За разлика од постојаниот притисок за поголема урбанизација и средени симетрични простори кои му годат на човечкото око, на живиот свет му одговараат повеќе места кои на луѓето им личат на запуштени. За среќа, такви простори сѐ уште останале на некои места во Скопје, а некои видови на животни и птици се приспособиле да живеат и во оваа наша „бетонска џунгла“. Така и главниот град, таков каков што е, сепак претставува некаков екосистем, во кој покрај луѓето живеат и други видови.
За тоа какви сѐ очи нѐ набљудуваат од своите скривалишта во градот разговаравме со истражувачите на Македонското еколошко друштво, Данка Узунова и Драган Арсовски. Слушнете какви видови на птици и животни живеат во Скопје, како треба да се однесуваме кон нив и со што би можеле да им го олесниме животот.