fbpx
 

Не постои евтин јавен долг

проф. д-р Никола Поповски

nikola popovski 200x250Загрижува тоа што зачести издавањето еврообврзници последниве години и без оглед на каматните стапки на еврообврзниците со кои се задолжуваме денес, сервисирањето на јавниот долг може да биде голем товар на економијата во зависност од каматните стапки на обврзниците со кои ќе го репрограмираме долгот во иднина.

Политички и изборно ориентирани, па дури и криминални причини за да се создава јавен долг секогаш има. Во основа, за тоа никогаш не постои добра економска причина. Дури и кога има, тоа е последица на некои сериозни проблеми што постојат во економијата. Приврзаниците на создавањето и постоењето на јавниот долг, на пример, објаснуваат дека во услови на рецесија во економијата е потребно, па дури и препорачливо е да се создаде повисок дефицит во јавните финансии за да се поттикне агрегатната (вкупната) побарувачка во економијата за таа да ја поттикне понудата и на тој начин економијата повторно да се врати во состојба на просперитет и раст. Но самиот факт дека дефицитите, што всушност го зголемуваат јавниот долг, се препорачуваат само во рецесиски услови е доказ дека е најдобро нив воопшто да ги нема заедно со нивната причина - рецесијата. Противниците се ригорозни и тврдат дека јавниот долг никогаш и никаде не создава бенефити и дека како таков не треба да се користи како инструмент на економската политика.

Како растеше јавниот долг

Постоењето на јавниот долг од поголем обем во Македонија е со понов датум. Некаде до почетокот на овој милениум тој беше мошне скромен и никогаш не надмина ниту износ од 2 милијарди евра, ниту граница од 40 отсто од БДП, што се смета за праг на ниска задолженост. Повисоката задолженост се појави во 2001/2002 година заради две причини – етничкиот конфликт во 2001 година и тогашните погрешни макроекономски политики. Но долгот во наредните години, сè до 2008 година се намали до нивото од 1,6 милијарди евра и само 23 отсто од БДП. Оттогаш, значи цела една деценија, тој започна постојано да се зголемува и како што стојат работите можеби нема да продолжи да расте како процент од БДП, но тешко и дека ќе се намали.

Македонскиот јавен долг до 2004 година се создаваше од три големи извори – наследството од СФРЈ, задолжувањето на земјата за инфраструктурни инвестициски проекти кај меѓународните официјални кредитори (најчесто Светската банка, Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој) и од издавањето на домашните т.н. структурни обврзници за посебни цели – најголемите беа за санација на банките, за старото девизно штедење од СФРЈ и по основ на денационализација. Во 2004 година за првпат се воведоа домашните класични фискални обврзници, а во 2005 година се издаде и првата фискална еврообврзница од 150 милиони евра чија намена сепак беше однапред утврдена, односно да се преструктуира македонскиот долг од времето на СФРЈ кон Лондонскиот клуб на кредитори. Тоа преструктуирање овозможи голема заштеда од околу 36 милиони евра со самиот факт дека целосно се отплати долгот од околу 220 милиони долари кон Лондонскиот клуб што се сервисираше со камата од околу 6,7 отсто, а се задолживме со десетгодишна обврзница со камата од 4,625 отсто. Разликата во сервисирањето на тој долг во наредните 10 години донесе позитивен ефект за Македонија од околу 2,1 отсто годишно на износ од 220 милиони долари, односно околу 4,4 милиони долари годишно (44 милиони долари или споменатите 36 милиони евра за 10 години). Потоа следуваше серија од уште 5 еврообврзници од кои последната е издадена пред 40 дена.

Издадените обврзници, нивниот датум и износ, каматната стапка, рокот на отплата и датумот на доспевање се дадени во табелата 1.

