fbpx

Дали моето дете е зависно од видео игри?

Светската здравствена организација ја прогласи зависноста од видео игри како ментално нарушување, а Американската асоцијација на психијатри го спореди нејзиниот интензитет сличен како зависноста од коцкање, пушење, наркоманија.

Во Македонија недостасуваат истражувања за да видиме дали имаме зависници од видео игри, и покрај тоа што оваа брзорастечка медиумска индустрија масовно намамува и возрасни и деца. Во видео поткастот со психологот Јорданка Черепналкова - Трајкоска од Македонската асоцијација за применета психологија и гејмерот Блаже Минов отвораме дебата дали е оправдано демонизирањето на „гејмингот“ или пак ова хоби има и позитивни последиции. Но, дискутираме и за симптомите за зависност.

Повеќе
  289 Кликови
  0 Коментари

Превентивен синџир за успешно справување со депресија

Депресијата не е слабост на карактер, и постојат повеќе психолошки и психијатриски пристапи за успешно справување со неа, посочуваат д-р Ана Филипче, психијатар и Цеце Рангелова педагог од гимназијата „Горѓи Димитров“.

Повеќе
  94 Кликови
  0 Коментари

Како да се препознаат депресивните адолесценти?

Одредени животни околности се клучните фактори за зголемен развој на депресивна состојба, кај возрасните, но и кај адолесцентите и децата. Клиничката слика кај адолесцентите најчесто е замаскирана, посочува д-р Ана Филипче, психијатар. Затоа училишните служби се фокусирани на навремено препознавање на овие промени, и пријавување кај семејството на ученикот и заеднички да се премине кон процес на набљудување - вели Цеце Рангелова педагог од гимназијата „Горѓи Димитров“.

Повеќе
  1130 Кликови
  0 Коментари

И децата страдаат од депресија

Според Светската здравствена организација депресијата до 2020 година ќе биде втор глобален проблем, односно прв проблем кај женската популација. Оваа клиничка состојба во последниот период е присутна и кај генералната популација, меѓутоа и кај адолесцентите поради стресниот и брз начин на живеење, поради тоа што сме изложени на многубројни стресогени ситуации, кои можат да се јават како фактор кој што тригерира појава на депресија, вели д-р Ана Филипче, од Клиниката за психијатрија. Педагогот Цеце Рангелова потенцира дека превенцијата која што ќе го опфати системот на здраво родителство, здраво образование и институции подготвени да прифатат доколку постои некаде проблем е начин како ја заштитиме младата личност од таква состојба.

Повеќе
  2080 Кликови
  0 Коментари

Активистите против рудникот Иловица најавуваат протести додека „Еуромакс“ не се повлече

Вербалните навреди кои меѓу себе си ги упатуваат невладините организации, противници за отворање на рудникот Иловица – Штука и претставници на компанијата – концесионер „Еуромакс“ се заоструваат. Тие се обвинуваат за ширење на лажни вести и за профитерство на сметка на здравата животната средина. Се додека не се повлечат компаниите – концесионери на рудниците, протестите нема да запрат најавува Костадин Ристоманов, еден од предводниците на протестите во Ново Село и Босилово кои беа подржани и од партијата ДОМ.

Повеќе
  509 Кликови
  0 Коментари

Скопје има само план за раст, но не и стратегија за развој

Урбанистичкото и просторно планирање на Скопје мора да се темели на соодветни бази на податоци, како што тоа се прави во Софија. Податоците со кои располагаме се мошне застарени и не одговараат на актуелната состојба, па оттука не може да се прави квалитетна стратегија за развој, тврди Стефан Лазаревски од „Тајфа архитекти“.

Повеќе
  501 Кликови
  0 Коментари

За Скопје мора да се знае што е заокружено, а кое развојно подрачје

Скопје има заокружени подрачја, како Аеродром, Карпош, Капиштец, Дебар Маало, Градски ѕид и треба да доживеат некаква консолидација, смета урбанистичкиот планер Стефан Лазаревски, додавајќи дека на Скопје му треба дефинирање на стратешките развојни подрачја. Љубо Георгиев од „Визија за Скопје“ вели дека и Софија има пренатрупани области, па затоа градот почнува да се разлева кон периферијата.

Повеќе
  416 Кликови
  0 Коментари

И Скопје и Софија стигнаа до критичната точка - граѓаните сакаат квалитетни урбанистички планови

Два главни града, исти предизвици: Скопје се гуши во урбанистичка презаситеност во отсуство на стратегија како да се негува јавниот простор и хуманото живеење. Истите проблеми ги мотивираа граѓаните и властите во Софија да се фокусираат кон развојно урбанистичко планирање, базирано врз анализи. Обата града ја делат истата енергија – граѓаните се се погласни во притисокот дека сакаат да живеат во квалитетно испланиран простор. Следете го видео поткастот со Стефан Лазаревски од „Тајфа Архитекти“ и Љубо Георгиев од „Визија за Софија“.

Повеќе
  733 Кликови
  0 Коментари

Антикорупциска ги истражува сите наводи за непотизам

Министерот Дамјан Манчевски вели повлекувањето од функционерските позиции на партиските членов е реакција на критиките од јавноста. Но прашува дали истото ќе важи и непотизмот од минатото. Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска е категорична дека ќе ги истражуваат сите случаи со наводи за непотизам ќе проверуваат дали постапката за вработување била прекршена. Во видео поткастот на РесПублика, Ивановска вели дека целта е изградба на систем кому сите ќе му веруваат.

