Наративна стапица: Откривање на штетните наративи кај политичарите и медиумите

Штетна

03.03.25

Прегледи
ИКС го објави тримесечниот извештај за присуството на штетните наративи во јавната политичка комуникација во Северна Македонија

Наративна стапица: Откривање на штетните наративи кај политичарите и медиумите

Издадено: март 2025
Резиме

Целосна верзија

Публикацијата е резултат на истражувањето „Мерење на политички штетните наративи“ (ШТЕТ-НА) на Институтот за комуникациски студии спроведено во соработка со истражувачи и експерти од областа на комуникациите и на медиумите, новинари и медиумски професионалци. Интердисциплинарно, со „помош“ на комуниколошката, психолошката, политиколошката и лингвистичката наука, истражувањето лонгитудинално (2023 и 2024 година) продлабочено проникнува во „приказна за политички штетните наративи“ во македонски контекст, одговарајќи на клучното истражувачко прашање „дали и како се креираат и се шират штетните политички наративи“ во јавниот комуникациски простор. Монографијата ги следи „патеките“ на штетните политички наративи, нивното осмислување, структурирање, промовирање, имплементирање, како и можните ефекти и последици во актуелен општествено-политички контекст, временски врамена во период на „регуларна“ политичка комуникација и период на „изборна“ политичка комуникација.

Контакт: