Патот од груевизмот до консолидирана демократија го открива теоријата на рационален избор

м-р Иво Босилков

ivo bosilkovНикола Груевски може да биде критикуван за многу работи. Меѓутоа за една работа, де факто шефот на македонската држава не може да биде критикуван, а тоа е неговата рационалност. Никола Груевски е исклучително рационален политички актер. Ако не би бил, немаше да фигурира повеќе од една деценија како најмоќен човек во Македонија.

 

Да нема забуна, рационалноста на Груевски нема никаква врска со морални вредности, тенденции за ефикасно решавање на проблемите или пак некаков недостаток на емотивни или емпатични карактеристики. Груевски е рационален исклучиво од аспект на начелата на позитивната политичка теорија - гранка која ги применува епистемолошките принципи на теоријата на рационален избор и методологијата на теоријата на игра. Според оваа теорија, индивидуалното однесување во политиката е мотивирано исклучиво од сопствен интерес, максимизација на конечниот исход и остварување на зацртаната цел. Ваквото однесување подразбира инструментален пристап за остварување на зацртаните преференци, преку стратешки потези и интензивна калкулација, наменета да обезбеди предност пред останатите политички актери во општеството.

Теоријата на рационален избор ги третира како арбитрарни и редундантни бихејвиоралистичките интерпретации на политичкото дејствување, каде доминираат културните и психолошки премиси, и на тој начин презентира дедуктивен модел, според кој човекот во сферата на политиката е воден од опортунизмот и егоизмот. Како таков, овој модел може да се примени на различни случаи, притоа нагласувајќи дека појдовна точка, во духот на рационалниот избор, е идејата дека во секое општество, основната цел на политичарот е да остане на власт, додека на гласачот да избере власт која ќе му овозможи максимален економски бенефит. И политичарот и гласачот се водени од сопствениот економски интерес. Во македонскиот случај, овој модел може да понуди поедноставено објаснување за феноменот кој го претставува домашната политичка ситуација и досегашното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Медиумите и теоријата на селекторатот

Како Груевски и ВМРО-ДПМНЕ обезбедуваат доволна поддршка на избори за да останат на власт? Според теоријата на селекторатот одговорот е едноставен: партијата на власт во Македонија континуирано одржува нумерички ниска пропорција меѓу победничката коалиција (П) и селекторатот (С). Според авторите на теоријата на селекторатот, со овој термин се нарекуваат сите кои го избираат лидерот. Во демократијата тоа се сите граѓани со право на глас, во монархија како Саудиска Арабија тоа се членовите на кралското семејство, во воените хунти од типот на Чиле под Аугусто Пиноче, тоа се високорангираните членови на армијата. Под победничка коалиција авторите не подразбираат партии, туку оние членови на селекторатот чија поддршка е потребна да се остане на власт.

Владетелот ја обезбедува поддршката на коалицијата преку овозможување на приватни и јавни добра. Во демократски системи, соодносот П/С е голем, затоа што и коалицијата и селекторатот се големи. Оттаму владетелот нема доволно средства да ги поткупи сите со приватни добра, па обезбедува јавни добра. Во државите каде владетелот треба да убеди релативно мал број поединци во рамките на селекторатот, тој тоа го прави тоа преку приватни добра, додека остатокот го приграбува за себе. Ако селекторатот е мал, како во примерот со Чиле, тогаш владетелот треба да понуди повеќе за да ја задржи лојалноста на коалицијата во страв дека таа може лесно да смени страна; ако е голем, тогаш може да помине и со помала сума и да приграби повеќе за себе, затоа што знае дека коалицијата е свесна дека има мали шанси повторно да биде меѓу привилегираната група кај некој друг кандидат. Оттаму лојалноста кон владетелот е голема

Во Македонија, ситуацијата наликува на првата (демократија), но всушност е последната (диктатура). Зошто? ВМРО-ДПМНЕ победува на избори со мнозинска поддршка, која е резултат на перцепцијата за одлични економски перформанси, но оваа перцепција е повеќе последица на жестока медиумска кампања отколку реални параметри. Токму реализаторите на оваа медиумска кампања - провладините медиуми - можат да се пронајдат во горенаведениот опис, како групација која е финансиски зависна од власта, и чии припадници се во спрега со владини функционери, како што покажаа опозициските „бомби“ минатата година. Индиректно, медиумите се меѓу клучните алатки со чија контрола ВМРО-ДПМНЕ континуирано обезбедува одржување на власт. Индикатор дека Македонија припаѓа во оваа категорија се корупцијата и клептократијата, како стандардни придружни ефекти на нискиот П/С сооднос според авторите.

protestiram

Извор: #Протестирам

Како до транзиција кон вистинска демократија?

За да се оствари транзиција од ваков систем во консолидирана демократија, таа треба да биде самоодржлива. Еден од најпознатите современи автори на позитивната политичка теорија Адам Пржеворски смета дека тоа се случува кога е постигнат еквилибриум, во терминологијата на теоријата на игра: почитување на изборните резултати кога ќе се доживее пораз и понатамошна борба низ институциите. Според Пржеворски, ова е можно само кога сите политички сили имаат реални услови да победат во политичкиот натпревар; тогаш кога губитникот во одредена рунда верува дека има доволно шанси да победи во идна рунда за да го направи чекањето и учеството во таа рунда поатрактивно отколку субверзија на системот.

Во Македонија, според анализата која произлегува од теоријата на селекторатот, вакви услови нема, поради медиумската и институционална партизираност и корупција. Оттаму и сегашната политичка криза, во која опозицијата одбива учество во системот, свесна дека нема услови за победа. Кое е решението? Теоријата вели: либерализација на режимот.

Либерализација, преку отворање на авторитарната власт и толеранција на цивилното општество се случува кога настануваат пукнатини во блокот на моќта. Ова е процес кој паралелно оди одозгора надолу, и оддолу нагоре. Со други зборови, либерални струи во редовите на власта (одозгора) решаваат да го сменат пристапот кон цивилното општество, во ситуација кога автономна организација и јавна мобилизација создава притисок за промени (одоздола), со цел намалување на социјалната тензија и вклучување на дисидентските групи во институциите.

Хипотетички, овој процес се одвива симултано; либералните струи не преферираат демократија, туку само поинклузивна диктатура, меѓутоа со оглед на тоа што автономните граѓански организации немаат можност да ги изразат нивните интереси низ институциите, единствениот преостанат простор е улицата. Во тој случај либерализаторите не успеваат во нивните намери; репресија на бунтот е нивната најлоша опција, па затоа го менуваат редоследот на нивните преференци пред ситуацијата да излезе од контрола, и наместо проширена диктатура преферираат демократија. Предуслов за ваквата промена е да има гаранции од цивилното општество дека и понатаму ќе фигурираат како дел од власта и дека нема да има одмазда. Кога овој услов е прифатен од цивилното општество, процесот на демократска трансформација кулминира.

Македонската дилема на затворениците

Основната претпоставка на Пржеворски за ваков развој на настаните е дека изразувањето на интересите преку улична борба добива масовен карактер, но во Македонија тоа не е така. Причината повторно се наоѓа во рационалниот избор. Ако демократијата ја сметаме за јавно добро, тогаш теоријата вели дека колку побројна е групата во чиј интерес е јавното добро, толку помали се шансите тоа да биде оптимално распределено. Тоа е затоа што повеќето поединци имаат интерес некој друг да го обезбеди јавното добро, од кое и тие би имале бенефит. Ваквата практика е колективна варијација на класичната „дилема на затворениците“ од теоријата на игра, според која при недостаток на меѓусебна координација, секој учесник има поголема добивка кога ескивира а некој друг придонесува, затоа што во тој случај го избегнува трошокот за придонесување кон јавното добро.

Втора карактеристика на субоптималноста на остварување на јавното добро е што помалите играчи преку ескивирање ги „експлоатираат“ поголемите, кои имаат поголем интерес за добивање на тоа добро. Во нашиот случај поединците чекаат опозициската СДСМ да ја обезбеди демократијата. Единствен начин да се надминат овие проблеми и да се обезбеди потребната општа соработка се настани кои би претставувале катализатор за мобилизација. Кај нас, тоа би биле недвосмислени и непобитни докази за посериозни криминални дејствија на владејачката елита. Оттаму произлегуваат и актуелните демонстрации, како реакција на имплицитното признавање на овие дејствија во облик на помилувањето од претседателот Иванов.

Сепак, за охрабрување и појава на либерализаторско крило во владејачкиот монолит како одговор на јавното незадоволство, последново треба да биде изразено преку масовност на протестите. Најпосле, ако основниот постулат е гласачот воден исклучиво од економски интерес, евентуална изолација од Европската Унија би можела да има директни негативни последици врз неговиот стандард, намалувајќи ја мотивацијата да ескивира во придонесот кон јавното добро.


Ве молиме прочитајте ги правилата пред да коментирате или превземате
Напомена: Мислењата и ставовите во оваа статија се на авторот и не ги одразува позициите на Институтот за комуникациски студии ниту на донаторот.

Колку Македонија може да си ги дозволи политиките ...
Меѓународното право дозволува понатамошно објавува...
 

Коментари 6

Анонимен - Political Scientist on Вторник, 26 Април 2016 20:18

Ima dva problemi so argumentacijata, i dvata proizleguvaat od neobjektivnost:

1. I pokraj akademskata pozadina, se cini deka pokazuvas osnovno nepoznavanje na tipovi na politicki sistemi. Imeno, prvo sam priznavas deka mnozinskiot del od gragjanite se izjasnuvaat pozitivno kon aktuelnata vlast a potoa tvrdis deka politickiot sistem e avtoritaren. Epa ne moze i edno i drugo, ako vlasta e izbrana od mnozinstvo gragjani pri universal suffrage, togas e demokratska vlast, ako ne e potvrdena od mnozinstvo gragjani togas e avtoritarna. Toa sto mnozinstvoto gragjani vo Makedonija gi odreduva svoite politicki simpatii na baza na svojata licna i familijarna ekonomska blagosostojba moze da bide samo tvoj licen problem a nikako problem na demokratskiot sistem na Makedonija. Ako ti sakas da bides "progressive I-love-atlanticists-values" tip, nemas pravo istite vrednosti da im gi naturas na 2 miliona lugje.

