fbpx

Живот од 43 илјади пластични кеси

Одраз

Поткасти

17.11.23

Прегледи

Кесите ги забранивме по втор пат, а сепак ги има насекаде. Преминот кон алтернатинивите на бесплатните кеси за еднократна употреба и по десетина години никако да почне. Биоразградливи кеси во Македонија не постојат, а оние кои се разградуваат се распаѓаат на микропластика која потоа ја дишеме и јадеме.

Кеса по кеса, секој ден во Македонија се користат и се фрлаат три милиони и сто четириесет и седум илјади пластични кеси за една употреба.

Каде одат овие кеси? Што значи „биоразградливи“? Зошто ги гледаме само поголемите и подебели кеси со рачки, но не и помаите, потенки без рачки? Какво е нивното влијание врз здравјето? На овие и на многу други прашања разговараме со професорката Јадранка Блажевска – Гилев од Институтот за органска технологија на Технолошко металуршкиот факултет во Скопје и со Здравко Савески, политиколог и член на граѓанската Иницијатива за ослободување од еднократна пластика.