м-р Билјана Жеревска магистрирала на Институтот за општествени и хуманистички науки-Скопје. Работи како уредник на емисии во Редакцијата за култура на МРТ. Автор е на многубројни тематски емисии, интервјуа, и репортажи од странство. Во текот на својата кариера била на позициите Одговорен уредник на Сателитската програма, Одговорен уредник на Првиот програмски канал, како и Шеф на кабинетот на Генералниот директорна МРТ. Жеревска е сертифициран обучувач на Европската Броадкастинг Унија и активно предава модули од областа на Јавниот настап и Медиумската писменост. Автор е на две книги:„Ракопис на светлината“ и „Мост преку времето“.