fbpx

Кој се плаши од ChatGPT?

Поткасти

Одраз

31.03.23

Прегледи

Вештачката интелигенција дијагностицира болести, вози коли, слика цртежи, монтира видеа, а сега и пишува есеи. Се плашите или се радувате? Овој пат разговаравме за ChatGPT и сличните четботови кои користат вештачка интелигенција. Од моментот на нивно стапување на сцената пред неколку месеци, разни сектори почувствуваа дека нивната иднина не е веќе сигурна. Каков ќе биде ефектот врз образованието, дали тоа ќе значи дека луѓе во контент-индустријата и новинарството ќе губат работни места, но и како воопшто функционира овој вид на вештачка интелигенција и која е можната цел во светот, се дел од прашањата на кои се обидуваме да одговориме во новата епизода на „Одраз“.  

Со нашите соговорници Игор Трајковски, поранешен професор на ФИНКИ и создавач на time.mk, со Татјана Ефтимоска, професорка по македонски јазик во  приватното училиште „Нова“ и поранешна координаторка за Меѓународна матура во училиштето и со Анастасија Петревска, искусен пишувач, уредник и менаџер во контент-индустријата, се обидуваме да одгатнеме: Треба ли да се плашиме од ChatGPT?

Домаќин: Хана Корнети