fbpx

Што можеме да направиме ние со отпадот?

Одраз

Поткасти

22.12.23

Прегледи

Знаеме дека во нашата земја сѐ уште нема многу начини како секое домаќинство да може да го намали своето влијание врз заедничката животна средина. А сепак, некои начини постојат. И со тек на време, бавно, но сѐ повеќе се прошируваат овие можности.

Колку и да ни изгледаат безначајно мали нашите секојдневни навики во трошењето струја, вода, купувањето, облекувањето, готвењето, патувањето до работа и училиште, годишниот одмор - сите тие имаат кумулативен ефект. Тоа што од секој одделно се чини по малку, кога ќе се собере заедно станува многу. Тоа што секој одделно може барем малку да го намали, исто така кога ќе се собере на куп, станува многу.

За тоа што може да направи секој од нас зборуваме, не со „проповедници“, туку со неколку наши сограѓани кои живеат со оваа свесност и така и постапуваат во секојдневниот живот. Со модната дизајнерка Ирина Тошева која се грижи и за отпадот од модната индустрија, за храната со Димитар Самарџиев од Зелената Арка која ја создаде и одржува урбаната градина „Бостание“ во Ново Лисиче, а со Андријана Папиќ Манчева која со години експериментира како да го сведе домашниот отпад на НУЛА, токму за тоа, за отпадот од нашите домови.