Жаклина Хаџи-Зафирова е новинар со повеќе од 12 години новинарско искуство, главно во дневни и неделни весници, но и со искуство од светски рамки. Таа била претставник на данскиот СКУП во Македонија, а работела и како координатор за македонскиот дел во мрежата на СКУП во рамки на Европа и пошироко. Нејзин главен фокус е истражувачкото новинарство и неговите перспективи во земјата, регионот, па и пошироко. Жаклина е трикратен добитник на специјалното признание за истражувачко новинарство што го доделува Македонскиот институт за медиуми за нејзините стории „Незавршени донации за проекти во Македонија“, „Како да станете Бугари преку ноќ“ и „Загадувањето не запира, секоја година 4,500 нови случаи на рак!“