5D-моделот: Разбирање на стратегиските цели на СММИ

ABCDE-моделот ни помогна да видиме како се шири сомнителната содржина. Но за да ја разбереме вистинската намера зад тие кампањи, мора да погледнеме подлабоко.

А во тоа ќе ни помогне 5D-моделот.

5D-моделот е развиен од Европската Унија како аналитичка рамка за објаснување зошто се спроведуваат странските информации и манипулации (СММИ). Додека ABCDE-моделот покажува како се шири штетната содржина, 5D-моделот открива кои стратегиски цели стојат зад таквите кампањи.

Со други зборови, наместо само да се следи дали нешто е вистина или лага, 5D-моделот помага да се разбере зошто актерите сакаат да влијаат врз јавноста и каков ефект сакаат да постигнат.

fimi analysts

Петте „D“

Во продолжение ќе ги анализираме петте точки во аналитичката рамка 5D.

1. Отфрли (Dismiss)

Целта е да се дискредитираат луѓето што зборуваат против наративот. Наместо да се расправаат со нив со факти, тие се прикажуваат како „лажговци“, „корумпирани“ или „непријатели“.

2. Искриви (Distort)

Овде вистинските информации се извртуваат или се користат парчиња од факти за да се создаде погрешна слика.

fimi 5d b
fimi 5d a
3. Одвлечи внимание (Distract)

Целта е да се преплави просторот со непотребни или со сензационалистички приказни, за луѓето да го изгубат фокусот од важните факти.

4. Подели (Divide)

Кампањите често се дизајнирани да создадат конфликти меѓу групите. Наместо луѓето да се обединат, тие почнуваат да се расправаат меѓу себе.

5. Разочарај (Dismay)

Последната цел е да се внесе чувство на безнадежност. Ако луѓето поверуваат дека ништо нема смисла, ќе престанат да бараат вистина или да се борат за решение.

5D во пракса: инциденти поврзани со Русија и со Кина

Анализата на 100 СММИ-инциденти (октомври – декември 2022) од страна на Европската комисија покажува дека Русија и Кина најчесто користат пренасочување на вниманието и префрлање вина како главна цел на нивните операции.

Кај руските канали, 42 % од инцидентите биле со цел да одвлечат внимание од руската инвазија на Украина; 35 % служеле за дисторзија (извртување) и напади кон Украинската влада и институциите на ЕУ. Сите инциденти поврзани со енергетската криза се врзани токму за овие две цели.

Кај кинеските канали, 56 % од инцидентите имале цел промоција на Кина како „сигурен партнер / светски лидер“ и деградирање на Западот, особено тврдења дека САД ја „дестабилизираат ЕУ“, за да се сврти вниманието кон прокинески наратив.

Инцидентите поврзани со Русија најчесто го користат мотивот „Подели“ („Divide“) – нагласување на наводна „русофобија на Запад“ или промоција на руско глобално влијание – со цел да се продлабочат поделбите во/меѓу заедниците и државите. Меѓу најтаргетираните субјекти со вакви инциденти се Владата на Косово (во контекст на тензиите со Србија) и Полска.

Во целина, Украина е најмногу таргетирана (33 пати), потоа ЕУ (15), САД (11), Воoружените сили на Украина (10), НАТО (8).

За контекст, извештајот дополнително нагласува дека дипломатските канали често служат како засилувачи на СММИ-операции и дека форматите слика/видео доминираат, важен сигнал за тоа како се креираат и нормализираат овие наративи во јавната сфера.

Извор: European External Action Service (EEAS), 1st Report on Foreign Information Manipulation and Interference Threats (февруари 2023).

Примери на употреба на 5D-тактиките

D Цел Како се прави Пример Ефект врз јавноста
Dismiss (Отфрли) Замолчи или дискредитира критичари Напади врз експерти, новинари, активисти „Докторите се платени од фармацевтските компании“ Губење доверба во независни гласови
Distort (Искриви) Извртување факти за да се создаде нова перцепција Користење вистински термини, но во погрешен контекст „Вакцините ја менуваат ДНК“ Создавање страв и забуни
Distract (Одвлечи) Оддалечување на јавноста од фактите Преплавување со теории и сензации „Вакцините се полни со чипови“ Фокусот се губи, вниманието се расејува
Divide (Подели) Поттикнување конфликти меѓу групи Различни пораки за различни заедници „Вакцините се опасни“ наспроти „Антиваксерите се непријатели“ Поголема поларизација и недоверба
Dismay (Разочарај) Ширење безнадежност и страв Претставување на проблемите како нерешливи „Пандемијата никогаш нема да заврши“ Луѓето се демотивираат и губат волја да дејствуваат

Поврзани ресурси

[видео] Зошто ми излегуваат видеа со лажни доктори на социјалните мрежи?

[видео] Која е позадината на ТикТок предизвиците?

OSINT алатки за истражувачко новинарство

[видео] Како да ги откриеме новите видови дезинформации?

[видео] Како да провериме дали едно видео или фотографија се автентични?

[видео] Како да архивирате онлајн-содржини кои можат да исчезнат?