fbpx

Дали сме заробени во кругот на амбалажата?

Поткасти

Одраз

14.01.25

Прегледи

Колку и да внимавате, единствената опција ако сакате да го намалите отпадот кој го создавате во секојдневното живеење е едноставно да се откажете од голем број на производи кои инаку ги сметаме за основни.

Само од основната потрошувачка кошничка на граѓаните, треба да купите масло за јадење и готвење, млеко, јогурт, оцет, некогаш кисело млеко, некој сок можеби. Треба да си измиете раце со нешто, да се истуширате, да ја измиете косата, да исперете облека. Но, ајде обидете се тоа да го направите, а притоа да не оставите отпад зад себе. Алтернативите за тоа се многу малку, а најчесто никакви.

Од млекото, во Македонија годишно само од домаќинствата, ќе останат над 50 милиони тетрапак амбалажи, од јогуртот најмалку 30 милиони пластични шишиња, од шампоните над 2,3 милиони парчиња амбалажа. Зошто нема повратна амбалажа за основните производи разговараме со Блаже Јосифовски претседател на еколошката организација Go Green и со Соња Стојадиновиќ, политиколог, истражувачка и колумнистка на Рес публика.