Александра Живковиќ е магистар по правни науки. Во 2016 година ја одбранува тезата “Корупција во високо образование: Анализа со посебен осврт на работата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„-Скопје“. Нејзиниот главен фокус на работа е политики во средното и високото образование, со посебен акцент на областите студентски права и студентско организирање, дискриминација и социјални политики. Во изминатите години е активна во неколку студентски иницијативи, од кои и во Студентскиот пленум. Во 2016 година учествува во комисијата на УКИМ за измени на Статутот во поглед на студентското организирање.