fbpx

Можеме ли да се спасиме од РЕК Битола?

Поткасти

Одраз

14.11.24

Прегледи

Нашите ситни движења и мали навики од првото отворање на очите во денот паралелно ги следат движења на стотина километри од нас. Тие на гигантските машини за копање, на работници кои чистат ленти со лопати, на големи камиони со тркала колку куќа кои пренесуваат јаглен од рудниците кон уште поголемите печки на нашата најголема термоцентрала РЕК Битола.

Во овие печки јагленот гори и ја развива температурата од која потоа се произведува струјата, која потоа преку далноводите тече низ електромрежата за да стигне до секој наш штекер. За притискањето на секое копче секое утро да има смисла, да ни донесе некаква услуга на која сме навикнати. Вода, телефон, кафе, греење, лифт, компјутер, телевизор, подготвена храна... Струјата е тука, но од централата тука е и загадувањето од горењето на јагленот кој пак е највалканото фосилно гориво.

Со Елена Николовска од Еко-свест и професорот на техничкиот факултет во Битола Игор Адреевски разговараме за тоа дали РЕК Битола може да се усогласи со еколошките стандарди и дали можеме да си дозволиме да се затвори поради децениското огромно загадување?