fbpx

Истражувачки тим

Раководителка на истражувањето

Вонр. проф. д-р Жанета Трајкоска

zaneta trajkoska 250x300 1Жанета Трајкоска, вон.професор и директорка е на Институтот за комуникациски студии во Скопје. Таа е научен соработник и истражувач во областа на медиумите и новинарството, односите со јавноста и политичката комуникација. Таа e дипломиран новинар, магистер по комуникација и менаџмент и доктор по политички науки. Таа има повеќе од 25 годишно искуство во водење меѓународни и домашни проекти за медиуми и новинарско образование, стратешки комуникации, кампањи од јавен интерес и развивање студиски програми за новинарство и односи со јавноста. Еден од основачите на Македонскиот прес центар, Македонскиот институт за медиуми, како и на Високата школа за новинарство и односи со јавноста и Иститутот за комуникациски студии.

Членови на истражувачкиот тим

Проф. д-р Елеонора Серафимовска 

eleonora serafimovska 250x300 1Проф. д-р Елеонора Серафимовска е редовен професор во областа комуникации и мас-медиуми на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ). Таа е дипломиран психолог, магистер по социјална психологија и доктор по комуникации. Нејзиниот истражувачки фокус ги опфаќа масовните комуникации, како и интерсекцијата помеѓу политичката, социјалната психологија и медиумската психологија. Резултат на истражувачкиот интерес се бројни студии за предизвиците на личноста во медиумски посредуваната реалност во Република Македонија.

Таа е еден од основачите на Психолошката лабораторија при постдипломските студии на ИСППИ, каде се генерираат многи проекти и истражувања кои ги испитуваат димензиите на политичката траума на македонските граѓани и улогата на медиумите во тој контекст.

Александра Теменугова

aleksandra temenugova 250x300 1Александра Теменугова е програмски менаџер во ИКС со повеќегодишно искуство како новинар и уредник на економската редакција на Канал 5 Телевизија и дописник на новинската агенција Макфакс. Од 2008-2018 Теменугова ја раководела студиската програма по новинарство при Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во Скопје. Таа раководи со повеќе проекти, активности и истражувања на ИКС во областа на новинарството и медиумите и е уредник на единствената онлајн платформа за медиумска писменост во Македонија „Медиум“. Теменугова го координираше европскиот проект Македонска коалиција за медиумска писменост (MAMIL) што во 2019 година Европската комисија го препозна како еден од десетте најдобри проекти за медиумска писменост во Европа. Коавтор е на повеќе истражувања, публикации и прирачници за медиумска писменост.

Проф. д-р Весна Шопар 

vesna sopar 250x300 1Проф. д-р Весна Шопар има докторирано на Правниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистрирала на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје. Проф. Шопар работи во областа на информирањето и комуницирањето, масовните медиуми, јавното мислење, интеркултурното комуницирање, информациско-комуникациските теории и системи, медиумското право, деловното комуницирање, политиката и медиумите. Таа била и е член на многубројни организации и асоцијации во Македонија и во странство: Советот за радиодифузија, Националната работна група за медиуми во рамките на Пактот за стабилност, Центарот за развој на медиумите, Македонскиот институт за медиуми, Бордот за медиа програмата во Институтот Отворено Општество – Македонија, Центарот за комуникации, медиуми и култура.

Проф. д-р Маријана Марковиќ

marijana markovikj 250x300 1Проф. д-р Маријана Марковиќ е редовен професор во областа комуникации и мас-медиуми на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ). Таа е дипломиран психолог, магистер по развојна психологија и доктор по комуникации. Таа е еден од основачите на Психолошката лабораторија при постдипломските студии на ИСППИ, член е на Комората на психолози на Република Македонија и пионер во процесот на адаптацијата и стандардизацијата на психолошки тестови на македонски јазик, како и психотерапевт. Теорискиот и истражувачкиот интерес на Марковиќ е во областа на интерперсоналната комуникација, комуникацијата во киберпросторот и комуникацијата во заедниците.

м-р Бојан Георгиевски

bojan georgievski 250x300 1Бојан Георгиевски е проектен менаџер во ИКС и главен уредник на академскиот блог Рес публика. Тој ги завршил своите додипломски и магистерски студии по меѓународно право и меѓународни односи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Правен Факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Претходно, тој бил генерален секретар на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста од 2011 до 2017 година. Автор е на повеќе публикации и истражувања во областа на општествени науки, со посебен фокус на комуникации, дигиталните права и интернет приватност, а исто така е главен координатор на академскиот журнал за медиуми и комуникации на ИКС „КАИРОС“.

м-р Михајло Лахтов

mihajlo lahtov 250x300 1Михајло Лахтов има повеќе од две децении искуство во работа на развој на медиумите, новинарството, комуникациите и медиумската писменост.

Во текот на кариерата, работел со најразлични тимови, од мали локални граѓански организации, до истакнати меѓународни институции, вклучувајќи ја и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Германската агенција за развој (ГИЗ) и ИРЕКС.

Повеќе од една деценија, Михајло исто така работи како обучувач и консултант за медиумска писменост, пренесувајќи го своето знаење преку обуки приспособени на различни групи учесници. Тој е и автор на три прирачници за медиумска писменост, коавтор на првиот речник за медиумска писменост и автор на бројни трудови на оваа тема.