2. Tvrdis deka opozicijata vo Makedonija nema sansi na fer i miren nacin da dojde do vlast. Pogresno. Treba samo da prestane da izigrava elita po rodjenje i da ispoti malce g's namesto da misli deka vlasta prirodno im pripagja zatoa sto dedovcite im bile osnovaci na SKM. So drugi zborovi namesto salonasko odnesuvanje treba da pocne da odi od vrata na vrata i na baza na preferencite (pretezno ekonomski) na gragjanite do koi ke dojde od toa terensko istrazuvanje da napravi programa. Potoa so napisanata programa pak od vrata na vrata so vetuvanje deka taa programa ke se implementira. E ama se toa e naporna rabota. Niv im e polesno da se ligavat po ambasadi i da ja ozboruvaat i omalovazuvaat sopstvenata zemja po Brisel i drugi svetski centri. Koga ke se smeni ova vo opozicijata ke se konsolidira i nasata demokratija.

You are welcome.

Ima dva problemi so argumentacijata, i dvata proizleguvaat od neobjektivnost: 1. I pokraj akademskata pozadina, se cini deka pokazuvas osnovno nepoznavanje na tipovi na politicki sistemi. Imeno, prvo sam priznavas deka mnozinskiot del od gragjanite se izjasnuvaat pozitivno kon aktuelnata vlast a potoa tvrdis deka politickiot sistem e avtoritaren. Epa ne moze i edno i drugo, ako vlasta e izbrana od mnozinstvo gragjani pri universal suffrage, togas e demokratska vlast, ako ne e potvrdena od mnozinstvo gragjani togas e avtoritarna. Toa sto mnozinstvoto gragjani vo Makedonija gi odreduva svoite politicki simpatii na baza na svojata licna i familijarna ekonomska blagosostojba moze da bide samo tvoj licen problem a nikako problem na demokratskiot sistem na Makedonija. Ako ti sakas da bides "progressive I-love-atlanticists-values" tip, nemas pravo istite vrednosti da im gi naturas na 2 miliona lugje. 2. Tvrdis deka opozicijata vo Makedonija nema sansi na fer i miren nacin da dojde do vlast. Pogresno. Treba samo da prestane da izigrava elita po rodjenje i da ispoti malce g's namesto da misli deka vlasta prirodno im pripagja zatoa sto dedovcite im bile osnovaci na SKM. So drugi zborovi namesto salonasko odnesuvanje treba da pocne da odi od vrata na vrata i na baza na preferencite (pretezno ekonomski) na gragjanite do koi ke dojde od toa terensko istrazuvanje da napravi programa. Potoa so napisanata programa pak od vrata na vrata so vetuvanje deka taa programa ke se implementira. E ama se toa e naporna rabota. Niv im e polesno da se ligavat po ambasadi i da ja ozboruvaat i omalovazuvaat sopstvenata zemja po Brisel i drugi svetski centri. Koga ke se smeni ova vo opozicijata ke se konsolidira i nasata demokratija. You are welcome.
Анонимен - Хорхе on Среда, 27 Април 2016 16:37

До political scientist,
поентата на авторот е дека universal suffrage не значи автоматски и демократија, постојат и други моменти кои прават разлика. Во нашиов случај тој момент се медиумите, Груевски едноставно ги "купува" Сител, Канал 5, Алфа и особено МТВ и понатаму тие му ја вршат работата на терен, не оди тој од врата до врата туку само се појавува од телевизор. Груевски не измислува топла вода со неговата програма, СДСМ од позиција на власт може да го понуди мање-више истото, меѓутоа од опозиција ги нема државните ресурси за да може да парира на ваква перманентна кампања и не може да ја уценува администрацијата со бркање од работа и слично.

Најпосле и Мугабе во Зимбамве и Лукашенко во Белорусија добиваат избори со години и децении, па никој не ги смета овие земји за демократски. Факт е дека во Македонија постои огромна корупција и клептократија.

До political scientist, поентата на авторот е дека universal suffrage не значи автоматски и демократија, постојат и други моменти кои прават разлика. Во нашиов случај тој момент се медиумите, Груевски едноставно ги "купува" Сител, Канал 5, Алфа и особено МТВ и понатаму тие му ја вршат работата на терен, не оди тој од врата до врата туку само се појавува од телевизор. Груевски не измислува топла вода со неговата програма, СДСМ од позиција на власт може да го понуди мање-више истото, меѓутоа од опозиција ги нема државните ресурси за да може да парира на ваква перманентна кампања и не може да ја уценува администрацијата со бркање од работа и слично. Најпосле и Мугабе во Зимбамве и Лукашенко во Белорусија добиваат избори со години и децении, па никој не ги смета овие земји за демократски. Факт е дека во Македонија постои огромна корупција и клептократија.
Анонимен - Political Scientist on Среда, 27 Април 2016 21:53

