоа кој ќе дојде на власт. Засега не гледам на политичката сцена во земјата организирана, ефикасна и ефективна партија според демократските принципи, а на која Македонија и е пред се и над се. Гледав и сеуште гледам партии кои се спремни да ги вложат во залог и државните интереси само да дојдат на власт заради свои или партиски цели во што се вклопува и партијата на која и припаѓаш. Аргументите за ова моја оценка нема простор тука да се аргументираат.
Анонимен
Четврток, 27 Јули 2017
Поддржано од:       Имплементирано од:       Проект: