fbpx

Петар Тодоров и Дарко Стојанов

Петар Тодоров работи во Институтот за национална историја. Негов истражувачки интерес е социјалната и урбана историја на Османлиската империја и Балканот во 19 и 20 век, како и историското образование и (зло)употребата на историјата во современите општества. Своето образование го завршил во Скопје (Филозофски Факултет) и Париз (Ecole des hautes études en sciences sociales - EHESS) Научен соработник е на Универзитетот Њу Јорк Тирана. До сега бил на подолги студиски претстои на повеќе универзитети во Европа и Турција.   Дарко Стојанов е историчар во Институтот за национална историја во Скопје. Додипломски студии завршил на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, а магистерски и докторски студии на Ecole Pratique des Hautes Etudes во Париз. Се занимава со периодот на големите миграции во доцната антика и раниот среден век, како и со анализа на учебници по историја. Остварил бројни истражувачки престои во Париз, Берлин, Виена, Грац, Загреб, Брауншвајг, и други европски академски центри. Ко-уредник е на публикацијата Myths and Mythical Spaces. Conditions and Challenges for History Textbooks in Albania and South-Eastern Europe при Георг Екерт институтот за меѓународно истражување на учебници.

Историски комисии како пристап во надминување на историографско-политички конфликти

Петар Тодоров и Дарко Стојанов

06.12.18

МК   ALB доц. д-р Петар Тодоров и доц. д-р Дарко Стојанов Целта на билатералните историски комисии е подавање рака за надминување на конфликтите...