Табела 1
Досега издадените еврообврзници од страна на Република Македонијаdosega izdadeni evroobvrznici od strana na RM

Четири обврзници за пет години

Веднаш можат да се забележат и карактеристиките на досега издадените меѓународни обврзници на Македонија. Прво, сите се номинирани во евра, што е логично ако се има предвид фиксниот курс на денарот и неговата врзаност со еврото и структурата на долгот. Второ, рочноста на сите обврзници е меѓу 5 и 10 години, со исклучок на втората еврообврзница што имаше рок на отплата од само 3,5 години. Таа обврзница од 175 милиони евра ќе остане запамтена и како најлошо издадена со превисока фиксна годишна купонска камата од 9,875 отсто, што ја направи најскапата обврзница во нашата историја со отплата на камати од 60,5 милиони евра за време на нејзиното кратко траење од само 3,5 години. Трето, со исклучокот што го наведовме и со онаа од 2016 година која има релативно висока камата од 5,625 отсто, сите други обврзници ги сервисиравме, или уште ги сервисираме со релативно прифатливи каматни стапки од 2,75 до 4.875 отсто. Четврто, во периодот од 14 години во кој Македонија издава еврообврзници, динамиката на издавање во последниве години многу зачести. Имено, од шест издадени еврообврзници, четири се издадени во последниве 5 години (2014, 2015, 2016, 2018 година).

Согласно рочноста, очигледно е дека нивната отплата ќе се концентрира во претстојните 2020-2025 година кога вкупно ќе ни доспеат 1,720 милијарда евра за отплата во динамика која не е најповолна. Тој износ сега претставува околу 17 отсто од БДП, односно половината од вкупниот износ на јавните финансии во Македонија. Во времето на нивната отплата, заради очекуваниот раст на БДП, веројатно учеството во него ќе е нешто пониско, но сигурно нема да е значително пониско.

Од овој факт произлегуваат неколку важни ризици. Имено, кога една меѓународна обврзница се издава, за да се оцени дали таа е евтина или скапа, треба да се има предвид и нејзината висина бидејќи превисоките износи на обврзници никогаш не се враќаат со домашната акумулација или заштеди, туку се враќаат со издавање на нови обврзници. Тоа значи дека нивната идна амортизација не зависи само од првично постигнатата каматна стапка, туку и од идните.

Важна е каматата на идните репрограми

Да дадеме пример. Третата, петтата и шестата еврообврзница од 2014, 2016 и 2018 година се значителни по обем (500, 450 и 500 милиони евра) и секоја од нив поединечно претставува околу 5 отсто од БДП. Досега не е познат случај некоја земја да исплатила доспеана обврзница во износ од 5 отсто од БДП без едновремено да издаде нова во ист износ, односно да ја репрограмира. Ако растот на економијата до 2025 година се одвива со просечна динамика од околу 3 отсто годишно, тогаш во моментот на отплата овие обврзници ќе претставуваат околу 4 отсто од БДП, но и тоа е премногу. Пред датумот на нивното доспевање ќе мора да се издадат нови обврзници со сличен износ. Ако при издавањето сме постигнале ниска камата од 3.975 и 2.750 отсто, што е случајот со третата и шестата обврзница од јули 2014 и јануари 2018 година, тогаш кој ни гарантира дека во моментот на нивното доспевање, во јули 2021 и јануари 2025 година каматите ќе останат исти. Можно е, на пример, во тој момент каматните стапки на финансиските пазари во светот да се многу повисоки и да ни одземат голем дел од јавните приходи за нивното финансирање во иднина. Ако, на пример, тие се двојно повисоки, што не би било исклучено сценарио, тогаш наместо сегашните 20 и 14 милиони годишна камата за нив ќе плаќаме 40 и 28 милиони евра годишно или вкупно 68 милиони евра. Тој износ, заедно со другите каматни обврски што веќе постојат или ќе бидат создадени може да биде многу проблематичен.

Без непотребно задолжување

Затоа, многу е тешко, кога се издава долгорочна државна обврзница во износ од 5 отсто од БДП да се даде оценка дека тој јавен долг има ниска камата и може евтино да се сервисира. Тоа е така само до неговиот иден репрограм кога земјата влегува на „непознат терен“ и не знае која ќе биде цената (каматните стапки) на финансирање на нејзиниот јавен долг. Оттука, најдобро е многу да се внимава и без некоја голема причина или потреба никогаш да не се издаваат еврообврзници со висок износ и да се избегнува креирање на непотребен нов јавен долг.

Ве молиме прочитајте ги правилата пред да коментирате или превземате
Напомена: Мислењата и ставовите вo оваа статија се на авторот и не ги одразува позициите на Институтот за комуникациски студии ниту на донаторот.

Македонија на крстопатот меѓу граѓанската и етноку...
Македонците најмногу се идентификуваат со ракометн...
 

Коментари 1

Анонимен - Илија Колев Радовиш on Петок, 02 Март 2018 13:00

Без ова за кое пишувам пак ништо, иако се согласувам дека не постои ефтин јавен долг. Еве ја објавата .................ЛУЃЕ, АКО ВЕЌЕ СЕУШТЕ СТЕ ЛУЃЕ, КОНКРЕТНО
КОЛУМНИСТИ- СПЕЦИЈАЛИСТИ, НА ПОГРЕШЕН
НАЧИН ГО ТОЛКУВАТЕ ОДВИВАЊЕТО НА НАСТАНИТЕ

Кој и да дојде на власт ќе злоупотребува. И висината на платите на властодршците се злоупотреба, не ги признава народот.
Еве како можат да се решат тие состојби, кои се резултат на погрешната устроеност на системот. Тоа што подолу го пишувам, го овозможува тоа. Тоа е дека морате да ја осознаете суштината на одвивањето на работата, таму е и решението.
СУШТИНА НА РАБОТАТА
1. Работата се одвива во дадени услови. Денес тие се= стоковно- парични односи.
2. Работата се одвива во присуство на учесници, а тоа се = работниците со својот вложен труд и сопствениците на парите /газдите/ со своите вложени пари. И кредитните пари се нивни пари, тие за нив гарантираат и тие се организатори на работата.
3. Од работата произлегува =
- создавање на производи и можности за услуги, како понуда, а и побарувачка за тие на кои им требаат тие производи и услуги.
- да би се трошело тоа што се создава, потребно е да има побарувачка во приближно иста мера, инаку во колку се отстапува се создава, непродадена понуда- вишок на понуда или недостаток на понуда- кусок на понуда.
- Значението на вишокот на понуда е, присуство на помала куповна моќ- побарувачка кај работниците, а кусокот на понуда присуство на поголема куповна моќ кај работниците. Во првиот случај тоа се изразува во милионска дефлација, а се однесува на сегашниот капитализам, а во вториот милионска инфлација, а се однесува на социјализамот.
- Појавата на вишок на понуда и на кусок на понуда е резултат на тоа, што само еден од учесниците во работата го присвојува крајниот резултат од работата- профит или загуба. Во таков случај, при појавата на вишок на понуда, учесникот труд /работниците/ не го добиваат својот дел, а при појавата на кусок на понуда, учесникот пари /сопствениците на парите- газдите, не го добиваат својот дел.
- Досега ги имаме во пракса и двата система, социјализам со кусок на понуда и сегашниот капитализам со вишок на понуда.
- Резултатот од функционирањето и на двата система е, кризи, војни, сиромаштија, невработеност, исселување и др. проблеми.
- Значи, само со прифаќање на решението за распределба /деленје/ на крајниот резултат од работата- профит или загуба, помегу учесниците на работата и тоа согласно на заслугата е излезот од проблемите, друго решение нема.
- Правилна распределба е можна, само врз основа на влогот со кој учесниците во работата се присутни. За работниците, тоа е вложениот труд во вредност на остварената нето плата, а за газдите, тоа е вложените сопствени и кредитни пари. И за двата учесника на ниво на завршна сметка- година.

Од наведената содржина на работата, може да се разбере дека и двата система, што се сметаат за општествени, не даваат добар резултат што се очекува. Во едниот- социјализамот се осиромашуваат вложените пари, а во другиот- капитализамот вложениот труд. Делот погрешно присвоен, за присвојувачот не претставува можност за богатење, туку напротив им ја попречува нормалната работа со кочење што се изразува во облик на кризи. Тој дел мора да се фрли во отпад, преку обезвреднување на парите во социјализамот и преку фрлање на вишокот понуда во отпад во капитализамот.
Еве таа е причината што неможе да се овозможи развој. Таквите системи се на штета и на тие учесници во работата што го прифаќат тој начин на работа, но толкувањето на грешката нее присутно, освен еве што јас зборувам за тоа. Во колку може да даде повод за разбирање, ова мое пишување, треба да уследи одзив кај сите луѓе, особено колумнистите- специјалистите кои се, праваат, само тоа што треба да го прават не го прават, под хитно да го променат правецот на третирањето на проблемите со третирање како последици, туку да се занимаваат со изворот- причината што ги предизвикува. Под хитно да се променат идеологиите на сите партии кои се погрешни и да прифатат идеологија за дејствување врз причините. Таквата идеологија е веќе содржана во напишаниот текст.

