Вилдан Дрпљанин е активист за човекови права, правен советник во Хелсиншкиот комитет и член на Управниот одбор на Младински образовен форум. Дипломира на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и магистрира во областа на правото на интелектуална сопственост во програма за двојна диплома организирана од Универзитетот во Стразбур, каде пишува за конфликтот помеѓу спроведувањето на авторското право и слободата на изразување. Се специјализира во областа на човековите права, како дел од магистерската програма за меѓународно јавно право на Универзитетот во Утрехт, Холандија, каде магистрира со одликување cum laude.