Пред 2021-вата година не ќе бидат доволно созреани условите да се спроведе пописот на населението и домаќинствата. Ова треба да се има предвид кога паралелно со долготрајната политичка криза повторно се појавија барањата за спроведување попис. Овие барања сега имаат главно една политичка цел – да се утврди колку граѓани од албанската националност живеат во Македонија, за потоа статистичките показатели да се употребат во политичката борба. ResPublica видео поткаст со универзитетските професорки Благица Новковска и Шенај Хаџимустафа