fbpx

Децата копираат систем на неказнивност

По „Јавна соба“ продолжува низата на девијантни појави кај нашите деца, сега со „Гладијаторските мечеви на малолетници“. Кога системот на социјална контрола и санкција е затаен во институциите и во семејството, насилното однесување на децата е очекувано, смета социологот Надица Таневска Јанева. Во поткастот за РесПублика, психологот Горан Шоткаровски посочува дека решението треба да се бара во родителството базирано на доверба, но и во градењето на свеста за агресивното и насилно однесување во кое најголеми жртви се децата.

Повеќе
  313 Кликови
  0 Коментари

Да поминат изборите, па да зборуваме за укинување на „Пржинската влада“

По изборите во април, партиите да се договорат за напуштање на ад хок решението од 2016 г. за т.н. „техничка влада“, предлагаат Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и Александар Спасеновски, професор и поранешен пратеник од ВМРО ДПМНЕ. За Манчевски е нормално во предизборен период да има интензивиран политички амбиент, но тој е различен од политичката криза пред 4-5 години оти институциите функционираат. За професорот Спасеновски пак клучно е дека техничката влада не ја релаксираше поларизацијата и не придонесе за враќање на довербата во институциите, што беше и една од причините зошто се донесе. Гледајте РесПублика поткаст.

Повеќе
  443 Кликови
  0 Коментари

Бужаровска: Ни ги продаваат како биоразградливи кеси, а не се такви

Професорката од Технолошкиот факултет Александра Бужаровска укажува дека трговците ни декларираат биоразградливи кеси, кои всушност не се, оти суровината за вистинските разградливи кеси е 2-4 пати поскапа од онаа што ја користат нашите производители и увозници.

Повеќе
  1202 Кликови
  0 Коментари

Ивановски: Политичарите да не ветуваат поевтинување на комуналната такса

Филип Ивановски од Асоцијацијата за управување со отпадот при Стопанската комора вели дека градоначалниците, особено во предизборие, не треба да се плашат да им кажат на граѓаните, дека услугите за собирање на смет и управување со отпад чинат пари. Ако сакаме да имаме чисти улици, комуналната такса треба да биде меѓу 300-400 денари, наместо досегашните 200-300 денари.

Повеќе
  161 Кликови
  0 Коментари

Платнените торби се враќаат на „голема врата“

Пластичните кеси нема да бидат бесплатни и ќе се продаваат најмалку за 10 денари. Ова се предвидува со измените на неколкуте закони за управување за отпад во кој се допрецизира производството и дистрибуцијата на кесите за пазарење, што треба да стапат на сила догодина. Во Македонија годишно се употребуваат над 150 милиони кеси, а тоа се близу 2.000 тони пластика која најтешко се собира и останува на почвата како микропластика. Професорите укажуваат дека треба да се внимава што ни се продава како биоразградлива кеса, бидејќи кај нас како такви се декларираат и тие кои не се.

Повеќе
  870 Кликови
  0 Коментари

„ДА“ за гасификација во индустријата, но „НЕ“ за домаќинствата

Гасификацијата на домаќинствата не e исплатлива опција бидејќи до 2050 година гасот ќе треба да исфрли од употреба оти е фосилно гориво, смета реномираниот хрватски професор Невен Дуиќ. Според него, оправдано е да се инвестира за употреба во индустријата бидејќи во овој момент нема подобра алтернатива. Александар Дединец од МАНУ пак вели дека јагленот не е долгорочна опција за РЕК Битола. Во поткастот на РесПублика тој ја коментира „Енергетската стратегија“ со која се поттикнува инвестирање во обновливи извори на енергија, но и намалување на побарувачката преку енергетската ефикасност.

Повеќе
  1506 Кликови
  0 Коментари

Кои се предностите и слабостите на една изборна единица?

Моделот на една изборна единица би им гарантирал на помалите партии околу пет дополнителни пратеници во Собранието на сметка на поголемите партии. Меѓутоа, дали тоа ќе овозможи поголем плурализам во смисла на идеологија и теми коишто ги застапуваат. Дополнително, ако изборните единици се креираат за да претставуваат граѓани од еден географски регион, во тој случај со исклучување на географските региони, граѓаните ќе немаат конкретен претставник во Собранието, анализираат за ResPublica поткаст политиколозите Миша Поповиќ и Илина Мангова.

Повеќе
  285 Кликови
  0 Коментари

Силно Собрание наместо лидерски средби

Лидерските средби повеќе не се начин на кој треба да се решаваат проблемите. Од пратениците не се очекува да имаат само гласачка функција, туку и да ги претставуваат нивните мислења во работните групи во министерствата кога се подготвуваат предлог-закони, а не надвор од институциите, коментираат за ResPublica поткаст политиколозите Миша Поповиќ и Илина Мангова.

Повеќе
  812 Кликови
  0 Коментари

Наместо нов изборен модел, пратеници независни од партиските лидери

Со сегашниот изборен модел пратениците не можат сами да си го обезбедат својот мандат, туку пред сѐ зависат од лидерите на партиите и тоа предизвикува централизираност како на Собранието, така и во политичките партии. Дали нов изборен модел ќе обезбеди понезависни пратеници и Собрание или е неопходна внатрепартиска демократија? Во ResPublica видео поткаст разговаравме со политикологот Миша Поповиќ и Илина Мангова од Меѓународниот републикански институт.

Повеќе
  1303 Кликови
  0 Коментари

Османи: „Рекет“ ни се погоди да ни биде лакмус тест

Вицепремиерот Османи најавува историски октомври и добивање на датум за преговори и покрај аферата „Рекет“ и згаснувањето на СЈО без судски разрешници за главните случаа за кои беше и формирано. Тој е оптимист дека успеале да ги убедат европските партнери дека криминалци има секаде но и дека државата се справува со нив. Од невладиниот сектор се претпазливи во оценките и наведуваат дека е многу важно „Рекет“ да добие завршница, затоа што за главните земји во ЕУ – владеењето на правото е клучен приоритет.

Повеќе
  1443 Кликови
  0 Коментари

Јовески: Случајот „Рекет“ е приоритет за Јавното обвинителство

„Катица Јанева досега не е повикана на распит во Јавното обвинителство“, вели републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески. За ЈО „Рекет“ е приоритетен предмет, а за Марко Трошановски од Институтот за демократија овој случај е клучен тест за враќање на довербата во правната држава која е во континуиран пад, но и параметар од кој ќе зависи евроатлантската перспектива на земјата.

Во августовскиот поткаст на РесПублика разговаравме дали има доволно волја за расчистување со високата корупција во земјава и кои се петте чекори што треба итно да се преземат за владеење на правото. Диксутиравме и за недостигот од финансиски и човечки капацитет на ЈО за ефикасни истраги, за новиот Закон за јавно обвинителство и за предлогот за ветинг на обвинителите.

Повеќе
  1539 Кликови
  0 Коментари

Јовески: Јанева не е повикана на распит

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески уверува дека обвинителството до крај ќе го расчисти случајот „Рекет“ и дека сите инволвирани ќе одговараат. Специјалната јавна обвинителка во оставка Катица Јанева не е повикана на распит, но доколку има потреба, ќе ја повикаат, вели Јовески. Гледајте го видео поткастот со јавниот обвинител Љубомир Јовески и Марко Трошановски од Институтот за демократија што ќе го објавиме утре, (петок).

Повеќе
  1793 Кликови
  0 Коментари

Пратениците упорно бараат дислоцирање на обложувалниците

Барањето на пратениците на ДУИ за дислокација на казината и обложувалниците, на 500 метри подалеку од образовните, културните и верските институции и објекти, ќе остави без работа 7.700 луѓе и околу 118 мил. евра покус буџет, вели Васко Илијевски од Асоцијацијата на спортски обложувалници во земјава.

Предлагачот на законските измени, пратеникот Реџаил Исмаили од ДУИ, во поткастот на РесПублика вели дека токму лесната достапност на објектите за игри на среќа го зголемуваат ризикот младите да станат зависни од обложување.

Повеќе
  1347 Кликови
  0 Коментари

Шилегов: Нема поголем стручњак за забавни паркови од другар ми Франко

Фирмата на другар ми Франко е најдобра за забавни паркови во Европа – вели скопскиот градоначалник откако Градот го прифати подарениот проект на Италијанецот. Шилегов уверува дека со зголемениот обем на посетители во паркот нема да се предизвика хаос и оти експерти веќе работат на студија за нови сообраќајни решенија во целото градско подрачје.

Повеќе
  1970 Кликови
  0 Коментари

Раѓеновиќ: Забавен парк од ваков обем е на несоодветна локација и го блокира сообраќајот

Што ќе се случи кога 3.000 посетители ќе има на стадионот и исто толку во паркот? - прашува архитектката Сања Раѓеновиќ Јовановиќ во дебатата со скопскиот градоначалник.

Повеќе
  1859 Кликови
  0 Коментари

Архитектите предупредуваат дека „Светот“ на Шилегов ќе донесе сообраќаен хаос

Новиот забавен парк ќе се гради во Градскиот парк оти локацијата е позната и веќе е инвестирано во партерно уредување, вели скопскиот градоначалник Петре Шилегов во видео поткастот на РесПублика. Дислокација на друго место, според него, би значела изработка на нови планови кои ќе го одолговлечат процесот.

Архитектката Сања Раѓеновиќ Јовановиќ го предупреди градоначалникот за ризикот од уште поголем сообраќаен хаос, бидејќи локацијата е несоодветна за волку голем парк. „Сообраќајната полиција го регулира приодот кога 3.000 посетители има на стадионот. Што ќе биде кога толку луѓе ќе има и во паркот?“ прашува архитектката. Шилегов уверува дека решението е во студијата што во моментов ја изработуваат соообраќајни инженери од битолскиот факултет. Но, замоли за трпение од целата јавност и воздржување од пребрзо судење.

Повеќе
  1817 Кликови
  0 Коментари

Дали моето дете е зависно од видео игри?

Светската здравствена организација ја прогласи зависноста од видео игри како ментално нарушување, а Американската асоцијација на психијатри го спореди нејзиниот интензитет сличен како зависноста од коцкање, пушење, наркоманија.

Во Македонија недостасуваат истражувања за да видиме дали имаме зависници од видео игри, и покрај тоа што оваа брзорастечка медиумска индустрија масовно намамува и возрасни и деца. Во видео поткастот со психологот Јорданка Черепналкова - Трајкоска од Македонската асоцијација за применета психологија и гејмерот Блаже Минов отвораме дебата дали е оправдано демонизирањето на „гејмингот“ или пак ова хоби има и позитивни последиции. Но, дискутираме и за симптомите за зависност.

Повеќе
  1229 Кликови
  0 Коментари

Превентивен синџир за успешно справување со депресија

Депресијата не е слабост на карактер, и постојат повеќе психолошки и психијатриски пристапи за успешно справување со неа, посочуваат д-р Ана Филипче, психијатар и Цеце Рангелова педагог од гимназијата „Горѓи Димитров“.

Повеќе
  399 Кликови
  0 Коментари

Како да се препознаат депресивните адолесценти?

Одредени животни околности се клучните фактори за зголемен развој на депресивна состојба, кај возрасните, но и кај адолесцентите и децата. Клиничката слика кај адолесцентите најчесто е замаскирана, посочува д-р Ана Филипче, психијатар. Затоа училишните служби се фокусирани на навремено препознавање на овие промени, и пријавување кај семејството на ученикот и заеднички да се премине кон процес на набљудување - вели Цеце Рангелова педагог од гимназијата „Горѓи Димитров“.

Повеќе
  1480 Кликови
  0 Коментари

И децата страдаат од депресија

Според Светската здравствена организација депресијата до 2020 година ќе биде втор глобален проблем, односно прв проблем кај женската популација. Оваа клиничка состојба во последниот период е присутна и кај генералната популација, меѓутоа и кај адолесцентите поради стресниот и брз начин на живеење, поради тоа што сме изложени на многубројни стресогени ситуации, кои можат да се јават како фактор кој што тригерира појава на депресија, вели д-р Ана Филипче, од Клиниката за психијатрија. Педагогот Цеце Рангелова потенцира дека превенцијата која што ќе го опфати системот на здраво родителство, здраво образование и институции подготвени да прифатат доколку постои некаде проблем е начин како ја заштитиме младата личност од таква состојба.

Повеќе
  3089 Кликови
  0 Коментари
  • Блогирај +

    Приклучете се кон тимот соработници и предложете тема или испратeте текст, со Ваша фотографија и куса биографија на info@iks.edu.mk.Повеќе

  • Насоки +

    Текстовите треба да имаат помеѓу 900 и 1300 зборови и да бидат напишани во куси пасуси, во разбирлив и неформален стил. Повеќе

  • Преземи +

    Содржината на блогот е слободна за споделување и читателите можат да оставаат разумни и конструктивни коментари на блоговите. Повеќе

  • 1

 

res anketa 

 

 

Следете не