Целиот живот му е пред јавност: од детската серија „Диди и Дади“, па сѐ до неодамнешната театарска премиера „Птица со глава меѓу нозе“. Приоритет му е да ја насмее публиката и сака луѓето да се среќни, па затоа репликите од „Викенд на мртовци“ и „Солунски патрдии“ се пренесуваат од колено на колено. По 60-те години творештво како актер и режисер, има уште многу што да каже, како и во ова необично интервју меѓу двајца колеги, младиот актер Атанас Атанасовски ја има улогата на новинар со големиот режисер и глумец Коле Ангеловски.
Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.