Далибор Ступар е новинар на порталите VOICE и Autonomija. Од 2016 година објавува и карикатури на Autonomija. Во ноември 2006 година, за репортажата „Чоколаден рапер и белиот брат“ која е снимена во рамките на проектот „Трипут“ на Новосадската школа за новинарство на натпреварот за ТВ минијатура Press Vitez, ја доби „Повелбата за студентска работа“. Во декември 2007 година ја добива и втората награда за најдобар млад новинар која ја доделуваат ННШ и Фондацијата „Конрад Аденауер“. Добитник е и на годинешнава награда на независното здружение на новинари на Војводина во 2018 година.