Ne e tocno. Kolacot na drzavni pari vo vkupniot budzet koj Sitel, Kanal 5 i Alfa go pravat od marketing ne stignuvase ni do pola (sega e 0 zatoa sto vladinite kampanji se otkazaa). No duri i da hipotetizirame deka Sitel, Kanal 5 i Alfa se "kupeni", dovolno e sto postojat televizii kako Telma, Alsat M i 24 Vesti, koi spored nicii oceni ne se "kupeni", za da se zadrzi potrebnoto minimalno nivo za da informativniot prostor vo televiziite se okarakterizira kako demokratski. Sosema dovolno e gragjaninot da ima moznost da gi cue dvete strani i na baza na dvete prikazni samiot da donese odluka so sto se soglasuva a so sto ne. Ako ne mu se svigjaat na gragjaninot Sitel, Kanal 5 i Alfa, ima edna magicna naprava sto se vika daljinsko i moze koga saka da si svrti na Telma. E sega problemot na opozicijata e sto gragjaninot ne vrti na pro-opoziciski mediumi i nivnata popularnost e mn niska. Zasto e toa taka treba opozicijata da se zaprasa i da se preispita namesto da pluka po se sto e popularno i uspesno vo zemjata. Uste dve kratki poenti za mediumite 1. MTV ne ja menja mnogu slikata posto se negledani i 2. opozicijata gi dominira modernite mediumi kako socijalni mrezi i drugi a i so pomos na stranski pari go dominira i nevladiniot sektor taka sto on the whole se cini deka situacijata e prilicno izramneta vo mediumskata svera, razlikata vo glasovi sepak doagja od dobro osmislena programa i naporna rabota.

Sto se odnesuva do drugite poenti, ne sum siguren deka SDSM od pozicija na vlast moze da go isporaca istoto. Vprocem, koga bea na vlast ne go isporacuvaa istoto. I zatoa sega ke im bide uste potesko na gi pridobijat gragjanite duri i ako se otkazat od destruktivni scenarija, zatoa sto duri i da napravat soodvetna programa nemaat soodveten track record to back it up. Ali pak, za toa sami si se krivi. Okolu brkanje od administracija jas samo Zaev go slusnav deka ke jade zivi lugje, VMROvcive ne sum gi slusnal da kazat takvo nesto. Molam ispravi me ako gresam.

Smesno e da se sporeduva Belorusija i Zimbabve so Makedonija vo smisla na politicki sistem. Samo totalen amater moze da go napravi toa. Na demokratski sistem za da se okarakterizira kako takov mu se potrebni dve raboti - contestation i participation. Ili po naski koj saka da moze da glasa i koj saka da moze da se kandidira bez pritoa pravoto da mu bide uskrateno so sila. I dodeka vo Belorusija i Zimbabve imame celosen nedostatok na contestation (opoziciski lideri lezat po zatvori zaradi politicki pricini) vo Makedonija imame totalno sprotivno - duri i se vulgarizira pravniot sistem samo i samo da mu se dozvoli na opoziciskiot lider da ostane na sloboda iako zasluzuva zatvor blago kazano.

Konecno, moram da priznaam deka e zadovolstvo da se debatira vo Makedonija bez navredi, omalovazuvanja i zakani pa i pokraj razlicniot stav te pozdravuvam.

