fbpx

Распрснете го вашиот меур: Зошто истражувањето на јавното мислење е важно

Илина Мангова

Јавен интерес

Медиуми

10.08.17

Прегледи

Илина Мангова, директорка на програмата на Меѓународниот републикански институт за Македонија

Ilina Mangova 200x250Звучи како реторичко прашање. Зошто истражувањето на јавното мислење не би било важно? Анкетирањето е еден од најдобрите начини да се провери „пулсот“ на јавноста.

Во Меѓународниот републикански институт (ИРИ), истражувањето на јавното мислење е основата на нашата работа и постојано го спроведуваме во многу земји од целиот свет.  Сепак, во мојата работа, имам согледано уште една очигледна, но често занемарена вредност во анкетирањето: освен што претставува извор на важни податоци за јавното мислење, анкетирањето служи како корисно средство кое им овозможува на граѓаните/ките, создавачите на политиките, одлучувачите, политичарите/ките, експертите/ките и медиумите да ја видат големата слика која инаку би ја пропуштиле поради меурот во кој што живеат.

Анкетирањето служи како 
постојан разговор со сите 
граѓани.  Тоа претставува 
уникатна арена за 
меѓунационална делиберација 
што може да води до поголема 
репрезентативности при 
носење одлуки во владеењето.  

Преку пристапување на 
анкетните резултати без 
предрасуди и стереотипи, и 
гледањето подалеку од 
партиските изборни рејтинзи,
можеме  вистински да ги 
разбереме луѓето од една земја, 
нивните надежи и стравови, 
како и нивните проблеми и желби.

Претставничката демократија и референдумите се моделите преку кои општото население најблиску доаѓа до тоа да ги изрази своите изборни и политички приоритети. Помеѓу избори или референдуми, анкетирањето на мислењето на јавноста за владеењето и политичките прашања нуди директно советување со граѓаните/ките за тие што сакаат да ги претставуваат. Анкетирањето служи како постојан разговор со сите граѓани/ки.  Тоа претставува уникатна арена за меѓунационална делиберација што може да води до поголема репрезентативност при носење одлуки во владеењето.  При научно изведено анкетирање се користи издржана методологија за да се разберат и увидат мислењата, однесувањата и ставовите на милиони луѓе преку разговори со само мал дел од нив. Наместо вообичаените експерти/ки, политичари/ки и академици, во анкетирањето се земени предвид сите слоеви на општеството. Преку пристапување на анкетните резултати без предрасуди и стереотипи, и гледањето подалеку од партиските изборни рејтинзи, можеме вистински да ги разбереме луѓето на една земја, нивните надежи и стравови, како и нивните проблеми и желби.

Сепак, на која било анкета спроведена каде било во светот некој ѝ ги оспорува резултатите.  Неизбежно, коментари како „Овие резултати од анкетата не можат да бидат вистинити, сите што ги знам мислат поинаку“, „Овие резултати од анкетата сигурно се измислени, имам 50 години и никогаш не сум бил интервјуиран од анкетна агенција“,  „Не им верувам на овие резултати од анкетата, кој би можел да го сака овој политичар/ка“, „Овој резултат мора да е погрешен“, им се дофрлуваат на истражувачи на јавното мислење од Велика Британија до Гватемала или Македонија.

Ова не значи дека анкетите, како и секој друг вид на податоци, не би требало да се согледуваат критички. Професионалната, како и генералната јавност, треба да можат да разликуваат научно заснована од научно фалична анкета. Треба да се прави разлика меѓу прашања кои имплицираат одговори и неутрални прашања. Форматот и терминологијата на прашањата можат многу да влијаат во разбирањето на прашањата од страна на општата јавност. Сево ова ќе му помогне на читателот/ката подобро да ги разбере резултатите од која било анкета.

Да се живее надвор од меурот
значи постојано да се биде свесен
за другите групи на луѓе, да се
препознаат и признаат нивните
позиции, нивното потекло и
зашто се чувствуваат онака како
што се чувствуваат.

