На пазар робот ви нуди зеленчук одгледан од робот. Тешко замисливо барем во догледна иднина дека до тој степен ќе се развие работата, но и кој да знае ако се има предвид дека технологијата брзо се развива, а концептот на дигитализацијата во земјоделството полека почнува да продира и во Македонија.
За тоа дали дигитализацијата може да им помогне на земјоделците во настапувачките промени во климата, во влијанието врз животната средина и недостигот на работници во македонското земјоделство разговаравме со директорот на Земјоделски институт, проф Виктор Ѓамовски, сo Благоја Муканов, основач и сопственик на компанијата за дигитално земјоделство АгФутура и со претседателката на Националната федерација на фармери, Васка Мојсовска.