Европската Унија не ги исполни ветените очекувања на Балканот и затоа луѓето од овие земји се лути и разочарани. Соговорничките од регионот коишто ги следат европските процеси, во поткастот на #ResPublicaMK велат дека ЕУ нема лесно да го врати изгубениот кредибилитет. Но и покрај евроскептицизмот, младите заминуваат во ЕУ бегајќи од домашните клиентелистички системи.