Пеце Недановски е професор на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). Во периодот 2008-2012 година ја извршуваше функцијата Проректор за финансии, инвестиции и развој на УКИМ, а од 2013 година раководи со постдипломскиот студиум по Управување во јавниот сектор на Економски факултет. Автор е на неколку студии, книги и учебници со економска проблематика.