fbpx

Забраната за сулфурна киселина и цијаниди спас за најплодното валандовско поле?

Дали измените во Законот за минерални суровини, според кој се предвидува исфрлање од употреба на цијанид и сулфурна киселина при рударските процеси, ќе влеат малку надеж кај валандовчани дека можеби ќе се стопира работата на рудникот Казандол. Валандовчани се плашат дека со отворање на рудникот, Валандово ќе го изгуби брендот на еколошки град, а тие ќе го изгубат пазарот за нивните земјоделски производи. За ова било разговарано и со премиерот Заев да се најдат правни норми за да се затвори прашањето. Од најплодната валандовска котлина, во ResPublica видео поткаст разговараме со проф. д-р Борис Таневски, биолог и агорхемичар, екологисти од локалните иницијативи и градоначалникот на Валандово, Перо Костадиновски.

Повеќе
  117 Кликови
  0 Коментари

Регионалното поврзување услов за евроинтеграциите

Регионалната соработка е еден од условите на Европската Унија за државите кои се во процесот на евроинтеграција. Сепак, секогаш на крајот се мери индивидуалниот напредок на секоја земја. Дали ЕУ воведува паралелизам и што е поважно - регионалното или европското поврзување? ResPublica видео поткаст со професорите Тони Дескоски од Правниот факултет и Силвана Мојсовска од Економскиот институт.

Повеќе
  107 Кликови
  0 Коментари

Колку се вложува во ракометот - водечкиот спорт во Македонија?

Клупските и репрезентативните ракометни успеси се магнет за стотици деца кои сонуваат да станат идните Лазаров, Манасков, Миркуловски. Но во ракометните школи нема доволно тренери, а клубовите играат во сали по физичко. Колкав треба да биде буџетот на еден клуб за да стигне до Лигата на шампиони? Легендарниот пикер и спортски директор на Металург, Ванчо Димовски и тренерот на Еурофарм Работник Илија Темелковски го прогнозираат и пласманот на Македонија на Европското првенство во ракомет со помош на најдобриот тренер во светот, Раул Гонзалес.

Повеќе
  111 Кликови
  0 Коментари

Загадувањето ќе се намали со користење обновливи извори на енергија

Во Македонија има три основни столба кои ќе помогнат да се намали загадувањето - намалување на потрошувачката на електрична енергија, користење обновливи извори на енергија и гасификација. Со мерките за енергетска ефикасност и користењето на обновливите извори на енергија, до 2035 година може да се намали загадување кое е еднакво на денешното загадување од РЕК Битола. Дел од приоритетните мерки кои треба да се применат се субвенции за греење кое не загадува, домаќинствата да вградуваат сончеви колектори за производство на струја, проширување на топлификацискиот систем, промена на сообраќајниот режим во Скопје, автобуси на електричен погон и забрана за градежни активности кога загадувањето надминува одредена граница. ResPublica видео поткаст со професорот Константин Димитров од Центарот за енергетска ефикасност и Соња Ристеска од Аналитика тинк тенк.

Повеќе
  116 Кликови
  0 Коментари

Како да се вратат луѓето во иселените региони?

Додека многу региони во Македонија се иселени, а нивните ресурси неискористени, една третина од вкупното население е сконцентрирано во скопскиот регион. Дополнително, ЕВРОСТАТ проценува дека 250 илјади луѓе си заминале од државата во последните 10 години. Како да се вратат луѓето во иселените региони, во ResPublica видео поткаст дебатираат заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлески и универзитетскиот професор Јорде Јаќимовски.

Повеќе
  130 Кликови
  0 Коментари

Општините не се однесуваат како власт

Македонските општини се кревки и не се способни да ги спроведуваат пренесените ингеренции од централната власт, иако постојат мерки и неискористени извори на финансирање. Општините треба потесно да работат со деловниот сектор, а интересот за максимизирање на профитот на бизнисмените да биде во координација со јавниот интерес на локалната заедница. При тоа, треба да се почитува стручната јавност, но и волјата на граѓаните во кој правец ќе се развива општината. За проблемите со кои се соочуваат општините, во ResPublica видео поткаст зборуваат поранешниот градоначалник на Скопје Ристо Пенов и универзитетскиот професор Пеце Недановски.

Повеќе
  110 Кликови
  0 Коментари

Високото образование создава приучени кадри наместо висок квалитет

Високото образование создава приучени кадри наместо висок квалитет кој ќе го влече напред научно-технолошкиот развој и ќе овозможува висок стандард на живеење. Професорите и студентите се демотивирани бидејќи буџетското финансирање на научно-истражувачката дејност е минорно, стипендиите за привлекување квалитетни млади луѓе се ниски, а бизнис заедницата речиси не инвестира во образованието. Факултетите немаат капацитети споредливи со оние во Европа, а дисперзираните студии наликуваат на номадска миграција. За кочниците во високото образование во ResPublica видео поткаст зборуваат универзитетските професори Ненад Новковски и Кирил Барбареев.

Повеќе
  117 Кликови
  0 Коментари

Потребна е ревизија на перформансите на „Скопје 2014“

„Скопје 2014“ направи упад и штета во системот којшто го води градежништвото преку промени на закони и узурпирање јавен простор. Архитектите сметаат дека сега работите треба да се постават на здрави нозе зашто „Скопје 2014“ може да се види и во другите градови во Македонија. После најавата на Владата за ревизија на проектот, стручната јавност очекува дека таа нема да биде само за иконографијата, туку за вистинските перформанси на градбите. ResPublica видео поткаст со Минас Бакалчев, професор на Архитектонскиот факултет и Мартин Паноски, претседател на Асоцијацијата на архитекти.

Повеќе
  96 Кликови
  0 Коментари

Новата влада да води зелена економија

Отворањето на рудници во југоисточна Македонија воопшто не е оправдано зашто ќе бидат темпирани еколошки бомби. Од другата страна на државата, Шара треба да се прогласи за национален парк заради нелегалното сечење дрвја и лов на дивеч и неконтролираното пробивање патишта и градење куќи и хотели. Новата влада треба да води т.н. зелена економија, која ќе овоможи приходите од искористувањето на природните ресурси да ја унапредуваат животната средина, а не да профитираат само мал број луѓе. За еколошките приоритети во државата, во ResPublica видео поткаст зборуваат Антонио Јованоски од еколошкото-младинско здружение „Гоу Грин“ и биологот Кирил Арсовски.

Повеќе
  93 Кликови
  0 Коментари

Учебникарството мора да се ревидира

Додека учениците се уште чекаат дали ќе имаат екстерно тестирање, просветните работници посочуваат дека еден од приоритетите на новата влада е ревидирање на содржините во учебниците кои промовираат дискутабилни вредности. Зошто надлежните комисии замижуваат пред очигледните пропусти, со коишто (не)свесно се поттикнува граѓанска сервилност и идолократија кон авторитети? За квалитетот и одржливоста на досегашните образовни реформи, во видеопоткастот на #ResPublicaMK разговараме со Сафет Незири, државен советник во Министерството за образование и со Душко Стојановски, професор во гимназија.

Повеќе
  109 Кликови
  0 Коментари

До каде оди силата на граѓанските иницијативи?

Што откако ќе заврши собирањето потписи и гласањето на референдум? Дали надлежните се обврзани да ги почитуваат желбите на гласачите и дали актуелниот политички ќор-сокак е закана за задоволување на барањата на гласачите? Прашањата се актуелизираат по неколку спроведени иницијативи за собирање потписи и референдумот во Гевгелија. Граѓаните со своите практични барања од една страна, а политичарите заглавени во маратонски седници со реплики и контра реплики. Каде е излезот? На оваа тема во ResPublica видео поткаст дискутираат Драган Гоцевски, професор на Правниот факултет и Сузана Стојановска од Координативното тело на граѓанската иницијатива „5 до 12“.

Повеќе
  106 Кликови
  0 Коментари

2021-ва e идеалната година за следниот попис

Пред 2021-вата година не ќе бидат доволно созреани условите да се спроведе пописот на населението и домаќинствата. Ова треба да се има предвид кога паралелно со долготрајната политичка криза повторно се појавија барањата за спроведување попис. Овие барања сега имаат главно една политичка цел – да се утврди колку граѓани од албанската националност живеат во Македонија, за потоа статистичките показатели да се употребат во политичката борба. ResPublica видео поткаст со универзитетските професорки Благица Новковска и Шенај Хаџимустафа

