Горан Теменугов има 21 година новинарска кариера. Работел во телевизии, радио, дневни весници и неделници. Во моментов е ангажиран во Алсат-М ТВ како новинар, уредник на вести и уредник на економската редакција. Скоро 17 години се специјализира како новинар за економија. Освен дневното новинарство, во кариерата има авторство и водење на повеќе емисии, дел од областа на економијата, дел и од политиката. Во моментов примарни полиња на известување му се: фискална и монетарна политика, како и телекомуникацискиот сектор.