Михајло е магистер по човекови права и демократија, а во моментов е докторант на Факултетот за медиуми и комуникации во Белград.

м-р Мила Стаменова 

mila stamenova 250x300 1Мила Стаменова Бурнс е нов член на истражувачкиот тим во ИКС. Нејзиниот последен ангажман е во Владата на Република Северна Македонија како координатор во секторот за комуникации и односи со јавност (2017-2019), каде работела на развивање на комуникациската стратегија на Владата, програмата за активна транспарентност и протоколот за кризни комуникации. Дополнително, таа била дел од тимот кој ги организираше официјалните посети во земјава на папата Франциск, бившата премиерка на Велика Британија, Тереза Меј, Канцеларката Меркел, канцеларот Курц, Генералниот секретар на НАТО Столтенберг и првиот состанок на Северно-атлантскиот Совет во Скопје. Нејзиното претходно работно искуство вклучува позиции на истражувач, консултант и координатор на проекти во невладиниот и приватниот сектор, како: истражувачка студија за дизајнирање зелени коридори долж реките Лепенец и Серава во Скопје за Деконс-ЕМА; помлад консултант во ААГ Комуникации; координатор на COMPOSITE проектот за компаративни полициски студии во ЕУ; координатор во НВО МОФ – Младински Образовен Форум; консултант за урбано и регионално планирање во ЕПИ Центар Интернационал, Скопје. Мила е магистер по урбана географија и планирање пд Универзитетот Утрехт, Холандија, со додипломски студии по општествени науки од Универзитетскиот колеџ Утрехт.

Асс. м-р Теа Конеска-Василевска 

tea koneska vasilevska 250x300 1Асс. м-р Теа Конеска-Василевска е асистент-истражувач во областа комуникации и мас-медиуми на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ). Во поглед на професионалната дејност, има и долгогодишно работно искуство во областа на медиумите и издаваштвото како координатор, уредник, јазичен коректор и рецензент. Таа е дипломиран филолог по општа и компаративна книжевност (научна насока), магистер по комуникации и докторски кандидат на докторските академски студии Медиуми и општество на Департманот за комуникологија и новинарство при Филозофскиот факултет на Универзитетот во Ниш. Во рамките на докторските студии, Конеска-Василевска има добиено грант и остварено студиски престој во Роскилде, Данска, при Европската летна докторска школа по комуникации и медиуми на Европската асоцијација за комуникациски истражувања и едукација (ECREA), а во организација на Докторската школа за комуникации и уметности при Универзитетот во Роскилде. Член е на: Мрежата на млади истражувачи во рамките на Глобалната мрежа за ризично новинарство (GRJH), Европската асоцијација за комуникациски истражувања и едукација (ECREA), Меѓународната асоцијација за медиумски и комуникациски истражувања (IAMCR), Европската мрежа за културно наследство (EUROPEANA), а дел е и од листата експерти на Агенцијата за контрола и обезбедување квалитет на високото образование на Црна Гора (AKOKVO).

м-р Јорданка Черепналкова-Трајкоска

jordanka cherepnalkova trajkoska

Јорданка е психолог и магистер на комуникации. Има диплома за односи со јавноста од Лондонската школа за односи со јавноста и сертификат за практичар/обучувач според методологијата на Points of You®. Нејзиното прво професионално искуство по дипломирањето е како психолог во детска градинка, а потоа продолжува во меѓународни и домашни организации и институции на проекти поврзани со деца и млади, образование, детски права, психосоцијална поддршка, демократско владеење и економски раст. Меѓу организациите / компаниите во кои работела се УНИЦЕФ, УНДП, Буз Ален Хамилтон, Британски совет. Последниот ангажман и е во Првата детска амбасада во светот Меѓаши до декември 2023 година, каде работела координаторка на повеќе проекти и на телефонот за деца и млади.

Во последните 15 месеци е дел од тимот истражувачи на Институтот за комуникациски студии кој работи на осмислување методолошки пристапи на истражувања во врска со дезинформации, медиумска писменост на различни возрасни групи и спроведување на истите. Како дел од ангажманот со ИКС спроведува и обуки за препознавање злонамерни информации поврзани со родот наменети за жени пензионерки, извршила надворешна евалуација на онлајн програмата за комуникација за животната средина на ИКС итн. Во текот на своето професионално растење работела како раководителка на проекти, како обучувач на различни групи според возраст и професија и била дел од истражувачки тимови за спроведување квалитативни и квантитативни истражувања во областа на комуникациите, социолошки теми и детските права.

Дарко Малиновски

darko malinovski 250x300 1Дарко Малиновски е ИКТ и проектен менаџер во Институтот за комуникациски студии. Негово поле од интерес се дигиталните технологии, нивната употреба во постигнување на комуникациски цели, како и нивните ефекти врз општествениот развој. Претходно работел во Институтот за европска политика како лице за комуникации.

Тој има завршено правни студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, додека во моментов ги завршува магистерските студии на Институтот за комуникациски студии.

Владимир Делов

vladimir delov 250x300 1Владимир Делов работи во Институтот за комуникациски студии како проектен менаџер. Делов е дипломиран политиколог на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ и има повеќегодишно искуство во областа на односите со јавноста во јавниот сектор.