Ne e tocno. Kolacot na drzavni pari vo vkupniot budzet koj Sitel, Kanal 5 i Alfa go pravat od marketing ne stignuvase ni do pola (sega e 0 zatoa sto vladinite kampanji se otkazaa). No duri i da hipotetizirame deka Sitel, Kanal 5 i Alfa se "kupeni", dovolno e sto postojat televizii kako Telma, Alsat M i 24 Vesti, koi spored nicii oceni ne se "kupeni", za da se zadrzi potrebnoto minimalno nivo za da informativniot prostor vo televiziite se okarakterizira kako demokratski. Sosema dovolno e gragjaninot da ima moznost da gi cue dvete strani i na baza na dvete prikazni samiot da donese odluka so sto se soglasuva a so sto ne. Ako ne mu se svigjaat na gragjaninot Sitel, Kanal 5 i Alfa, ima edna magicna naprava sto se vika daljinsko i moze koga saka da si svrti na Telma. E sega problemot na opozicijata e sto gragjaninot ne vrti na pro-opoziciski mediumi i nivnata popularnost e mn niska. Zasto e toa taka treba opozicijata da se zaprasa i da se preispita namesto da pluka po se sto e popularno i uspesno vo zemjata. Uste dve kratki poenti za mediumite 1. MTV ne ja menja mnogu slikata posto se negledani i 2. opozicijata gi dominira modernite mediumi kako socijalni mrezi i drugi a i so pomos na stranski pari go dominira i nevladiniot sektor taka sto on the whole se cini deka situacijata e prilicno izramneta vo mediumskata svera, razlikata vo glasovi sepak doagja od dobro osmislena programa i naporna rabota. Sto se odnesuva do drugite poenti, ne sum siguren deka SDSM od pozicija na vlast moze da go isporaca istoto. Vprocem, koga bea na vlast ne go isporacuvaa istoto. I zatoa sega ke im bide uste potesko na gi pridobijat gragjanite duri i ako se otkazat od destruktivni scenarija, zatoa sto duri i da napravat soodvetna programa nemaat soodveten track record to back it up. Ali pak, za toa sami si se krivi. Okolu brkanje od administracija jas samo Zaev go slusnav deka ke jade zivi lugje, VMROvcive ne sum gi slusnal da kazat takvo nesto. Molam ispravi me ako gresam. Smesno e da se sporeduva Belorusija i Zimbabve so Makedonija vo smisla na politicki sistem. Samo totalen amater moze da go napravi toa. Na demokratski sistem za da se okarakterizira kako takov mu se potrebni dve raboti - contestation i participation. Ili po naski koj saka da moze da glasa i koj saka da moze da se kandidira bez pritoa pravoto da mu bide uskrateno so sila. I dodeka vo Belorusija i Zimbabve imame celosen nedostatok na contestation (opoziciski lideri lezat po zatvori zaradi politicki pricini) vo Makedonija imame totalno sprotivno - duri i se vulgarizira pravniot sistem samo i samo da mu se dozvoli na opoziciskiot lider da ostane na sloboda iako zasluzuva zatvor blago kazano. Konecno, moram da priznaam deka e zadovolstvo da se debatira vo Makedonija bez navredi, omalovazuvanja i zakani pa i pokraj razlicniot stav te pozdravuvam.
Анонимен - Kumot on Среда, 27 Април 2016 19:45

Хорхе,ама ти изгледа не си го разбрал ни основниот текст ниту репликата .
Купувањето на медиумите НЕ Е криминал доколку не се прави со државни пари,и не се работи за МРТВ.Тие се приватни медиуми,компании и нема никакво купување туку има економски интерес,она за кое говори горе основниот текст кога говори за елементот-победничка коалиција (П) .Елементи кои имаат свој економски интерес ,и кој го остваруваат во ваква конфигурација,а кој би можеле да го изгубат при промени.
Тоа дека СДСМ може да понуди било што,е ветер и магла.СДСМ не е партија која е концепирана во својата политичка стратегија према гласачи,туку на центри на моќ.Затоа и не се замара со гласачите НИКОГАШ.Она има различна стратегија,која не е насочена према внатре,туку према надвор,према некој интерес на поголем геополитички играч кој во дадем момент има интерес за промена на власта во МКД. Тоа можеш да го заклучиш прецизно ако ги разгледаш сите идења на власт на СДСМ,и ке видиш дека при секој од тие случаи постои и некој друг елемент освен внатрешниот,т.е. постои нечив интерес за промена на власт во МКД. 2001-ва ти е школски пример,еве и сега е школски пример при сериозно разместување на геополитичката игра,а Македонија претставува безбедносна дупка во колективниот одбранбен систем на Европа-НАТО.Секогаш во такви услови се појавува СДСМ,а секогаш кога работата е мирна во таа смисла СДСМ исчезнува буквално.СДСМ не ни има изградено пол. стратегија како да освои гласач.Нивното делување е строго политиканско,како да уловат нечив интерес,и со негова помош (и воља) да застанат на власт за да одработаат.Кога имаш таква стратегија (која е една од пол. стратегии во услови на глобализација,просто да се понудиш како кооперативна влада на некој центар на моќ) ,ти секако и дека ке немаш програма,ке немаш ниту визија за иднина,ниту ке имаш став дури за најосновните прашања во државата,затоа што они не се дел од твојата стратегија,не очекуваш ти идење на власт преку гласачи и немаш потреба да ги купуваш со реални домашни политики и визии за истите.Ете тоа е типичната слика за СДСМ.По дефинициите,тоа е тип на елита која е надворешна по суштина,која претставува суб-елита на некоја поголема елита.Таква беше и онаа која се создаде после распадот на СССР во Русија,и која за малку не ја уништи Русија. ВМРО од друга страна е обратно од тоа поставена,она е друг тип на елита,она е елита како што се западните елити,или новата руска елита.Она е елита која разбира дека не треба да ја сече гранката на која седи,т.е. ја разбира државата како свое поле од кое жнее.Ниту една елита од западот нема грижи за граѓанинот,ама ни најмалку,туку просто они имаат создадено компромис помеѓу елитата и граѓанскиот сектор.Тој тип на елита разбира дека со спасување на државата се спасува себе си.Тој ја гледа државата како своја фирма,така ја доживува и затоа ја брани (се разбира,со него на власт,иначе нема смисла)..ја брани како своја златна кокошка на долг рок.СДСМ-вската пак поставеност нема долг рок сопствен,она верува во центар на кој она ке им служи како администрација,а тоа во локална смисла значи локална власт.Они се доживуваат како граѓани на светот,поделен во административни единици.Тоа е пак типична слика за пост-комунистичките номеклатури кои секаде,во сите земји буквално се трансформираја,затоа што тој тип на елита така функционира,он мора да припаѓа на некој центар,таква беше и порано,локален владетел на еден голем центар.Кога падна комунистичкиот центар на моќ,они едноставно беа превземени од либерлно-империјалниот центар на моќ.
Затоа од СДСМ никогаш ниту сме виделе,ниту ке видиме било што,затоа што они позицијата своја ја обезбедуваат на друг начин,не преку гласачите,туку преку политиканство во геополитичка смисла.Затоа пак исто така може да го видиме она кое е последица на таквата политика,а тоа е дека СДСМ секогаш врши чекори кои од македонска гледна точка се ненормални,нејасни и спротивни на наш интерес..,затоа што и се такви,тие се контрауслугите кои СДСМ ги враќа за помошта за идење на власт.Затоа го имаме 95-та она кое се случи-Време на СДСМ ...затоа го имаме 2002-2005-та и она кое се случи (територијална поделба,уништување на референдумот,закони за етнички знамиња и сл. работи кои дефакто означуваат двонационална држава на етнички основ и тн).-Време на СДСМ. Затоа и сега,за чадорот треба да дојде време на СДСМ..

Хорхе,ама ти изгледа не си го разбрал ни основниот текст ниту репликата . Купувањето на медиумите НЕ Е криминал доколку не се прави со државни пари,и не се работи за МРТВ.Тие се приватни медиуми,компании и нема никакво купување туку има економски интерес,она за кое говори горе основниот текст кога говори за елементот-победничка коалиција (П) .Елементи кои имаат свој економски интерес ,и кој го остваруваат во ваква конфигурација,а кој би можеле да го изгубат при промени. Тоа дека СДСМ може да понуди било што,е ветер и магла.СДСМ не е партија која е концепирана во својата политичка стратегија према гласачи,туку на центри на моќ.Затоа и не се замара со гласачите НИКОГАШ.Она има различна стратегија,која не е насочена према внатре,туку према надвор,према некој интерес на поголем геополитички играч кој во дадем момент има интерес за промена на власта во МКД. Тоа можеш да го заклучиш прецизно ако ги разгледаш сите идења на власт на СДСМ,и ке видиш дека при секој од тие случаи постои и некој друг елемент освен внатрешниот,т.е. постои нечив интерес за промена на власт во МКД. 2001-ва ти е школски пример,еве и сега е школски пример при сериозно разместување на геополитичката игра,а Македонија претставува безбедносна дупка во колективниот одбранбен систем на Европа-НАТО.Секогаш во такви услови се појавува СДСМ,а секогаш кога работата е мирна во таа смисла СДСМ исчезнува буквално.СДСМ не ни има изградено пол. стратегија како да освои гласач.Нивното делување е строго политиканско,како да уловат нечив интерес,и со негова помош (и воља) да застанат на власт за да одработаат.Кога имаш таква стратегија (која е една од пол. стратегии во услови на глобализација,просто да се понудиш како кооперативна влада на некој центар на моќ) ,ти секако и дека ке немаш програма,ке немаш ниту визија за иднина,ниту ке имаш став дури за најосновните прашања во државата,затоа што они не се дел од твојата стратегија,не очекуваш ти идење на власт преку гласачи и немаш потреба да ги купуваш со реални домашни политики и визии за истите.Ете тоа е типичната слика за СДСМ.По дефинициите,тоа е тип на елита која е надворешна по суштина,која претставува суб-елита на некоја поголема елита.Таква беше и онаа која се создаде после распадот на СССР во Русија,и која за малку не ја уништи Русија. ВМРО од друга страна е обратно од тоа поставена,она е друг тип на елита,она е елита како што се западните елити,или новата руска елита.Она е елита која разбира дека не треба да ја сече гранката на која седи,т.е. ја разбира државата како свое поле од кое жнее.Ниту една елита од западот нема грижи за граѓанинот,ама ни најмалку,туку просто они имаат создадено компромис помеѓу елитата и граѓанскиот сектор.Тој тип на елита разбира дека со спасување на државата се спасува себе си.Тој ја гледа државата како своја фирма,така ја доживува и затоа ја брани (се разбира,со него на власт,иначе нема смисла)..ја брани како своја златна кокошка на долг рок.СДСМ-вската пак поставеност нема долг рок сопствен,она верува во центар на кој она ке им служи како администрација,а тоа во локална смисла значи локална власт.Они се доживуваат како граѓани на светот,поделен во административни единици.Тоа е пак типична слика за пост-комунистичките номеклатури кои секаде,во сите земји буквално се трансформираја,затоа што тој тип на елита така функционира,он мора да припаѓа на некој центар,таква беше и порано,локален владетел на еден голем центар.Кога падна комунистичкиот центар на моќ,они едноставно беа превземени од либерлно-империјалниот центар на моќ. Затоа од СДСМ никогаш ниту сме виделе,ниту ке видиме било што,затоа што они позицијата своја ја обезбедуваат на друг начин,не преку гласачите,туку преку политиканство во геополитичка смисла.Затоа пак исто така може да го видиме она кое е последица на таквата политика,а тоа е дека СДСМ секогаш врши чекори кои од македонска гледна точка се ненормални,нејасни и спротивни на наш интерес..,затоа што и се такви,тие се контрауслугите кои СДСМ ги враќа за помошта за идење на власт.Затоа го имаме 95-та она кое се случи-Време на СДСМ ...затоа го имаме 2002-2005-та и она кое се случи (територијална поделба,уништување на референдумот,закони за етнички знамиња и сл. работи кои дефакто означуваат двонационална држава на етнички основ и тн).-Време на СДСМ. Затоа и сега,за чадорот треба да дојде време на СДСМ..
Анонимен - Хорхе on Четврток, 28 Април 2016 01:31