Без ова за кое пишувам пак ништо, иако се согласувам дека не постои ефтин јавен долг. Еве ја објавата .................ЛУЃЕ, АКО ВЕЌЕ СЕУШТЕ СТЕ ЛУЃЕ, КОНКРЕТНО КОЛУМНИСТИ- СПЕЦИЈАЛИСТИ, НА ПОГРЕШЕН НАЧИН ГО ТОЛКУВАТЕ ОДВИВАЊЕТО НА НАСТАНИТЕ Кој и да дојде на власт ќе злоупотребува. И висината на платите на властодршците се злоупотреба, не ги признава народот. Еве како можат да се решат тие состојби, кои се резултат на погрешната устроеност на системот. Тоа што подолу го пишувам, го овозможува тоа. Тоа е дека морате да ја осознаете суштината на одвивањето на работата, таму е и решението. СУШТИНА НА РАБОТАТА 1. Работата се одвива во дадени услови. Денес тие се= стоковно- парични односи. 2. Работата се одвива во присуство на учесници, а тоа се = работниците со својот вложен труд и сопствениците на парите /газдите/ со своите вложени пари. И кредитните пари се нивни пари, тие за нив гарантираат и тие се организатори на работата. 3. Од работата произлегува = - создавање на производи и можности за услуги, како понуда, а и побарувачка за тие на кои им требаат тие производи и услуги. - да би се трошело тоа што се создава, потребно е да има побарувачка во приближно иста мера, инаку во колку се отстапува се создава, непродадена понуда- вишок на понуда или недостаток на понуда- кусок на понуда. - Значението на вишокот на понуда е, присуство на помала куповна моќ- побарувачка кај работниците, а кусокот на понуда присуство на поголема куповна моќ кај работниците. Во првиот случај тоа се изразува во милионска дефлација, а се однесува на сегашниот капитализам, а во вториот милионска инфлација, а се однесува на социјализамот. - Појавата на вишок на понуда и на кусок на понуда е резултат на тоа, што само еден од учесниците во работата го присвојува крајниот резултат од работата- профит или загуба. Во таков случај, при појавата на вишок на понуда, учесникот труд /работниците/ не го добиваат својот дел, а при појавата на кусок на понуда, учесникот пари /сопствениците на парите- газдите, не го добиваат својот дел. - Досега ги имаме во пракса и двата система, социјализам со кусок на понуда и сегашниот капитализам со вишок на понуда. - Резултатот од функционирањето и на двата система е, кризи, војни, сиромаштија, невработеност, исселување и др. проблеми. - Значи, само со прифаќање на решението за распределба /деленје/ на крајниот резултат од работата- профит или загуба, помегу учесниците на работата и тоа согласно на заслугата е излезот од проблемите, друго решение нема. - Правилна распределба е можна, само врз основа на влогот со кој учесниците во работата се присутни. За работниците, тоа е вложениот труд во вредност на остварената нето плата, а за газдите, тоа е вложените сопствени и кредитни пари. И за двата учесника на ниво на завршна сметка- година. Од наведената содржина на работата, може да се разбере дека и двата система, што се сметаат за општествени, не даваат добар резултат што се очекува. Во едниот- социјализамот се осиромашуваат вложените пари, а во другиот- капитализамот вложениот труд. Делот погрешно присвоен, за присвојувачот не претставува можност за богатење, туку напротив им ја попречува нормалната работа со кочење што се изразува во облик на кризи. Тој дел мора да се фрли во отпад, преку обезвреднување на парите во социјализамот и преку фрлање на вишокот понуда во отпад во капитализамот. Еве таа е причината што неможе да се овозможи развој. Таквите системи се на штета и на тие учесници во работата што го прифаќат тој начин на работа, но толкувањето на грешката нее присутно, освен еве што јас зборувам за тоа. Во колку може да даде повод за разбирање, ова мое пишување, треба да уследи одзив кај сите луѓе, особено колумнистите- специјалистите кои се, праваат, само тоа што треба да го прават не го прават, под хитно да го променат правецот на третирањето на проблемите со третирање како последици, туку да се занимаваат со изворот- причината што ги предизвикува. Под хитно да се променат идеологиите на сите партии кои се погрешни и да прифатат идеологија за дејствување врз причините. Таквата идеологија е веќе содржана во напишаниот текст.
Анонимен
Петок, 14 Декември 2018
  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил. Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите. Повеќе

  • 1

Следете не