fbpx

Србија 2020 – режим во време на демократија

Интервју

04.08.20

Прегледи

Србија со години ја тресат бројни скандали. Но и покрај тоа, апсолутната моќ се наоѓа во рацете на еден човек - Александар Вучиќ. Неговата партија освои околу 62% од гласовите на последните избори во борбата за парламентот. Затоа да се живее во Србија во 2020 година подразбира да се живее во режим кој е демократски само на хартија. Незадоволството се прели и на општеството, а неодамнешните демонстрации се одраз на тоа. Покрај тоа, земјата се наоѓа во здравствена криза, предизвикана од КОВИД-19. Актерите Светозар Цветковиќ и Тихомир Станиќ зборуваат за тоа како изгледа да се биде уметник и граѓанин на Србија.

Монтажа: Тијана Новичиќ Камера: Марко Ќопиќ