Неколку поенти:

1. Сител, Канал 5 и Алфа се под тотална команда на власта. Ако и претходно го знаевме тоа, се уверивме од бомбите (началниче, куртон медиуми и Емил Стојменов кога гасеше струја). Главните ликови во овие телевизии се во тесни бизнис и приватни врски со власта. Истото не може да се каже за Телма, 24 Вести и Алсат и опозицијата, патем телевизии кои реално немаат толкава пенетрација и покривање во земјава, од различни причини (Телма традиционално локална скопска, 24 вести релативно нова, Алсат албанска). Во Сител, Канал 5 и Алфа нема дебати на политички неистомисленици, како кај другиве наброени, туку има исклучиво негативен дискурс за предавници, соросоиди и какви уште не арбитрарни етикети. Ова трае со години, кај редовните гледачи навиките веќе се создадени и омразата е влезена во потсвеста, а како што реков претходно, сето ова е директно оркестрирано од нарачките на Протуѓер и Илија Димовски. Се согласувам дека неколку веб портали се со сличен пристап само од обратната страна (на пример Геровски), веројатно и контролирани од СДСМ (како што реков, толку им се ресурсите), меѓутоа тие немаат речиси никаква моќ да прават баланс на телевизијата, особено што и таму имаме Курир, Република, нетпрес (исто со директно финансирање од власта) да држат територија.

2. МТВ е далеку од небитна, дури би шпекулирал и дека намерно е одржувана толку бледа и празна, за да нема никакво влијание на јавното мислење. МТВ мора да биде заштитник на јавниот интерес и критичар на се што е не е како што треба, наместо безгласна буква. Кога во државата се случуваат важни настани, МТВ известува за гроздобери. За ова ли плаќаат граѓаните радиодифузна такса? МТВ во медиумите е тоа што Хорхе е во политиката, преќутен климач со глава и посетител на пастрмајлијади и слично.

3. СДСМ не биле на власт десет години, така што не можеме ништо да тврдиме за капацитетите на СДСМ повикувајќи се на времето на Бранко. Како би имале track record ако искуството со СДСМ било пред една деценија, во тотално различен контекст и со тотално различни луѓе? Она што го нарекувате деструкција и одработување за странски служби е ништо повеќе од рационализација на јавното експонирање на корупцијата на власта. Колку сакаме можеме да шпекулираме за геополитички игри и заговори како крајна цел, но тоа се само тоа - шпекулации. Она што е факт е корупцијата на власта.

Што се однесува до администрацијата, една работа е хипотетичка, хиперболизирана политичка реторика како јадењето живи луѓе, друго се реалните притисоци да се излезе на гласање или ќе следува бркање, да се донесат списоци од пет или десет луѓе што ги убедиле да гласаат за ВМРО, појавување на гласачко место до два попладне со проверки и слично. Лично познавам вакви примери.

4. Дискутабилно е дали има contestation и participation. И кај нас се апсат членови на Левица, Љубе и Велија лежат во затвор, му се рушат објекти на Фиат Цановски итн. Ова е класична политичка пресметка, спакувана во некакви изговори за правда која што е тотално селективна. Се согласувам дека се вулгаризира правниот систем: на иницијатива на еден од адвокатите на Јанкуловска и Темелко, осомничени за изборен криминал, уставен суд експресно му дава право на Хорхе за помилување изборен криминал и овој експресно го употребува да аболицира еден куп осомничени од СЈО за изборен криминал.

Што се однесува до participation поентата на текстот е токму тоа, кој сака може да се кандидира, и да нема апсолутно никакви шанси за победа поради механизмите на системот, од медиуми, преку администрација, до изборни измами од типот на човечињата од Пустец. Демократија постои кога има неизвесност околу победникот. А либерална демократија, која е највисоката форма на демократија и докажан предуслов за економски просперитет како на Запад, подразбира владеење на правото, checks and balances, одвојување на власта од партијата, слободни медиуми, итн. Ние немаме ништо од ова.

Поздрав.