Вистината е дека секој од нас живее во еден или друг вид на меур. Сите имаме одредени парадигми кои во секој поминат ден ги потврдуваат нашите мислења и судови.  Можеби сме изложени на мала количина на различни мислења, но ова не ни дава сеопфатна слика.   Да се живее надвор од меурот значи постојано да се биде свесен за другите групи на луѓе, да се препознаат и признаат нивните позиции, нивното потекло и зашто се чувствуваат онака како што се чувствуваат.

Тука настапува анкетирањето. Како истражувач на јавното мислење, се соочувам со секакви коментари кои имаат за цел да ги побијат емпириските докази. Дури и образовани и информирани носители на одлуки се склони да ги отфрлат анкетни податоци кои се спротивни на она што го очекуваат и се склони кон потврдна пристрасност. Обично вака се пропушта целосната слика што ја нуди анкетирањето и се продолжува да се живее во удобноста на когнитивна конзистетност.

Но, доколку сакаме да живееме во модерна демократија, еден начин да се намали  психолошката тензија предизвикана од неочекувани анкетни податодоци и когнитивната дисонанца е да се земат предвид новите податоци, да го смениме нашиот начин на размислување и да го зголемиме разбирањето во светот што нѐ опкружува.  Да се живее и делувава во демократија бара да се види големата слика, а тоа значи вистински да се земат предвид и другите проценти во анкетните резултати - резултатите на оние кои имаат различно мислење.

Научно засновани и методолошки
непристрасни анкетни резултати
често во себе имаат многу повеќе
вистина од околните глави кои
климаат.

Политичките и граѓански водачи мораат да разберат дека препознавањето и признавањето на когнитивно дисонантни информации е основен аспект за успешно делување во демократско општество. Кога анкетните резултати противречат на нашите ставови и очекувања, тоа ни кажува дека она што политичкото водство го прави не одекнува кај граѓаните. За политичарите/ките, како и за мнозинството, ова е тешко да се признае. Но, кога се работи за политичари/ки, тоа е  и уште поважно поради големото влијание што нивното однесување го има врз напредокот и развојот на општеството. Политичарите/ките и оние кои се на власт често се многу  понавлезени во групно размислување и потврдна пристрасност што отфрлаат различните мислења за да го зачуваат својот ум во когнитивна конзистентност. Но, научно засновани и методолошки непристрасни анкетни резултати  често во себе имаат многу повеќе вистина од околните глави кои климаат. Анкетните резултати што противречат на очекувањата ни кажуваат дека нашето сегашно толкување на прашањата и настаните не е во тек со размислувањата на другите делови на општеството.  Ова може да значи дека начинот на кој еден политичар/ка или граѓански/а активист/ка ги врамува пораките не е добро прифатен од јавноста.  Друг начин да се реагира на таква когнитивна дисонанца е да се смени и прилагоди сопственото однесување. И, доколку политичарите/ките, активистите/ките, и носителите/лките на промени се посветени на тоа да остават печат и да направат промена, тогаш уште попотребно е да се обрне  внимание на спротивните мислења.

Околу политичките водачи секогаш ќе има такви што климаат со главите за да ги потврдат мислењата во нивните меури. Вистината, добиена преку квалитетно истражување на јавното мислење, е таму само за тие кои ќе  изберат да ја видат.

Блогот е оригинално објавен на англиски јазик на блог страната на Меѓународниот републикански институт www.democracyspeaks.org

Ве молиме прочитајте ги правилата пред да коментирате или превземате
Напомена: Мислењата и ставовите во оваа статија се на авторот и не ги одразува позициите на Институтот за комуникациски студии ниту на донаторот.

Илина Мангова

Илина Мангова магистрира на компаративна политика – демократија на Лондонската школа за економија и политички науки (ЛСЕ) во Лондон, Велика Британија. Моментално е докторант на Правниот факултет, отсек политички студии каде ја истражува улогата на лидерите во транзиции кон демократија. Таа ја раководи програмата на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) во Македонија.