fbpx

Александра Ѓуркова

Проф. д-р Александра Ѓуркова работи во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Има завршено Класични студии на Философскиот факултет во Скопје (1996), магистерски студии (2001) и докторски студии (2006) по Македонистика на Филолошкиот факултет во Скопје. Има остварено студиски престои на Институтот по славистика на Универзитетот во Виена (1999/2000), на Институтот по славистика на Универзитетот во Лозана (2002/03), како и на Старословенскиот институт во Загреб (2010). Ангажирана е како истражувач на неколку проекти од областа на историјата на македонскиот јазик, на Правописот на македонскиот јазик и како главен истражувач на проектот Јазичното планирање и јазичните политики во Република Македонија. Има објавено над 50 библиографски единици од областа на црковнословенската синтакса, на социолингвистиката и на стилистиката во домашни и странски научни списанија (Македонски јазик, Филолошки студии, Спектар, Stylistyka, Slavia, Slovo). Член е на Комисиите за социолингвистика и стилистика при Меѓународниот славистички комитет.

Спогодбата за решавање на спорот за името како упатство за автоцензура

Александра Ѓуркова

25.09.18

проф. д-р Александра Ѓуркова Спогодбата има за цел ревидирање на историјата, на науката, на македонското културно наследство и воспоставување на...