Неколку поенти: 1. Сител, Канал 5 и Алфа се под тотална команда на власта. Ако и претходно го знаевме тоа, се уверивме од бомбите (началниче, куртон медиуми и Емил Стојменов кога гасеше струја). Главните ликови во овие телевизии се во тесни бизнис и приватни врски со власта. Истото не може да се каже за Телма, 24 Вести и Алсат и опозицијата, патем телевизии кои реално немаат толкава пенетрација и покривање во земјава, од различни причини (Телма традиционално локална скопска, 24 вести релативно нова, Алсат албанска). Во Сител, Канал 5 и Алфа нема дебати на политички неистомисленици, како кај другиве наброени, туку има исклучиво негативен дискурс за предавници, соросоиди и какви уште не арбитрарни етикети. Ова трае со години, кај редовните гледачи навиките веќе се создадени и омразата е влезена во потсвеста, а како што реков претходно, сето ова е директно оркестрирано од нарачките на Протуѓер и Илија Димовски. Се согласувам дека неколку веб портали се со сличен пристап само од обратната страна (на пример Геровски), веројатно и контролирани од СДСМ (како што реков, толку им се ресурсите), меѓутоа тие немаат речиси никаква моќ да прават баланс на телевизијата, особено што и таму имаме Курир, Република, нетпрес (исто со директно финансирање од власта) да држат територија. 2. МТВ е далеку од небитна, дури би шпекулирал и дека намерно е одржувана толку бледа и празна, за да нема никакво влијание на јавното мислење. МТВ мора да биде заштитник на јавниот интерес и критичар на се што е не е како што треба, наместо безгласна буква. Кога во државата се случуваат важни настани, МТВ известува за гроздобери. За ова ли плаќаат граѓаните радиодифузна такса? МТВ во медиумите е тоа што Хорхе е во политиката, преќутен климач со глава и посетител на пастрмајлијади и слично. 3. СДСМ не биле на власт десет години, така што не можеме ништо да тврдиме за капацитетите на СДСМ повикувајќи се на времето на Бранко. Како би имале track record ако искуството со СДСМ било пред една деценија, во тотално различен контекст и со тотално различни луѓе? Она што го нарекувате деструкција и одработување за странски служби е ништо повеќе од рационализација на јавното експонирање на корупцијата на власта. Колку сакаме можеме да шпекулираме за геополитички игри и заговори како крајна цел, но тоа се само тоа - шпекулации. Она што е факт е корупцијата на власта. Што се однесува до администрацијата, една работа е хипотетичка, хиперболизирана политичка реторика како јадењето живи луѓе, друго се реалните притисоци да се излезе на гласање или ќе следува бркање, да се донесат списоци од пет или десет луѓе што ги убедиле да гласаат за ВМРО, појавување на гласачко место до два попладне со проверки и слично. Лично познавам вакви примери. 4. Дискутабилно е дали има contestation и participation. И кај нас се апсат членови на Левица, Љубе и Велија лежат во затвор, му се рушат објекти на Фиат Цановски итн. Ова е класична политичка пресметка, спакувана во некакви изговори за правда која што е тотално селективна. Се согласувам дека се вулгаризира правниот систем: на иницијатива на еден од адвокатите на Јанкуловска и Темелко, осомничени за изборен криминал, уставен суд експресно му дава право на Хорхе за помилување изборен криминал и овој експресно го употребува да аболицира еден куп осомничени од СЈО за изборен криминал. Што се однесува до participation поентата на текстот е токму тоа, кој сака може да се кандидира, и да нема апсолутно никакви шанси за победа поради механизмите на системот, од медиуми, преку администрација, до изборни измами од типот на човечињата од Пустец. Демократија постои кога има неизвесност околу победникот. А либерална демократија, која е највисоката форма на демократија и докажан предуслов за економски просперитет како на Запад, подразбира владеење на правото, checks and balances, одвојување на власта од партијата, слободни медиуми, итн. Ние немаме ништо од ова. Поздрав.
Анонимен - Роберт Милески on Петок, 29 Април 2016 03:43

Да пробам да ја сублимирам колумнава во неколку збора "за да не го тупиме".

Авторот вели Груевски е владетел, кој е егоист и сака се за него и за да ја постигне цела го користи методот "на ти го дај ми го", односно го поткупува народот. Владее автократски. За тоа да се разбие потребна е демократија. Протести се ок, ама морат да бидат помасовни.

Испуштив нешто? Има нешто непознато и ново во кажаното?

Роберт Милески.

п.с..Секоја чест за моќта на пишување на миљон реда за нешто што се кажува во три реченици. Ама и тоа е способност. Некаква.

Да пробам да ја сублимирам колумнава во неколку збора "за да не го тупиме". Авторот вели Груевски е владетел, кој е егоист и сака се за него и за да ја постигне цела го користи методот "на ти го дај ми го", односно го поткупува народот. Владее автократски. За тоа да се разбие потребна е демократија. Протести се ок, ама морат да бидат помасовни. Испуштив нешто? Има нешто непознато и ново во кажаното? Роберт Милески. п.с..Секоја чест за моќта на пишување на миљон реда за нешто што се кажува во три реченици. Ама и тоа е способност. Некаква.
Анонимен
Петок, 25 Мај 2018
Поддржано од:       Имплементирано од:       Проект: