fbpx

Како да се надмине политиката на песимизам

Филипе Легрејн

Јавен интерес

14.06.18

Прегледи

Филипе Легрејн (Philippe Legrain)

Philippe Legrain 200x250Храбрите лидери можат да успеат со порака за надеж, отвореност и инклузивност и со промовирање на визија за напредок заснована на веродостојни реформи.

Голема причина зошто западната политика е во таков неред е тоа што гласачите имаат песимистички поглед кон иднината. Според истражувачкиот центар Пју (Pew), 60 отсто од луѓето од западните земји сметаат дека денешниве деца „финансиски ќе стојат полошо од нивните родители,“, а повеќето Европејци мислат дека следната генерација ќе има полош живот. Да го парафразирам филозофот Томас Хобс, тие очекуваат животите на младите да бидат осамени, сиромашни, гадни, сурови и долги.

Песимизмот ги погодува оние кои доживеале економска загуба, како и оние кои се загрижени дека тие (или нивните заедници) се следни. Тој ги погодува и младите луѓе кои се загрижени за нивните изгледи за иднината како и постарите луѓе кои се носталгични по својата младост. Песимизмот ги опфаќа и економските стравувања дека роботите, кинеските работници и имигрантите претставуваат закана за заработувачката на луѓето, и културни стравувања дека белците од западните земји го губат нивниот привилегиран статус на локално и на глобално ниво.

Кога луѓето се сомневаат во можноста за напредок, тие најчесто почнуваат да се плашат од секакви промени. Наместо да се фокусираат на можностите, тие насекаде гледаат закани и поцврсто се држат за она што го имаат. На виделина испливуваат разлики во распределбата на права што може да биде токсично кога ќе се искомбинира со судири за идентитет. Западната политика може повторно да стане порозова, но само ако прво политичарите ги разрешат основните причини за сивилото.

Лицата кои отфрлаат сè денес може да се поделат во три групи.

Песимисти кои прифаќаат - често се гласачи за централно-десната политичка опција кои се добро ситуирани, но се загрижени за нивната иднина, веруваат дека не е можно да се растресе системот или дека тоа не е пожелно, па затоа неволно ја прифаќаат ограничената иднина на државата. Ваквите политичари изгледаа задоволни, всушност, од тоа да управуваат со релативно удобна надолна линија на движење.

Анксиозни песимисти - често се за централната левица и кои имаат потмурен став кон иднината, но изгледа дека се задоволни и со самото тоа што ќе ублажат некои од најострите елементи. Тие сакаат да инвестираат малку повеќе и поеднакво да се дистрибуираат ниските приноси од слабиот раст. Сепак, тие сè повеќе стравуваат од технолошките промени и глобализацијата, па затоа и бараат да се ограничи нивното темпо и опсег. Целта на централно-левичарските политичари од ваков вид изгледа дека е неудобната надолна линија на движење да биде полесна за издржување.

На крај, лути песимисти – често се популисти и нивни поддржувачи, мислат дека економиите се наместени, политичарите се корумпирани и лицата кои доаѓаат однадвор дека се опасни. Тие немаат никаква желба да управуват со надолната линија на движење; тие сакаат да го уништат тој статус кво. Тие може и да целат кон резултати во кои нема да има победник, само за другите да патат.

Она што е заедничко кај овие групи е тоа што немаат издржливи решенија. Песимистите кои прифаќаат и анксиозните песимисти премногу се фокусираат на ризиците и тешкотиите поврзани со промените, што ги игнорираат опасностите од непреземање никакви чекори (од кои значајна опасност е подемот на популизмот), додека лутите песимисти претпоставуваат дека можат да го урнат системот, а во истовреме можат да ги задржат придобивките од него. Западните општества, и покрај сите нивни маани, обезбедуваат просперитет, безбедност и слобода какви што нема на други места. Авторитарниот национализам и економскиот популизам го загрозуваат тоа.

