За време на кризата од Ковид 19, Владата објавила 120 итни набавки со вредност од еден милион евра. Повеќе од половина од нив, се склучиле со единствен понудувач што ја кренало цената на чинење. „Не се сите чесни во кризата. Некој сака и да заработи“ – вели Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации, коментирајќи го начинот на кои се воделе јавните набавки. Министерот без ресор Роберт Поповски најавува нова алатка за поголема финансиска транспарентност и поредовно објавување на информациите.
Целиот поткаст ResPublica гледајте го ТУКА.