Мерсиха Дрињаковиќ e новинарка и извршен уредник на списанието Грација, како и соработник на порталот Аnalizirај.bа. Своите студии по новинарство ги завршила на Факултетот за политички науки во Сараево, а за време на нејзината работа поминала низ разни дополнителни едукации во САД, Малезија, Германија и Франција. Таа се занимава со новинарство веќе 20 години. Таа е добитник на специјалното признание на УНИЦЕФ за новинарски придонес во информирањето, заштитата и промоцијата на правата на децата во Босна и Херцеговина за 2015 година и добитник е на Наградата за новинари на UN Women 2017 год. - за најдобар текст за родово базирано насилство во категоријата на печатени медиуми. Во 2017 година, и беше врачена благодарница од страна на Хелсиншкиот комитет на БиХ на Конкурсот за најдобра медиумска приказна / репортажа што ги промовира правата и културата на ЛГБТ. Во 2018 година, таа беше наградена со признанието на ООН во БиХ за нејзиниот новинарски придонес во информирањето за Целите на одржливиот развој во Бих и нивната промоција-за текстот објавен на порталот ,,Analiziraj.ba”.