Темите поврзани со изборите и изборната кампања доминираа во централните вести на сите медиуми. Повеќето медиуми посебно се осврнаа на темата за двојазичноста, која се наметна во кампањата, но сите тие ја анализираа од различен агол и различно ја врамија. Ова е генералниот заклучок од извештајот на Мониторингот на демократијата во Македонија - МОДЕМ, кој се однесува на медиумските содржини емитувани на Јавниот радиодифузен сервис и на комерцијалните телевизии со национална концесија во периодот од 21 до 29 ноември 2016.
ИЗВЕШТАЈ - МКД ENG ЗАКЛУЧОЦИ - МКД ENG ИНФОГРАФИК-1