Радосвета Василева е бугарски правник чии истражувачки интереси ги опфаќаат правото на ЕУ и компаративното јавно и приватно право. Автор е на бројни написи за академски списанија и мислења за медиуми, како што се Еуроњуз, ЕУобсервер, Нова Источна Европа, Брисел Тајмс и други. Василева има личен блог [radosvetavassileva.blog] посветен на владеењето на правото во Бугарија. Таа е доктор на правни науки при Универзитетскиот колеџ во Лондон (Велика Британија), магистер по право при Универзитет Париз 1 Пантеон-Сорбона (Франција) а додипломските студии ги завршила на насоката по меѓународни односи при Универзитетот Тафтс (САД). Во моментов таа е ангажирана како Визитинг Истражувач на Универзитетот Мидлсекс во Лондон.