fbpx

Држи ли вода иднината на Македонија?

Одраз

Поткасти

05.06.23

Прегледи

Според извештај од Обидинетите Нации, во 2050 година 5 билиони луѓе ќе се соочуваат со недостаток на вода барем еднаш месечно заради климатските промени.

Но, не е само тоа причината.

Несовесното користење на водените ресурси, застарените системи за пренос на водата како и целосното запоставување на грижата за квалитетот на водата се сериозна закана за нашата иднина. Македонија се снабдува со вода од изворите кои се наоѓаат во западниот планински дел од нејзината територија. Истовремено, непрекинато таму се градат каменоломи, малихидроцентрали и дополнителни индустриски загадувачи. Дали, ако вака продолжиме, можеме да снемаме вода за пиење и - што тогаш?

Одговорите ги даваат Бојан Ристовски, експерт за намалување на загуба на вода и основач и сопственик на фирмата „Аквасејф“, Златко Илијоски, директор на одделот за хидрогеологија при Градежниот институт „Македонија“ и Лилјана Поповска од Зелен институт.