fbpx

Славен Цоневски, Тодор Цоневски и Светислав Крстиќ

Славен Цоневски е роден во Скопје, Р. Македонија каде што дипломира како најдобар студент на  Градежниот факултет на смерот Хидротехника. Магистерските студиите ги завршува со „cum laude“ во Италија на Политехничкиот факултет во Милано на програмата „Environmental and Geomatic Engineering“. Докторските студии ги заршува на Универзитетот во Болоња (UniBO) и на Норвешкиот технички универзитет (NTNU). Цоневски е вонреден професор (adjunct associate) на Норвешкиот технички универзитет како и консултат/истражувач во Норвешкиот геотехнички институт. Активно работи на проекти поврзани со хидрологија, хидрауличко моделирање и хидроенергетика. Специјалност и посебен истражувачки интерес му е транспорт на седименти во отворени и затворени текови, моделирање, мерење како и интеракција на седиментите со хидро и енергетски објекти. Славен има публикувано преку 30 труда во реномирани интернационални списанија и конференциски собири, главно поврзани со употреба на напредни технологии за хидролошки мерења и седименти. Цоневски е член на уредувачкиот тим во „Acta Geophysica“ и „Journal of Hydriological Sciences“ како и активен член на неколку реномирани интернационални организации - IAHR (International Association of Hydraulic Engineers) и EGU (European Geoscinece Union). Тодор Цоневски дипломира на Градежниот факултет во Скопје во 1988 на смерот Хидротехника. Повеќе од 30 години учествува во изработка и ревизии  на проектни студии, елаборати во областа на градежништвото, водостопанството и животната средина во Македонија, но и на интернационално ниво. Во моментов е управител и проектен менаџер во ГТИ (Геотехнички инженеринг). Тодор ја извршува функцијата генерален директор на Јавното водостопанско претпријатие на Македонија од 2002 до 2010 година. Тој е член на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија, владината Комисија за управување со кризи од поплави (2002-2006), Комитетот за големи брани на Македонија, како и на Сојузот на еколошки организации на Македонија. Светислав Крстиќ ги завршил студиите по Биологија во 1985 година како најдобар студент на Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Магистрирал во 1992 година со темата: „Промените во алгалната микрофлора како индикатор на загадувањето на Анска Река“, додека докторскиот труд под наслов: „Сапробиолошки карактеристики на микрофлората на Река Вардар како индикатор на интензитетот на антропогеното влијание“ успешно го брани во 1995 година. Во 1994 година ја освојува стипендијата на Британскиот совет и престојува на научна едукација во Институтот за пресноводна екологија во Амблесиде, Обединето Кралство. Автор и коавтор е на повеќе од 100 научни трудови, книги и делови на книги, стручни публикации и извештаи. Долгогодишен претседател на Друштвото на биолозите на Македонија, претседател на Друштото на алголозите на Македонија, раководител на Ботаничкиот завод со ботаничка градина при Институтот за биологија. Во научната и пошироката јавност познат е како беспоштеден борец за научната вистина и животната средина. Национален координатор на COST акција, член на бројни комисии, работни и кризни групи.

Мониторинг и податоци – единствена алатка за правилно менаџирање на водните ресурси

Славен Цоневски, Тодор Цоневски и Светислав Крстиќ

17.01.22

Славен Цоневски, Тодор Цоневски, Светислав Крстиќ Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се...