Додека релативниот пад на Западот е скоро неизбежен, можно е да се избегне неговата економска дисфункционалност. Сепак, песимизмот може да биде исполнувачко чувство. Зошто да минуваме низ тешки реформи ако изгледа неизбежно дека ни следува темна иднина? Како резултат на тоа, песимистите кои прифаќаат и кои се анксиозни најчесто избираат влади кои избегнуваат тешки одлуки (потврда за тоа е големата коалиција во Германија), додека лутите песимисти ги влошуваат работите (со тоа што ќе гласаат „за“ за мотото на Доналд Трамп – „Да ја ставиме Америка на прво место“ или за Брегзит, на пример).

Нештата не мора да изгледаат вака. Како што покажа францускиот претседател Емануел Макрон, храбрите лидери можат да успеат со порака за надеж, отвореност и инклузивност, и со промовирање на визија за напредок заснована на веродостојни реформи. Во мојата книга Европска пролет (Еuropean Spring), опишувам дизајн за економски и политички промени во Европа, а голем дел од нив би можеле да се применат и во други премногу песимистички земји – поточно САД.

Да се инспирираат и смират гласачите е политички предизвик, но не и технократски. Сепак, потребни се амбициозни политики за зголемување на економскиот колач побрзо и негова поправедна распределба. Постојат три големи промени кои би помогнале во ова.

Најпрво, владите мора да сторат повеќе за поттикнување на растот на продуктивност, што претставува основа за повисоки животни стандарди. Стимулирањето на инвестиции, на пример во зелени технологии, веднаш би ја зголемило побарувачката, а подоцна би го зголемило и производниот капацитет. Финансирање нови истражувања, проширување на пристапот до ризичен капитал и изготвување поддржувачки регулативи би биле исто така корисни.

Второ, за да поттикнат создавање на вредност, властите мора да се посветат на извлекувањето вредност. Олеснување на рестрикциите за развој би ги намалило имотните шпекулации и со тоа би им се дозволило на градовите да растат, да се создаваат нови работни места и да се зголеми понудата на домови по поприфатливи цени. Финансиските реформи, вклучувајќи ја и онаа со која се елиминира даночното олеснување за долг, би предизвикало нови капитални инвестиции во вистинската економија. Построги политики за конкурентност и скратени процедури за основање бизниси би ги намалило профитите за монополите и би дало поттик за старт-ап компаниите.

Трето, владите мора да поддржуваат можности и безбедност. За луѓето да ги прифатат промените и да преземат ризици, потребни им се флексибилни вештини, пристоен приход и сигурна безбедносна мрежа. Како што во е Естонија, секое дете треба да учи компјутерско програмирање. Подобрениот пристап до високо образование би ги проширило хоризонтите, би било кочница против популизмот и би ги зголемило приходите. Доживотното учење треба да стане норма, како што е во Данска.

Вистинските плати треба да се покачат. Земјите треба да го следат примерот на Британија за зголемување на минималната плата или да обезбедат поголеми даночни повластувања за ниско платените работници. Даноците за работа би можеле да се намалат со оданочување на земјишните вредности. И модернизираната држава на социјална помош треба да понуди поголема безбедност за оние само-вработените.

Капитален грант од приближно 10.000 евра, долари или фунти, финансирано со данок на животни наследства или прогресивен данок на расходи, на секој млад човек би му обезбедиле место во општеството, би бил тампон зона против несреќата и би било начин за инвестирање во нивната иднина. Како што е во Шведска, државните пензии треба да се приспособуваат автоматски со големината на работната сила, со што ќе се поттикне имиграција.

Подобрите економски политики не можат да ги излечат сите општествени или културни маки. Но тие можат да му помогнат за Западот да го избегне овој опасен песимизам и да овозможат политика на либерален и прогресивен оптимизам.

Филипе Легрејн, поренешен економски советник на претседателот на Европската комисија, е гостин предавач на Европскиот институт на Лондонскиот факултет по економија и е автор на European Spring: Why Our Economies and Politics are in a Mess – and How to Put Them Right.

Copyright: Project Syndicate, 2018.
www.project-syndicate.org

Филипе Легрејн

Филипе Легрејн, поренешен економски советник на претседателот на Европската комисија, е гостин предавач на Европскиот институт на Лондонскиот факултет по економија и е автор на European Spring: Why Our Economies and Politics are in a Mess – and How to Put Them Right.