Александар Грижев

Д-р Александар Грижев е вонреден професор на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје и раководител на Катедрата за општествени и хуманистички науки. Неговиот наставно-истражувачки фокус е на безбедносно-одбранбените студии, постконфликтната стабилизација и реконструкција, реформите на безбедносниот сектор (SSR), радикализација и насилен екстремизам, когнитивни операции и родова перспектива во вооружените сили и поширокиот безбедносен сектор. Има оперативно искуство од меѓународни мисии, вклучително и учество во Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ во Украина (2019–2021), како и претходни ангажмани во конфликтни и постконфликтни средини. Редовно учествува на меѓународни форуми и е дел од различни проекти и активности со национални и меѓународни партнери (NATO Science and Technology Organization, NATO Committee on Gender Perspective, OSCE, UN, RACVIAC, PfP Consortium). Со посебен интерес во културните и религиозните димензии во операциите, го истражува градењето институционална отпорност кон хибридните закани, со посебен фокус на странското мешање и манипулирање со информации (СММИ), институционална координација, јавна отпорност на манипулативни наративи и етичка комуникација во безбедносниот сектор.

Како критичкото мислење станува одбрана од СММИ

Александар Грижев

18.08.26

Отпорноста кон СММИ не значи само да ја препознаеме следната лажна вест. Таа значи да создадеме општество кое знае да застане пред да реагира, да...

Зошто националната координација за СММИ е вистинскиот тест за отпорност

Александар Грижев

02.07.26

Прашањето повеќе не е дали заканата е препознаена. Прашањето е дали постои функционален механизам што ќе овозможи координирана институционална...

Како Северна Македонија да изгради национален систем против странско мешање и манипулирање со информации

Александар Грижев

08.12.25

Интегриран национален механизам за одговор на СММИ не е луксуз, туку предуслов за заштита на изборите, јавниот дискурс и довербата во институциите...

Фрагментирани институции, силни манипулациски кампањи: зошто ни треба интегриран одговор

Александар Грижев

02.12.25

Северна Македонија се движи во особено чувствителен период: евроатлантски интеграции, чести изборни процеси, комплексни регионални и глобални...