Елена Гаговска е писателка, истражувачка и новинарка која има завршено на факултетот Bard College Berlin, а моментално живее во Скопје. Ја интересираат и пишува за различни политички теми како што се интерсекциски феминизам, лево ориентирана политика, анти-расизам, работнички и ЛГБТИ права. Редовно објавува текстови на феминистичката платформа „Медуза“, а била објавена и на многу други домашни и странски медиуми како Women's Media Center, Summer of Solidarity и Jacobin magazine.