fbpx

Ќе се спаси ли Скопје со новиот Генерален урбанистички план?

Поткасти

Одраз

03.03.23

Прегледи

Скопје како град во изминатите 2 децении подлежи на бескруполозно градежно дивеење, отсуство на разумна и јасна идеја при урбанистичкото конципирање, што во целост влијае врз намалување на квалитетот на живеење во секојдневието.

Основниот документ што ги проектира развојните елементи на еден град и всушност треба да претставува своевиден „устав“ за сите активни чинители во архитектурата, урбанизмот и градежништвото, е генералниот урбанистички план.

Во текот на оваа година се очекува новиот нацрт план, што треба да биде претставен пред стручната и општата јавност, и што би ја одредил иднината на Скопје за следните десет години и повеќе. За какви сѐ поуки се извлекоа од минатото, каква треба да е идејата за идното Скопје со изработката на новиот ГУП и кои се аспектите што треба да се земат предвид, разговаравме со професорите Слободан Велевски и Дивна Пенчиќ од Архитектонскиот факултет при УКИМ, како и со граѓанската активистка и архитектка, Искра Јанковска Михајловска.

Домаќин: Дино Чупевски