Повеќе
  854 Кликови
  0 Коментари

Минималната плата годинава нема да биде над 13.000 денари

Ако се подобри економијата, ќе се зголеми минималната плата, вели министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. Не откри колку ќе изнесува, но потврди дека е обезбедена финансиска поддршка за да можат помалите компании да го издржат притисокот. Професорката Благица Петрески пак вели дека износот не смее да надмине 13.000 денари.

И двете соговорнички велат дека скоро нема да се зголеми старосната граница за пензинирање. Во видео поткастот на РесПублика министерката Царовска говори и за последниот развој на скандалот со непрефрлените 19 милиони евра од првиот во вториот пензиски столб.

Повеќе
  419 Кликови
  0 Коментари

Новковска: Попис без етничка припадност не е попис

Доколку се отстранат етничките белези, ќе имаме фаличен попис кој отстапува од препораките на ОН, смета Благица Новковска, поранешната директорка на Државниот завод за статистика, по најавите на актуелниот директор на ДЗС Апостол Симовски дека е подготвен да направи отстапки за ова прашање, само за да добие квалитетни податоци за бројот на населението. Поинаков став има професорката Аница Драговиќ, поранешен член на Советот за статистика која вели дека етничките белези не се задолжителни за пописот.

Повеќе
  942 Кликови
  0 Коментари

Што ни донесе 2018?

Што се` ни донесе 2018 - поделби, бојкотирање, помирување, загадување... Во ResPublica видео поткаст, ретроспективата на годината ја прават Бранко Огњановски од Фчерашни новости и Ранко Петровиќ од Радио Бубамара.

Повеќе
  445 Кликови
  0 Коментари

Дали политичарите и медиумите им пласираат привидна вистина на граѓаните?

Лажните и извитоперени вести кои ги креираат некои политичари и медиуми секојдневно ги мамат и доведуваат во заблуда граѓаните. Но, колку се луѓето свесни дека не треба само да ги примаат, туку и да ги проверуваат информациите што ги добиваат? На оваа тема, во ResPublica поткаст зборуваат советникот за односи со јавноста на премиерот, Марјан Забрчанец и специјалистот за нови медиуми и комуникации Бојан Кордалов.

Повеќе
  618 Кликови
  0 Коментари

Се градат и до 400% повеќе станови од потребното

Во Скопје отсекогаш имало повеќе станови отколку семејства. Анализите на некои делови од градот покажуваат дека ако според планот на изградба биле планирани дополнителни 10 проценти на станови, се граделе и до 400 посто плус, вели професорката по архитектура Дивна Пенчиќ.

Повеќе
  739 Кликови
  0 Коментари

Како да се убедат градежните фирми да работат за јавниот интерес?

Кога ќе изгради зграда, еден инвеститор е одговорен можеби за илјада жители, но локалната администрација и Министерството за транспорт и врски се одговорни како ќе се гради цел град и цела држава.

Повеќе
  631 Кликови
  0 Коментари

Што ќе донесе мораториумот за градење во Центар?

Во многу чудна атмосфера се правени деталните урбанистички планови во Центар, покажува евалуацијата на градењето во општината. Изготвувањето на плановите траело многу долго, а правилниците и законот често се менувале.

Повеќе
  839 Кликови
  0 Коментари

Како до одговорно градење?

Силни инвеститори и корумпирана администрација го поттикнуваат агресивното градење на сметка на јавниот интерес. Правиме градови за автомобили, за инвеститори, но не и за луѓе, реагира професорката по архитектура Дивна Пенчиќ. Од Министерството за транспорт и врски признаваат дека треба да ја засилат инспекцијата на терен и изработуваат нов закон за просторно и урбанистичко планирање.

Повеќе
  1689 Кликови
  0 Коментари

Дали 2018 ќе биде најлошата година за капиталните инвестиции?

Само 23 отсто од предвидените капитални инвестиции за оваа година се реализирани за осум месеци. Страшно ниско ниво, признава заменикот министер за економија Кире Наумов. Според него, капиталните инвестиции се предимензионираат бидејќи Владата сака да прикаже развоен буџет под притисок на гласачите кои „сакаат да видат здание уште утре“. Благица Петрески од Finance Think смета дека капиталните инвестиции се планираат на нереално остварливо ниво и притоа се опфаќаат секаков тип на инвестиции кои не се секогаш капитални.

Повеќе
  195 Кликови
  0 Коментари

Суштински промени или популистички мерки во образованието?

Какви промени ќе има во матурата и програмата Кембриџ, дали намалувањето на бројот на предметите ќе значи отпуштања од работа на наставници, ќе се инвестира ли во образовната инфраструктура? Заменик-министерот за образование Петар Атанасов признава дека динамиката со која се спроведуваат некои од проектите не е задоволителна, додека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев обвинува дека апсолутно нема реформи во образованието. ResPublica видео поткаст од средното училиште „Васил Антевски - Дрен“.

Повеќе
  175 Кликови
  0 Коментари

Зошто токму сега ЕУ ги решава споровите на Балканот?

Европската Унија инсистира да ги реши балканските спорови токму сега заради економското влијание во Западниот Балкан на држави кои претендираат да станат регионални или светски играчи, контролата над протокот на мигрантите и претпазливоста од увоз на нови конфликти. Оттука, дали во Македонија се создава фама на фаталност за забрзано спроведување на Договорот со Грција или ЕУ ни е неопходна бидејќи политичките елити немаат капацитет сами да ги спроведат реформите?

Повеќе
  143 Кликови
  0 Коментари
  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил. Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите. Повеќе

  • 1

 

Следете не