Повеќе
  85 Кликови
  0 Коментари

Пост-модерниот популизам доби ново руво

Една од карактерстиките на популизмот е дека е феномен кој живее во сите епохи на политичката историја и дека е особина која е се „крие“ во сите бои на политичкиот спектар – и кај левите и кај десно ориентираните политички идеологии. Единствената разлика е во тоа што во некои периоди бил повидлив, а во други во втор план. За популизмот и за разликата помеѓу десничарскиот и левичарскиот популизам, за тоа дали постои теорија на популизмот или сето тоа има многу повеќе врска со одредено расположение и емоција, како и за лицата на популизмот, разговоравме со Д-р Али Пајазити, професор на Универзитетот ЈИЕ и Љупчо Петковски, постар истражувач во Евротинк – Центар за европски стратегии.
Разговорот го водеше Зоран Бојаровски, новинар

Повеќе
  115 Кликови
  0 Коментари

Политичарите недоволно го користат потенцијалот на социјалните мрежи

Граѓански иницијативи добиваат гласност бидејќи иницијаторите умно ги користат новите медиуми и социјалните мрежи. Но, дали и колку политичарите се умешни во ваквиот начин на комуникација?

Од политичките лидери во Македонија, само лидерот на СДСМ Зоран Заев има личен профил, покрај фан-страницата. Најследен политичар кој има фан-пејџ е претседателот ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со над 220 илјади следбеници. Дали социјалните медиуми се електронски службен весник на политичарите или канал за поблиска комуникација со граѓаните? На овие прашања во ResPublica видео поткаст дискутираме со Славица Биљарска, магистер по односи со јавност и Слободан Јаќоски, твитерџија и еден од основачите на Википедија на македонски јазик.

Повеќе
  86 Кликови
  0 Коментари

Политичарите им ја украдоа улогата на сатиричарите

Политичарите со своето поведение им ја украдоа улогата на сатиричарите. Не може да се направи хумор од хумореската која се одвива во живо. Изминатите години беа тежок период за политичката сатира, бидејќи традиционалните медиуми се затворени и уплашени, некои емисии исчезнаа, а тоа ги избрка сатиричарите на интернет. ResPublica видео поткаст со Сашо Кокаланов од порталот КозаНостра.нет и Бранко Огњановски, фронтменот на Фчерашни новости.

Повеќе
  114 Кликови
  0 Коментари

Јавен долг - неодржлива пaтека и нетранспарентна Влада

Јавниот долг на РМ изнесува околу 4 милијарди и 830 милиони евра. Од крајот на 2010 година до денес, тој растел за 1,3 милиони евра дневно, 54 илјади евра на час или 16 евра во секунда. Иако Република Македонија засега ги надмирува своите обврски за враќањето на јавниот долг, патеката по која се движи е неодржлива. Важно е и како Владата ги троши и управува парите, а во тој дел бележи пад во транспарентноста. Наредната влада мора да биде потранспарентна и да ги преиспита стратешките цели на буџетските корисници. Приоритетите за трошењата од јавниот долг и за идниот развој треба да се определат заедно со синдикатите, работодавачите и граѓанскиот сектор. ResPublica видео поткаст со Марјан Николов од Центарот за економски анализи и Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи на Македонија.

Повеќе
  91 Кликови
  0 Коментари

Како се трошат студентските пари?

Финансискиот извештај на Студентскиот парламент за 2014 и 2015 година покажал дека околу 43.000 евра се потрошени за лични патувања во Русија, Азербејџан, Грузија..., за телефонски разговори и до 1.000 евра, за организирање забави, па дури и за купување виски. Иако Студентскиот парламент е регистриран како невладина организација, сите студенти мораат да уплаќаат на неговата сметка, а не знаат како се трошат нивните пари. Оваа студентска организација не ги поддржува студентите за учество на меѓународни натпревари, семинари и други настани, па тие се приморани да се финансираат сами. ResPublica видео поткаст со студентите на УКИМ Теодора Столевска и Горан Таневски.

Повеќе
  62 Кликови
  0 Коментари

Затајува превентивата за заштита од непогоди

Затајува превентивата за заштита и спасување од елементарни непогоди. Не се почитуваат протоколите при делување во криза и при изградба на инфраструктурата. Граѓаните не се едуцирани за самоспасување и не се соодветно информирани во случај на непогода. Судир на надлежности на државните институции и некоординираност при справување со последиците на терен. Дали Македонија има ефикасен кризен менаџмент и превентива? ResPublica видео поткаст со Ивица Наумовски од Дирекцијата за заштита и спасување и со Ѓорѓи Тодоров, сообраќаен инженер.

Повеќе
  90 Кликови
  0 Коментари
  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил. Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите. Повеќе

  • 1

 

Следете не