fbpx

ResPublica видео подкаст за теми од јавен интерес

ВЕСТИ - ИНФО

10.10.16

Прегледи

ResPublica почнува со продукција на месечни видео подкасти кои ќе ги анализираат најчитаните теми од академските блогови во текот на месецот. Подкастот ќе ги презентира ставовите, пред се`, на академската и на истражувачката заедница за актуелни прашања од јавен интерес.

Првиот видео подкаст се однесува на затајувањето на превентивата за заштита и спасување од елементарните непогоди кои во изминатитот период ја погодија Македонија. Поплавите и земјотресите покажаа дека не се почитуваат протоколите при делување во криза и при изградба на инфраструктурата, дека граѓаните не се едуцирани за самоспасување и не се соодветно информирани во случај на непогода и дека постои судир на надлежности на државните институции и некоординираност при справување со последиците на терен.

Погледнете го видео подкастот со Ивица Наумовски од Дирекцијата за заштита и спасување и со Ѓорѓи Тодоров, сообраќаен инженер.