Мимоза Богатинова-Кузмановски е дипломиран економист (департман сметководство и ревизија), овластен сметководител и долгогодишен економски консултант. Таа е автор на стручни текстови и уредник на списанија од областа на трудовото право, сметководствената, даночната и финансиската област. Активно е вклучена како предавач на обуките за континуирано професионално усовршување за сметководители и овластени сметководители и други професионални обуки на економско-правни теми.