Ненад Мицов е дипломиран новинар и активист за човекови права. Еден од основачите на првото студентско списание „Студентско ехо“ при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, со неколкугодишно искуство како новинар во информативните редакции на локалните медиуми во Штип, а потоа активистички, но и професионално се вклучува граѓанскиот сектор во програми за заштита и унапредување на правата на маргинализираните лица. Подолг период работи и се залага за законски измени на легислативата што ги криминализира сексуалните работници, како и за почитување на останатите права за сексуално и репродуктивно здравје на сите.