Храната е неизбежен и вкусен дел од нашето постоење. Затоа и често зборуваме за неа, особено за „здрава храна“. Но што значи „здрава храна“? Зеленчук и овошје? Кое зеленчук и овошје, од пазар или од маркет? Каков ефект на нашето здравје може да имаат пестицидите и штетните материи како тешки метали кои може да го најдат патот до коренот на плодовите кои ги конзумираме? И, во поширока смисла, каков ефект имаат земјоделските пракси на нашиот екосистем? Одиме низ сите овие чекори за да одговориме: во македонското поднебје, каква храна јадеме?
За да дојдеме до заклучок, зборувавме со три експерти од разни полиња: проф. д-р Гордана Ристовска, специјалист по хигиена и здравствена екологија како и началник на одделение за здравствена безбедност на храната при Институтот за јавно здравје, проф. д-р Ордан Чукалиев - специјалист за наводнување на Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ и Димитар Самарџиев, пермакултурен дизајнер, основач на Иградина, член на „Зелената арка“ и соосновач на општествената градина Бостание.
Слушнете го поткастот да откриете што ни кажаа.